Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #121
Еве јас како редовен корисник веќе три години сум немал буквално никаков проблем ниту со интернет, ниту со опремата (освен еден рутер што ми прегори па ми го заменија за нов), ниту пак со нереални телефонски сметки. Нема да ги сменам во блиска иднина, интернетот ми е тоб за 1500 ден имам 300гб, 8мб/с, сосема доволно за моите интереси. Овој оптичкиот не видов цена, јес да е скапа, ама прв пат се воведува кај нас и нормално ќе трпи вакви цени а и сигурно помалку некој ќе го земе за домашна употреба, повеќе фирми би користеле вакво нешто, особено ИТ фирми.
 

Beauty

Администратор
49,870
61,871
113
И колку трошиш од тие 800 гига?
Мене од One ми се доста 40 гига.
Не знам порано како издржував со 3 :off: :haha:
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Јас ако можам уште утре би ги сменил ТХоме. Една минута разговор, 10 денари, па дури и повеќе, што е бре ова, мобилна телефонија. Па уште и триста такси, даноци и на крајот сметката за неколку стотки повеќе.
А исто договорот го имавме потпишано пред неколку години на сума од 1300, секоја година автоматски се продолжувал, а тие не немаа известено дека таков пакет повеќе не постоел, туку дека сега истиот чини 800 денари само треба да се префрлиме. Крадци и дебили. Само кога ќе помислам колку пати ја имаа намалено брзината заради надминување на лимитот, а ние сме плаќале исто колку пакетот кој нема лимит.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #124
Beauty напиша:
И колку трошиш од тие 800 гига?
300 не 800. 1500 ден е пакетот со телевизија, интернет и телефонија инаку 3 Max Start тој вториот. Колку трошам? Па зависи кога сум во Кавадарци постојано т.е еве распусти и до 150 гб месечн максимум ми е рекордот, а инаку по 40-50 генерално. :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Jaс користам Т Home оној пакетот 3 макс комфорд плус .Што има HBO,во фиксната телефонија 30% редовен попуст и бесплатни разговори кон 50 држави,ги имам Спорт Клуб и Арена Спорт каналите активирано .

Задоволен сум ,добро сега што се малку скапи скапи се ,ама тоа е . Сум имал 2-3 пати проблеми со интернетот ,телевизијата и рутерот но брзо ми го решавале проблемот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Сител од деновиве на Макс тв може да се премотува 2-3 часа наназад ,а гледам на ТV 100 ставиле избор за превод и на македонски ,но сеуште не видов ниеден филм да има превод на македонски .
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
На http://www.web.maxtv.mk/index.aspx програмата е многу назад, дали е така и на телевизијата? Знаев дека има неколку секунди разлика, ама на интернет се и до 2-3 минути разлика, можеби и повеќе.
Ама особено за време на Х-Фактор, на интернет доцнат и повеќе од 10-20 минути, не знам зошто е така.
Има смешни твитови за тоа:

на макств само што пееше елена ристевска на м2 потрага по ѕвезда

Пошто максТв ми е назад 2 песни. Сеа Алекса само на мене ми пее. Пушете. #ИзвиниДечкомиТеСакамПоише

Ја гледам на макств,касне ногу така да нејќам спојлери

Ако гледаш нешто преку МаксТВ не отворај Твитер, спојлери насекаде.

Се чекаат сега коментарите за Даниел од гледачите на МаксТВ :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Од секогаш на MaxTV доцнел сигналот.

Ако и на корисниците на оптичкиот Интернет на Ти-Хоум им доцни телевизискиот сигнал, тогаш Ти-Хоум дефинитивно имаат дебел проблем за решавање.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Чудно, и јас забележав дека на Икс Фактор многу доцни преносот, а мислам дека прееска ракометот на Web MaxTV беше синхронизиран со она што оди на BoomTV кај мене.
 

Gledy

Активен Член
655
160
43
Здраво народе сакав да прашам дали има некој начин да се гледаат каналите на http://web.maxtv.mk/index.html надвор од Македонија.. пред 7/8 месеци можеше да се гледаат само преку линкови (значи не директно на страната затоа што таму само алфа тв можеше да се гледа)..но откако го сменија плеерот сигурно и линковите се сменети така да не се знаат кој се новите и сите канали се блокирани за надвор од Македонија..така да ако ги знае некој новите линкови или ако има некој друг начин слободно нека ми пише..поздрав
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
На местото на Fashion tv ставиле друг канал за мода Fashion One кој има повеќе емисии одколку модни ревии. Се надевам ќе ја вратат Fashion tv но како плус канал па да има две канали за мода.

