Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #101
Завчера, петок, 23 декември 2016, во 89-та година од својот живот, после кратко боледување почина македонскиот писател, раскажувач, романсиер, поранешен претседател на македонскиот ПЕН Центар, првиот претседател на македонскиот Хелсиншки Комитет за човекови права и еден од основачите на Транспарентност Нулта корупција, Мето Јовановски.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-pisatelot-meto-jovanovski

Почина писателот Мето Јовановски

24.12.2016 | 11:20



Писателот Мето Јовановски, кој беше беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, почина вчера на 88 години. Ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино, преспанско.

Во кариерата долга 6 децении, Јовановски објавил 30-на книжевни дела – збирки песни, раскази, романи, песни за деца, кои, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици. Негови најпознати дела се романите „Писмо до саканата“,„Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“,„Хајка на пеперутки“,„Слана во цутот на бадемите“, „Земја и тегоба“, збирките раскази „Јадреш“, „Мени на мојата месечина“, „Крстопат кон спокојот“, „Љубовта на Грифонот“, книгите за деца „Љуман Арамијата“ и „Војвода над војводите.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=EC3C8932B426F64F97D46496DA59ABEC

ЗАМИНА ПИСАТЕЛОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИ

24.12.2016, 17:56



Комеморацијата за познатиот раскажувач и романсиер и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе се одржи денеска во ГЕМ-клубот

Во родното село Брајчино денеска беа погребани посмртните останки на писателот Мето Јовановски (1928 – 2016), кој почина по кратко боледување на 88-годишна возраст на 23 декември во кругот на семејството. Овој познат македонски раскажувач и романсиер, кој зад себе остави 30 книжевни дела, беше и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права како и претседател на Македонскиот ПЕН-центар. Мето Јовановски припаѓаше на повоената генерација македонски писатели кои меѓу првите пишуваа на македонски јазик, а тој самиот и го негуваше, го афирмираше македонскиот јазик, но и будно следеше и укажуваше како тој се користи. Преведуваше и дела од англиски и руски јазик.

Мето Јовановски е автор на збирки песни, романи, песни за деца. Книгите му се објавувани на повеќе светски јазици, особено расказите: „Јадреш“, (1957), „Мени на мојата месечина“,( 1959), „Првите човекови умирања“,( 1971), „Патот до осамата“, (1978), „Крстопат кон спокојот“, (1987), „Љубовта на Грифонот“,(2005). Автор е на романите: „Писмо до саканата“„Хајка на пеперутки“(1957) „Слана во цутот на бадемите“ (1965), „Земја и тегоба“( 1968)„Сведоци“ (1970)„Будалетинки“, (1973), „Орловата долина“, (1979), „Крлежи“, (1984) и „ Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, (1992). Ги напиша и книгите за деца „Љуман армијата“ (1954) и „Војвода над војводите“ (1980), патеписот „Клучевите на Манхатан“ (1983), како и повеќе радио и ТВ-драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“ (1978) и на лексиконите „Кој е кој, што е што“ (1963) и „Мал литературен лексикон“(1971).

Комеморација по повод смртта на Мето Јовановски ќе се одржи утре со почеток во 13 часот во ГЕМ-клубот во Скопје.

Во колумна за „Утрински весник“ под наслов „Напуштање на јазикот, татковината“ објавена на 17.11.2015 (која воедно е и еден од последните негови објавени натписи), Мето Јовановски меѓу другото напиша:

„Во преводите на македонски јазик, во издание на нашите издавачи, елементарната коректност како да е невозможна: или недостигаат интерпункциски знаци, или долу има фуснота, но не се знае на што се однесува и што е најлошо (само неколку попатни премери) визбата е подрум, с’скањето е шушкање, играта е игрица, цилиндерот е натакнат на главата на јунакот од романот, полицаецот е позорникар, маслото е зејтин, тоа што крцка чкрипи, не една година туку е година дена, работите „паѓаат во очи“, наместо дена дни, не е на земја туку „на земи“, наместо затне запуши, жените се женат, а мажите се мажат, петбанка... и уште многу слични „ствари“.

