^
А огромна е веројатноста во март 2012 јас да станам уште еден од тие кои од Ти-Хоум ќе се префрлат на Близо.
Во целост сум задоволен од врвниот квалитет на услугите и врвната техничка поддршка на Ти-Хоум, но воопшто не сум задоволен од превисоките цени и затоа огромна е веројатноста во март 2012 да се префрлам на Близо, за жал.
Велам за жал, бидејќи како нивни поранешен корисник на аналогна кабелска телевизија и на кабелски Интернет, воопшто не сум задоволен од квалитетот на нивната услуга, но ако се префрлам на Близо во март 2012, најверојатно ќе одберам пакет 3 до едно - Дигитална телевизија, кабелски Интернет и телефон, па ќе видам дали се подобрил квалитетот на нивните услуги после 2 години од кога ги баталив, иако само поплаки слушам за нив.