Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Македонски телеком и Т-Мобиле остануваат лидери на телекомуникацискиот пазар

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција на пазарот и во третиот квартал од годинава, покажуваат консолидираните финансиски резултати во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Во овој период од годината компаниите бележат пораст на IPTV корисници и зголемен број на DSL корисници. Нето-добивката изнесува 1,88 милијарди денари.Приходите од Интернет и од дигиталната телевизија преку интернет-протоколот (IPTV) се зголемени за 3% во споредба со третиот квартал од минатата година. Фокусот на double и triple play пакетите резултирал со зголемен број на DSL корисници за 6,1%, со што до крајот на септември годинава имале 167 илјади корисници. Забележителен е и пораст на IPTV корисниците, со тоа што на крајот на септември имале 58 илјади, што претставува зголемување за 63,9% во споредба со септември минатата година.

Нето-добивката за третиот квартал од годинава на ниво на групација е зголемена за 21,9% во споредба со минатата година, како резултат на зголемените останати оперативни приходи и расходи поради трансакцијата за купопродажба на недвижности со размена, што резултирало со нето-добивка од 1,88 милијарди денари за кварталот и нето-добивка од 3,65 милијарди денари за првите девет месеци од 2012 година.

Приходите од говорните услуги во фиксниот сегмент се намалени за 7,6% во споредба со истиот квартал лани, но со 294 илјади корисници, како што информира Македонски Телеком, сè уште ја имаат водечката позиција. Намалување на приходите е забележано и кај мобилната телефонија, но и тука со 1.227 илјади корисници Т-Мобиле останува лидер на пазарот.
Извор: Капитал
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Денеска видов имаше нов канал со реден број 800 со име на тв каналот инфо канал а на сликата имаше дека е од некој дополнителен тв пакет што се наплаќа ,после тоа влегов во мозаиот каде што се појавуваат сите тв канали во мали ккоцкички го имаше истиот канал но со црна слика и со име HRT blackout

Дали тоа Макс тв тестираат некој од новите HRT канали ,или ќе ни го вратат HRT 1

Што и да е очекуваме одговор од нив :)
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #104
Оо фала богу да е такво нешто, редно беше веќе :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Travel channel ќе биде HD ,и тие HD канали ќе ги стават во пакетот со оптички интернет ,а јас баш се надевав дека ќе го гледам тој тв канал и во 3 макс пакетот :ehh:


MaxTV е лидер на тв пазарот!

Македонски Телеком ја надмина бројката од 70.000 MaxTV корисници

Во 2012 година регистрирани се 66.541 корисник на IPTV, што претставува пораст за 66 отсто во однос на 2011 година

Промотивна понуда за сите MaxTV корисници – еден месец бесплатно HBO пакет и Max Sport + пакет


Со својата уникатна MaxTV услуга, Македонски Телеком постигна изворедни резултати на пазарот. Македонски Телеком веќе ја надмина бројката од 70.000 MaxTV корисници. За само четири години постоење и во услови на голема конкуренција, MaxTV стана лидер на тв пазарот!

Брoјот на MaxTV корисници секојдневно се зголемува, пред сè како резултат на интерактивните карактеристики, квалитетот на сликата, големиот број на тв канали и достапните содржини. Огромен пораст е забележан и во изминатата 2012 година кога се регистрирани 66.541 корисник на MaxTV услуга, што претставува зголемување за 66 отсто во однос на 2011 година, кога се евидентирани вкупно 40.129 корисници на IPTV. Од вкупниот број на MaxTV корисници во 2012 година, 11,5 отсто се поврзани преку оптика, уживајќи на тој начин во неограничените можности на најнапредната технологија.

