Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Од 1 мај ќе паднат цените на Интернет и фиксна телефонија на Телеком

Агенцијата за електронски комуникации од 1 мај годинава ги намали цените на фиксните големопродажни услуги на „Македонски телеком“ за завршување на повик во фиксната телефонија, за пристапот до фиксна мрежа и за широкопојасен интернет.

Намалувањето на големопродажните цени за завршување на повик во фиксната телефонија е за околу 25 отсто, големопродажната цена за пристап до фиксна мрежа ќе се намали за скоро 37 отсто, односно од 331 на 210 денари, а намалувањењто на широкопојасните големопродажни услуги за интернет во просек ќе изнесува 27 отсто. Според директорот на АЕК Роберт Ордановски, намалувањето на големопродажните цени индиректно ќе предизивика и намалување на малопродажните цени кои ги плаќаат граѓаните, но и подобрување на канкуренцијата и влез на нови инвеститори на пазарот. Тој смета дека претходните цени не овозможувале влез на алтернативни оператори, а сегашните цени кои се најмали во Европа ќе овозможат услови за сериозен влез на алтернативни оператори во фиксната телефонија за нудење услуги од фиксниот говор и од фиксниот интернет со акцент на широкопојасниот интернет. „На овој начин очекуваме мрежата на ’Македонски телеком‘ да биде максимално искористена од алтернативни оператори кои со новите цени ќе имаат сериозен финансов показател да ја користат таа мрежа до крајните корисници. Воедно очекуваме да се развие пазарот на фиксна телефонија во Македонија и максимално да се либерализира“, рече Ордановски. Тој најави дека наскоро ќе има и нови цени за терминација во мобилната телефонија и додаде дека неделава на веб-страницата на АЕК ќе биде објавена финалната верзија на Стратегијата од 2012 до 2016 година во која детално ќе бидат опишани сите потези на АЕК во наредните пет години. И министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, смета дека со овој потег ќе се овозможи влез на нови оператори во Македонија, допонителна либерализација на телекомуслугите, како и нови фиксни, интернет и алтернативни оператори со цел граѓаните да добијат поквалитетни услуги за пониски и подостапни цени. (Ек.Р.)
Превземено од Утрински весник
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #82
http://maxtv.mk/mk/198/Paketi.html

Отсега и двата 3 Max Start/3 Max Comfort со неограничен пристап на интернет.

(За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер од 300 GB месечно. По надминување на вклучениот интернет сообраќај, брзината на пристап се намалува на 768Кbps/768Кbps.)

:jupi: :jupi: :jupi: 1.499 ден.

Само ме интересира доколку некој знае. Ова е за новите корисници, или може да се обнови со обновување на договор.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
ЕП2012 во фудбал и Олимписките Игри во HD резолуција
Сите корисници на MaxTV, од денес на каналот 700, ќе може да ги следат натпреварите од Европското Првенство во фудбал, во рамки на програмата на првиот канал на Македонската Телевизија, во висока резолуција (HD).

На истиот канал летово, ќе може да се следат и Олимписките Игри во Лондон.

Доколку ги немате направено потребните подесувања, погледнете го Упатството за подесување на HD и размер на екранот.
Само што врска си нема ,oва не е HD 434534 :off:
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
^
Мислам дека MaxTV сега не е виновна. Каков сигнал МРТ ќе пушти, таков они нудат. Проблемот повеќе од очигледно е дека е кај МРТ.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
^

И јас сакав ова да го спомнам.

Незадоволството од HD сигналот на МРТВ е присутно кај корисниците на сите кабелски и дигитални оператори, што значи дека проблемот не е кај операторите, туку кај МРТВ.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Не ми е јасно како можеше за Светското и Лига на шампиони МaxTV да има одличен HD сигнал а сега за Европсково да зезаат ?

Но било да е до Мтв или МaxTV нека средат пошо глупаво е да има HD канал а нема пренос таков
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Макс тв додаде нов канал во нивната понуда. EuroNews [на 655], достапен за корисниците на 3 Max Start и 3 Max Comfort!