Просечно по три вакви коректорски, лекторски и лексички грешки на секоја страница од романот што го читам од вкупно 374 страници или вкупно 1.132 грешки. Сепак, најлошото е што под кожа на преведувачот му се пикнала српската синтакса, па така - не знам како е на бугарски (ако книгата не е преведена од српски?), но преведувачот во својата глава прво си го преведува во неговата глава на српски јазик – „... то није на продају“, па потоа во главата си го преведува тоа од српски на македонски и читателот конечно чита „... тоа не е на продажба!“ Стандардот што македонскиот литературен јазик, прифатен дури и од кумановци, што Македонците го постигнаа во времето на Благоја Корубин, Тошо Димитровски до упокојувањето на магот Блаже Конески, за кого сегашните политички џуџиња немаат почит, го наметнаа скопскиот уличен сленг така што (тие би рекле така да) целосно го истисна тој дострел. Прерано, пребрзо и прелесно им свртевме грб на централните говори врз кои е заснован македонскиот литературен јазик. Централните говори имаат неисцрпно богатство од кое литературниот јазик може да се збогатува и да се штити, да се брани од влијанието на предградијата на Скопје. Во секојдневниот меѓусебен разговор Македонците се повеќе и порутински мислат (ако воопшто мислат) на српски јазик чуен и приучен од српските програми во најгледаното време на провладините медиуми кои штедат и заработуваат на сметка на нашата татковина јазикот, па така му отвораат широк пат на скопскиот уличен јазик со кои ги разменуваат своите "мисли"...
http://novatv.mk/pochina-pisatelot-meto-jovanovski/

Почина писателот Мето Јовановски

декември 24, 2016-11:22 am

По кратко боледување вчера вечерта (петок ) во кругот на семејството почина писателот Мето Јовановски (1928-2016) на 88 годишна возраст. Јовановски беше беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тој беше припадник на повоената генерација македонски писатели кои меѓу првите пишуваа на македонски јазик и го создаваа и ширеа македонскиот јазик. Ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино, преспанско.


Во кариерата долга 6 децении, Мето Јовановски неговото творештво брои над 30 книжевни дела. Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик. Автор е на расказите и негови најпоззнатии дела преведувани на повеќе светски јазици: „Јадреш“, 1957, „Мени на мојата месечина“, 1959, „Првите човекови умирања“, 1971, „Патот до осамата“, 1978, „Крстопат кон спокојот“, 1987, „Љубовта на Грифонот“, 2005. Ги напиша романите „Хајка на пеперутки“, 1957 „Слана во цутот на бадемите“, 1965, „Земја и тегоба“, 1968„Сведоци“, 1970„Будалетинки“, 1973, „Орловата долина“, 1979, „Крлежи“, 1984 и„ Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992. Автор е и на две книги за деца „Љуман армијата“ од 1954 и „Војвода над војводите“ од 1980.


Архивска фотографија

Јовановски го напиша и патеписот „Клучевите на Манхатан“, 1983, а има напишано и радио и тв драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“, 1978 и на лексиконите „Кој е кој, што е што“, 1963 и „Мал литературен лексикон“, 1971.

Мето Јовановски го негуваше и афирмираше македонскот јазик, а во еден од неговите последни написи, колумна за „Утрински весник“ со наслов „Напуштање на јазикот, татковината“, Јовановски зборува токму за негрижата на нашиот јазик во литературата.

Мето е татко на три деца, Билјана, Борјан и Светлана.

Во понеделник во 13 часот ќе се одржи комеморација во ГЕМ клубот во Скопје.
http://makfax.com.mk/kultura/почина-мето-јовановски/

Почина Мето Јовановски

24.12.2016



Македонскиот раскажувач и романсиер и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права Мето Јовановски, почина во петок на 88-годишна возраст.

Тој е автор на збирки песни, романи, песни за деца. Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици.

Во кариерата долга шест децении, Јовановски објавил 30-на книжевни дела – збирки песни, раскази, романи, песни за деца, кои, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици.

Негови најпознати дела се романите „Писмо до саканата“,„Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“,„Хајка на пеперутки“,„Слана во цутот на бадемите“, „Земја и тегоба“, збирките раскази „Јадреш“, „Мени на мојата месечина“, „Крстопат кон спокојот“, „Љубовта на Грифонот“, книгите за деца „Љуман Арамијата“ и „Војвода над војводите.