Кога може да стават повеќе канали за филм ,цртани,вести може и за мода да има.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
-на Македонски Телеком АД - Скопје, Потврда бр. 55 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Hayat Plus и Hayat Music.

Hayat Music e добар програм ,не е баш толку како DM SAT ,BALKANIKA... има музика од балканов но малку подобра за разлика од тој турбо фолк . Hayat имаат и Фолк канал ,таму им е таа музика фолк што често може да се види на повеќето балкански телевизии од србија и босна. Ова Hayat Music е подобро што ќе го стават Македонски Телеком.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Еден ден си направив мал моабет со Макс тв на фејсбук преку порака

им го пишувам на фејсбук Аxn Spin да го стават тие ми пишуваат
Здраво Марко, го гледав каналов и искрено да ти кажам, па и нема толку добра програма.
па јас им пишувам што за нив е добра програма тие ми одговараат
Добра програма е програма која има гледаност. А од досегашните анализи на гледаност, можам да ти гарантирам дека ќе има најмала гледаност.
Потоа им пишувам
епа еве гледана е Fox Crime (пишуваа доста коментари ваши корисници) вие ја исклучивте

исто така гледана е SK 3 -Sport klub Prime вие не ја пуштате

гледана е Травел тв вие уште ја немате пуштено во понудата

FoxMovies,CineStar TV каналите се гледани ама вие ги немате

има доста гледани канали повеќе и од АХN SPIN вие ги немате.

Единствено што ви е највеќе гледано се Арена Спорт ,HBO,Спорт клуб каналите.
и они ми враќаат
Несакам да те разочарувам но Fox Crime имаше слаба гледаност, Fox Movies има лоши филмови од осумдесетите, за Травел и за CineStar си во право, а за SK3 е осетлива тема
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Со "ти" ти се обраќаат и пишуваат во прво лице еднина? :okokoren: Или ти вака го имаш пишано тука? Ако ти пишале тие вака... Бум тв се доста попрофесионални во однос на таа тема, се обраќаат со Вие и пишуваат во име на ОНЕ. Муабетов ви е како меѓу другари, што мислам не е коректно од нивна страна.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Културата на Боом ТВ е најверојатно најдоброто што го можат наспроти тапа квалитетот на услугите кои ги нудат.

Од друга страна, кога кај Ти-Хоум културата би била најголемиот проблем би било супер, но освен културата, Ти-Хоум имаат и други проблеми, како што се високите цени на услугите кои ги нудат и недостапноста на нивната оптичка мрежа на целата територија на град Скопје и на Република Македонија.

Баш вчера дознав дека Ти-Хоум го стопирале проширувањето на оптичката мрежа во некои населени места, бидејќи тамошните жители дознале дека ако преминат од бакарната мрежа кон оптичката мрежа, по автоматизам ќе им бидат обновени договорите на уште 1 или 2 години. Дали така се договориле Ти-Хоум со месните заедници и/или со куќните совети на станбените згради, не знам, но факт е тоа дека жителите се незадоволни со ваквите договори, поради што ширењето на оптичката мрежа е стопирано во некои населени места.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
SomebodyUnique напиша:
Со "ти" ти се обраќаат и пишуваат во прво лице еднина? :okokoren: Или ти вака го имаш пишано тука? Ако ти пишале тие вака... Бум тв се доста попрофесионални во однос на таа тема, се обраќаат со Вие и пишуваат во име на ОНЕ. Муабетов ви е како меѓу другари, што мислам не е коректно од нивна страна.
Kaко што ми пишаа така и тука го пренесувам .

после ми пишаа и ова
Дали нешто можам да те замолам?
Јас им реков дека може но не ми пишаа ништо до сега .
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Абе што се жалите од односите на Оне и Т-Хоме, барем ви враќаат и можете пораки да им пишете, одите кај Близу да ве видам, само во коментари може да им пишете а ако ви вратат е чудо.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Стефан напиша:
Абе што се жалите од односите на Оне и Т-Хоме, барем ви враќаат и можете пораки да им пишете, одите кај Близу да ве видам, само во коментари може да им пишете а ако ви вратат е чудо.
T- Home си одговараат на коментари и пораки ,ама си одговараат најчесто со исти одговори.

Секогаш мене во порака ми пишуваат некој брз одговор колку само да пишат ,а пошо јас сум таков и им досаѓам увек ,се потрудија и нешто повеќе да ми пишат во порака деновиве.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Dexter26 напиша:
^

Културата на Боом ТВ е најверојатно најдоброто што го можат наспроти тапа квалитетот на услугите кои ги нудат.