али стварно не требало канал за вести ,можеле некој филмски,спортски,музички од вести веќе ми е преку глава :off:
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Тој канал го има и на Близу, всушност на Близу има доста добра понуда од спортски канали Еуроспорт 1 и 2, Спорт клуб двата канала, ESPN :).
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
^
И Макс тв ја има истата понуда од спортски канали

Еurosport 1
Eurosport 2
Eurosport news
Espn
Espn classic
Sport Klub
Sport Klub+
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
^
ниту blizoo ниту пак MaxTV ја имаат ESPN.
blizoo ги има ESPN America и ESPN HD, MaxTV пак ги има: ESPN Classic и ESPN America.
Иначе овие од MaxTV понекогаш немаат воопшто вкус, важно они ставиле, а кој ќе гледа тоа не е важно.
Според мене, најдобри се Телекабел, ама штета ги нема во мојата населба.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Стефан напиша:
^
ниту blizoo ниту пак MaxTV ја имаат ESPN.
Eпа нема ни да го имаат пошо тој канал има доста спортски натпревави откупено а ако ја има и во Македонија би била со претплата и сигурно би била поскапа од Sport Klub
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
M@RKO напиша:
Стефан напиша:
^
ниту blizoo ниту пак MaxTV ја имаат ESPN.
Eпа нема ни да го имаат пошо тој канал има доста спортски натпревави откупено а ако ја има и во Македонија би била со претплата и сигурно би била поскапа од Sport Klub
Колку што знам, само ESPN America, ESPN Classic и ESPN HD имаат права за во Р.Македонија. Другите типови на ESPN немаат. Така да, никогаш нема да ја има.
Убаво би било и на MaxTV да ја има ESPN HD, а не само на blizoo.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
доволно е ESPN America, ESPN Classic и ESPN HD

на ESPN Classic има стари ретро спортски натпревари уште од времето на црнобелата слика добро за да видиш како било некогаш :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
државна телевизија на Република Црна Гора на МaxTV но сателитскиот програм
Под реден број 74 :smizla:
Се извинувам што пишувам пост врз пост ,ако можете спојте ги заборавив на ова
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
На Макс тв ќе ги има сите натпревари од Лига на Шампиони и Лига Европа достапни на сите 4 канали од Arenasport / HD и МТВ 1 / HD
се вртат од денес инфо канали со реклами и најава на натпреварите од Лига на Шампионите

Но дали ова ќе биде само додека траат натпреварите на Лига на Шампиони и Лига Европа или ќе ги стават засекогаш целосно програмите на Arenasport останува да видиме

Maкс тв на фејсбук пишаа дека ова ќе е промотивно до крајот на септември!
 

Carpenter

Нов Член
4
0
1
Сакам да ги замолам одговорните во Макс тв да го исклучат програмскиот водич за македонските канали бидејќи во него пишува едно а на програмата е нешто сосема друго. Тоа е исто како на некоја автобуска станица да е поставен неточен возен ред. Затоа мое мислење е дека е подобро да го нема отколку да стојат погрешни информации. Со странските канали е се во ред....ако пишува дека нешто понува во 5 часот, почнува во 5...дури и саатот можеш да си го наместиш според тоа :)...Знам дека проблемот е во несериозноста на нашите телевизии кои често ја менуваат програмската шема и не вршат ажурирање на промените.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
^

ТВ водичот на MaxTV вообичаено е неточен кај македонските ТВ канали, но не секогаш, а што се однесува до снимањето на ТВ содржини, истото може и рачно да се закаже, без употреба на ТВ водичот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Гледам во последно време се трудат колку толку да биде точен програмскиот водич арно ама некогаш знае и да е неточен или ич да не го пишат само да пишува името на тв каналот и часот па изгледа многу неубаво
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Од денеска за корисниците на optic пакетите, се достапни каналите Eurosport HD (под реден број 707) и Eurosport 2 HD (под реден број 708). Уживајте во спортот на совршена HD-слика.

 
Top