Македонски Телеком со цел да ја награди лојалноста, обезбеди поволност за сите MaxTV корисници. Па така, постојните корисници на 3 Max, 2 Max и Family Max пакетите кои не користат HBO пакет или Max Sport + ќе можат да ги активираат во периодот од 15 февруари до 1 април и бесплатно да ги гледаат еден месец. Оние корисници кои веќе ги имаат активирано HBO или Max Sport + пакетите, исто така ќе ги добијат еден месец бесплатно.

„Ексклузивна понуда на содржини, неспоредливиот квалитет на услугата и функционалностите, одличната комбинација со останатите телекомуникациски услуги е она што MaxTV го прават водечка тв услуга на пазарот. Со многу труд и максимално вложување на сите компаниски ресурси успеавме да ги престигнеме конкурентите кои на ова поле работат повеќе од 20 години. MaxTV е услуга која квалитативно го измени корисничкото искуство и која недвосмислено нѐ диференцира од конкуренцијата. Лидерската позиција на пазарот е голем успех за целата компанија, но истовремено тоа е обврска да продолжиме во развој и подобрување на услугата на задоволство на сите наши сегашни и идни корисници, правејќи го сервисот недостижен за конкуренцијата“, изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком, Даниел Сас.

Големата доверба на корисниците ќе биде мотив повеќе во наредниот период Македонски Телеком да се фокусира и со засилено темпо да ја збогатува и унапредува MaxTV услугата, со што секогаш ќе биде чекор пред конкуренцијата. Во насока на понатамошно подобрување на корисничкото искуство, во план е да се унапредат функционалностите на MaxTV, да се воведат нови апликации, да се обезбедат дополнителни тв содржини, но и да се направи MaxTV достапен од кое било место и преку сите уреди: персонален компјутер, лаптоп или мобилен телефон.

Дополнително, следејќи го интересот и барањата на корисниците, изборот на тв канали ќе се прошири со нови меѓу кои: 24Kitchen, англиската верзија на France 24, Hayat TV , FOX channel, како и Travel channel HD и Auto Moto Sport HD.
Текстот е копиран од Идивиди
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Макс тв дури вчера поднела брање во СРД за новите тв канали кој ги најави пред почетокот на месецов
Барање бр.11-60 од 12.03.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.39 на Македонски Телеком АД Скопје.
http://www.srd.org.mk/index.php?option= ... 93&lang=mk
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #109
Од денес 24 Kitchen и FOX. Thanks God.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Fox Crime e заменета со Fox ,заменета е од самите Fox,бар така пишаа Макс тв .

Сепак фала им ,се изначекавме за овие два канали . Уште Fox Movies да ја стават и да се комлетира сега за сега Fox пакетот бесплатни канали .
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
M@RKO напиша:
Fox Crime e заменета со Fox ,заменета е од самите Fox,бар така пишаа Макс тв .
Демек FOX Crime целосно ќе се укинел, повеќе нема постои, тоа сакаа да кажат господава?
Е ај нека ми објаснат како тогаш во Словенија, Хрватска и Србија излезе HD верзија на сите FOX канали, вклучувајќи го и FOX Crime HD? Што само во Македонија ќе престане да се нуди?!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Вчера ја ставија Менада во Тетово .
Кај најдоја баш тој канал ,можеа за сите корисници во цела Македонија да стават некој од каналите кој ги ветија уште пред 2-3 месеци . Покрај тие што ги понудија Фокс , 24 Кичен требаше и Травел тв а и некој си Мотор спорт некој канал но сеуште не ги ставиле.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
M@RKO напиша:
Вчера ја ставија Менада во Тетово .
Кај најдоја баш тој канал ,можеа за сите корисници во цела Македонија да стават некој од каналите кој ги ветија уште пред 2-3 месеци . Покрај тие што ги понудија Фокс , 24 Кичен требаше и Травел тв а и некој си Мотор спорт некој канал но сеуште не ги ставиле.
Тој каналот за мотори што ќе е во ХД имаат одобрение од СРД на една од претходните седници, незнам што изведуваат.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Се знае што изведуваат.