Од друга страна, кога кај Ти-Хоум културата би била најголемиот проблем би било супер, но освен културата, Ти-Хоум имаат и други проблеми, како што се високите цени на услугите кои ги нудат и недостапноста на нивната оптичка мрежа на целата територија на град Скопје и на Република Македонија.

Баш вчера дознав дека Ти-Хоум го стопирале проширувањето на оптичката мрежа во некои населени места, бидејќи тамошните жители дознале дека ако преминат од бакарната мрежа кон оптичката мрежа, по автоматизам ќе им бидат обновени договорите на уште 1 или 2 години. Дали така се договориле Ти-Хоум со месните заедници и/или со куќните совети на станбените згради, не знам, но факт е тоа дека жителите се незадоволни со ваквите договори, поради што ширењето на оптичката мрежа е стопирано во некои населени места.
Зошто тапа квалитет? Мене ми се добри услугите, ем се ефтини, ем квалитетни, барем кај мене е така. Според мене, единствен проблем им се каналите. Немаат голем број на канали а велеја дека после дигитализацијата ќе им се ослободеле фреквенции и ќе ставеле уште плус канали. Ама еве, од тогаш додадоја само три-четири од кои два со доплата.

А, ова со Ти-Хоум... Јас мислев дека нивните услуги се достапни секаде, а тоа ни во Скопје не им биле достапни на сите. :neznam: Јас скоро една година сум корисник на услугите на ОНЕ и сум презадоволен. Како што кажав, нека стават повеќе канали и ќе бидат баш ОНЕ. :yes:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Очигледно не прочита добро што напишав - оптичката мрежа на Ти-Хоум не е достапна насекаде низ Скопје и низ Македонија, додека од друга страна, сите останати услуги на Ти-Хоум како што се ADSL Интернет и MaxTV се достапни на целата територија на град Скопје и на Република Македонија.

Оптичката мрежа која Ти-Хоум ја поставува низ Скопје и низ Македонија е технолошки новитет во глобални рамки, а Република Македонија е една од ретките држави во светот каде што масовно се врши покривање со оптички кабли.

Како за споредба, ОНЕ кои ја нудат Боом ТВ услугата, уште во 2006 година како тогашен Он Нет ја покрија целата територија на Република Македонија со безжичен Интернет, но сепак го ограничуваа Интернетот на максимум 10 гигабајти месечно, па 15 гигабајти месечно, па 30 гигабајти месечно, се до неодамна кога почнаа да нудат неограничен Интернет, брзината не им мрда над 1.2 мегабајти во секунда и не делуваат како да се заинтересирани за надградба на нивната веќе постоечка безжична мрежа за да можат да понудат побрз Интернет.

Ти-Хоум од друга страна, масовно инвестираат во својата оптичка мрежа, која секаде каде што е достапна, нуди огромни брзини и на симнување (download) и на качување (upload) на податоци почнувајќи од 4 мегабајти во секунда до неверојатни 100 мегабајти во секунда во споредба со максималните 1.2 мегабајти во секунда на ОНЕ и на обичниот ADSL Интернет на Ти-Хоум. За волја на вистината, оптичкиот Интернет на Ти-Хоум е поскап од обичниот ADSL Интернет, но тоа сигурно нема да остане така уште долго време, моја претпоставка е дека најрано до крајот на 2014 година, односно најдоцна до крајот на 2016 година цените значително ќе се намалат. Оптичкиот Интернет со себеси носи и повеќе HD канали за корисниците на MaxTV, а брзината на симнување (download) е еднаква со брзината на качување (upload), што е добредојдено од страна на гејмерите и фирмите кои имаат потреба од постојана Интернет врска помеѓу своите центри во повеќе градови. А тука се и BitTorrent симнувањата, кои се 4 до 6 пати побрзи благодарејќи на високата брзина на качување (upload), што секако дека е добредојдено од страна на секојдневниот Интернет корисник кој симнува преку BitTorrent протоколот.

Кога сме кај телевизијата, тука ќе кажам дека и Ти-Хоум и ОНЕ се лопови, дополнително наплаќање за спортски или за детски ТВ канали е кражба од невидени размери, додека кабелските телевизии ги нудат истите тие ТВ канали и преку аналоген сигнал и преку дигитален сигнал во стандардни пакети.

Но сепак, кога сме кај техничка поддршка и кај квалитет на услуга, дефинитивно повеќе ги препорачувам Ти-Хоум наспроти ОНЕ.
 
Top