Dexter26
Добро-Познат Член
- 4,073
- 406
- 83
- Автор на оваа тема
- #81
Денес, недела, 17 јули 2016, на помалку од 5 недели од неговиот 95-ти роденден, почина македонскиот борец од НОБ, бранител на правата на борците, поранешниот министер за законодавство, заменик-претседател на македонското Собрание, судија во Уставниот Суд, претседател на Управниот Одбор на Радио Скопје и на МРТВ, професор на универзитетите Свети Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски, и носител на Партизанска споменица 1941, Трајче Грујоски.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=BA0E41BC74F9B041800A1950F7F08536
ПОЧИНА ТРАЈЧЕ ГРУЈОСКИ, БОРЕЦ, ПОЛИТИЧАР И ПРОФЕСОР
Почина Трајче Грујоски, носител на „Партизанска споменица 1941“
19 август 1921 - 17 јули 2016
Лесна му земја
нека почива во мир
R.I.P.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=BA0E41BC74F9B041800A1950F7F08536
ПОЧИНА ТРАЈЧЕ ГРУЈОСКИ, БОРЕЦ, ПОЛИТИЧАР И ПРОФЕСОР
http://www.libertas.mk/pochina-trajche-grujoski-nositel-na-partizanska-spomenitsa-1941/17.07.2016, 13:50
Носителот на „Партизанска споменица 1941“, министер во југословенската влада на Петар Стамболиќ и универзитетски професор, Трајче Грујоски почина денеска на 95 години. Последниве десетина години Грујоски, иако во длабока старост, стана дел од расправите во јавноста за развојот на демократијата во земјата и правецот по кој се движи Македонија. Со неговите текстови, објавувани и во „Утрински весник“, се обидуваше да придонесе Македонија конечно да зачекори на патот на прогресот и да се почитуваат демократските права на граѓаните. Беше остар бранител на правата на борците, не само поради тоа што и самиот беше учесник во НОБ од 1941 година, туку и за да не се омаловажи и потцени оваа најславна епопеја во македонската нација, која резултираше со создавањето на македонска држава.
Во неговите зрели години Трајче Грујоски беше министер за законодавство во Сојузниот извршен совет на чие чело беше Петар Стамболиќ, беше министер и во републичката влада, потпретседател на македонското Собрание, судија во Уставниот суд, претседател на Управниот одбор на Радио Скопје и МРТВ, а во исто време и професор на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“.
Тој е роден во 1921 година, во село Раково во близината на Лерин, но неговото семејство веднаш потоа се преселува во Битола, кој, всушност, станува неговиот роден град со кој ќе биде поврзан до крајот на животот. Грујоски стана дел од револуционерните кружоци уште од 1938 како член на СКОЈ, а од 1940 година на Комунистичката партија, па затоа веднаш по бугарската окупација замина во партизани. По војната дојде образованието и професурата. (П.Р.)
Почина Трајче Грујоски, носител на „Партизанска споменица 1941“
Трајче Грујоски17.07.16 19:22
Денеска почина Трајче Грујоски (19.08.1921 – 17.07.2016), носител на „Партизанска споменица 1941“ и министер во републичката и југословенската влада, потпретседател на македонското Собрание, судија во Уставниот суд, и професор. Трајче Грујоски беше поддржувач на „Шарената револуција“, и критичар на режимот на Груевски. Во неговата колумна „Народот си ја бара назад АСНОМ-ската граѓанска убавица“ напиша:
„Партијата ги зароби сите институции и ја супституира државата. Лидерот ги корумпира сите што се до него и околу него. Идеално за криминал од големи размери. Од секој тендер партијата зема придонес. Тоа е персонализирано, најповеќе му следува на лидерот. Моралот во општеството мора да се прилагоди. Партијата се богати, а лидерот орото го води. Погледнете ја само партиската палата во центарот на Скопје која деновиве мораат засебни полициски единици да ја чуваат од Шарената револуција. Веројатно Груевски има бессони ноќи од помислата дека неговиот бесценет објект може да биде разубавен со прекрасни шарени бои. Собранието, Владата, министерствата, та дури и триумфалната порта можат, ама вмровската палата никако.“
Роден е на 19 август 1921 година во село Раково, Леринско, Грција. Основно и средно образование завршил во Битола, а Правно-економски факултет во Скопје, каде што се здобил со титула доктор на науки. Беше редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на битолскиот „Св. Климент Охридски“. Автор е на повеќе дела од општествено-економскиот и политичкиот систем. Бил на повеќе високи државни и политички функции: министер во Владата на СФРЈ, потпретседател на Извршниот совет (владата) на СР Македонија, делегат во Собранието на СФРЈ, судија во Уставниот суд на македонија, потпретседател на Собранието на СРМ, член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, претседател на првиот Управен одбор на Радио Скопје и на МРТВ, претседател на Издавачкиот совет на НИП „Нова Македонија“. Бил член на СКОЈ од 1938 година, а од 1940 и на Комунистичкат партија на Југославија. Еден е од организаторите и првоборците на Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 до 1945 година (носител е на „Партизанска споменица 1941“), а во 1942 година бугарскиот фашистички суд го осудил – во отсуство – на 15 години строг затвор. Бил партизан во неколку одреди во Битолско. До последните мигови беше (утрешната колумна во „Слободен печат“ е негова последна) активно ангажиран во одбрана на слободата, принципите и на општествените вредности.
19 август 1921 - 17 јули 2016
Лесна му земја
нека почива во мир
R.I.P.