Експериментираат за да видат уште колку време ќе можат да им продаваат магла на гледачите.

Кога ќе забележат пад на бројот на корисници на MaxTV и пад на профитот од MaxTV, а истовремено зголемување на бројот на корисници и на профитот кај останатите телевизиски оператори, ќе ги пуштат тие нови ТВ канали за да го оправдаат непроменетиот износ на месечната претплата.

Или можеби ќе донесат одлука која тешко ќе им падне на срце од типот на намалување на месечната претплата за смешни 100 или 200 денари помалку, истовремено пуштајќи ги тие нови ТВ канали, со надеж дека ако не им се зголеми бројот на корисници на MaxTV и профитот од MaxTV, барем нема да им се намалат истиот тој број на корисници и истиот тој профит.

А конкуренцијата, веќе познато, ја заболе за интересите на корисниците, ОНЕ си ужива загарантиран технички монопол кај терестријалната дигитална телевизија, Близо веќе ги намалија цените на месечните претплати, иако за волја на вистината, ТВ каналите кои ги нудат не се баш нешто интересни, а и квалитетот на услугата не е нешто значително подобрен, но сепак не им се намалува бројот на корисници.

Па така, сите телевизиски оператори се задоволни и си тераат свои правила на игра и си остваруваат профит, додека на гледачите останува да бараат алтернатива преку сателитска телевизија, со која за жал не се добро запознаени, или да ги бараат интересните ТВ содржини на Интернет.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Сеуште не се знае дали ова е точно или е некоја грешка од нивна страна само се шпекулира низ фејсбук страната на Макс тв дека ќе се пушти во целост Арена Спорт 1,2,3,4 и HD каналите во некој пакет со доплата .

Денес беше пуштена EPG (Програмската шема) на Арена каналите за да може корисниците да видат што се денес има на програмата.


A го пуштија и каналот Ал Џезеира Балкан :D
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #116
M@RKO напиша:
Сеуште не се знае дали ова е точно или е некоја грешка од нивна страна само се шпекулира низ фејсбук страната на Макс тв дека ќе се пушти во целост Арена Спорт 1,2,3,4 и HD каналите во некој пакет со доплата .
http://www.t-home.mk/mk/196/MaxTV/TV_kanali.html

Колку што гледам каналите веќе ги има и достапни се за сите во Max Start пакетот без доплата. А и вчера видов имаше програмска шема на тие програми, ваљда ни се вклчени веќе само кога ќе има натпревар ќе емитуват програма.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Во вториот квартал од 2013-та година (април-јуни), MaxTV е најкористена телевизиска платформа во Македонија. Кабелските телевизии кои беа водечки паѓаат со уделот, додека BoomTV по опаѓачката тенденција која започна во 2012-та, благодарение на агресивната промоција за дигитализацијата, повторно почна да се издигнува.

Уделот на „големата четворка“:

MaxTV 25,71%
Телекабел 20,22%
Blizoo 17,87%
BoomTV 17,53%
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

А читна ли колкава е редовната цена откако ќе поминат тие 2 бесплатни месеци ?

4.899 денари месечно за тие кои ќе користат само фиксна телефонија и оптички Интернет,

односно

4.799 денари месечно за тие кои ќе користат и фиксна телефонија и оптички Интернет и MaxTV во заеднички пакет !!!

Нема посебен пакет кој нуди само оптички Интернет без фиксна телефонија.

Да, Ти-Хоум дефинитивно и понатаму нудат најквалитетни телекомуникациски услуги на национално ниво во Република Македонија, но цените им се изгор.

А се почесто читам дека блокираат симнување на торенти за корисниците на нивните Интернет услуги.

За што оптичката мрежа ?

Слободно можат да си ги извадат тие оптичките кабли и да си ги напикаат во оној дел од телото кој никогаш не го изложуваат на Сонце, па дури и кога се на нудистичка плажа тешко е Сонце да го огрее тој дел.
 
Top