Мето Јовановски ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино.

/крај/мф
Мето Јовановски
?? октомври 1928 - 23 декември 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Нека почива во мир,Мето.Навистина,добар актер беше.Пример за денешниве актери !
 

TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Ау,јас пак помислив дека е за глумецот.Кој и да е сепак,лесна нека му е земја.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #105
Вчера, недела, 25 декември 2016, во 54-та година од својот живот, почина британскиот пејач, музички текстописец и композитор Џорџ Мајкл.

http://www.off.net.mk/zhivot-i-zabava/muzika/pochina-dzhordzh-majkl

ПОЧИНА ЏОРЏ МАЈКЛ

26 декември 2016 - 00:17

На 53-годишна возраст во својот дом почина пејачот Џорџ Мајкл, ја пренесува Би-би-си изјавата на неговиот публицист.



Смртта ја потврди и англиската полиција, според која нема никакви сомнителни околности околу неа.

Пејачот, кој ја почнува својата кариера во Вам во 80-те, а потоа продолжува како соло-пејач, „починал мирно во својот дом“.

Мајкл, кој е роден како Јоргос Киријацос Панајоту во северен Лондон, во текот на својата речиси 4-децениска кариера продава над 100 милиони албуми. Првата поголема слава ја има со групата Вам, која ја формира со својот школски другар Ендру Риџли.

„Со голема тага може да ви потврдиме дека нашиот драг син, брат и пријател Џорџ почина мирно во својот дом за време на божиќните празници.

Семејството бара да се почитува нивната приватност во ова тешко и емотивно време. Во овој период нема да има дополнителни коментари на темата“, соопшти публицистот на Мајкл.

Во 2011 Мајкл одложи серија концерти откако беше хоспитализиран поради пневмонија. По ова тој имаше неколку сериозни оперативни зафати во неколку болници во Европа.
http://www.24vesti.com.mk/dzordz-majkl-pochina-tochno-na-bozhik-koga-cel-svet-ja-slusha-negovata-pesna-last-christmas

Џорџ Мајкл почина точно на Божик кога цел свет ја слуша неговата песна "Last Christmas"

26.12.2016 | 10:22



Песната "Last Christmas" која ги обележува божиќните празници низ целиот свет, доби посебно значење бидејќи нејзиниот коавтор и музичката легенда, Џорџ Мајкл почина токму на денот кога католичките верници го славеа Божиќ.

Џорџ Мајкл почина вчера на возраст од 53 години мирно во својот дом. „Со голема тага и болка потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ, почина во својот дом за време на божиќните празници Во овие тешки моменти на семејството му е најважно да ја зачува приватноста и нема да даваме изјави на оваа тема“, се вели во изјавата на агентот на пејачот.

Од друга страна, полицијата на грофовијата Оксфордшир за Би Би Си потврди дека Итната помош стигна во домот на славниот пејач во еден час по локално време и констатирала дека немало никакви сомнителни околности.

Георгис Киријакис Панајото, познат како Џорџ Мајкл беше англиски пејач, композитор, а во кариерата подолга од 30 години освои две Греми награди.

Кариерата ја почна во групата "Wham!" која во осумдесеттите години го имаше големиот хит "Wake Me up Before You Go Go". По распадот на бендот, Мајкл успешно започна соло кариера, а неговиот прв албум "Faith" беше продадено во повеќе од 20 милиони примероци.

Британската ѕвезда ќе остане запаметена по бројните хитови како "Careless Whisper", "Freedom", "Father figure", но и по спотовите кои ги снимаше со најуспешните топ модели на денешницата.
http://www.24vesti.com.mk/problemi-so-srceto-prichina-za-smrtta-na-dzordz-majkl

Проблеми со срцето - причина за смртта на Џорџ Мајкл

26.12.2016 | 11:36



Британската поп ѕвезда Џорџ Мајкл почина од срцева слабост, изјави денеска неговиот менаџер Мајкл Липман.

Пред таа изјава, лондонската полиција ја оквалификува смртта на пејачот како „необјаснета, но не и сомнителна".

Џорџ Мајкл почина синоќа на 53-годишна возраст.

„Жал ми е, пријателе! Уште еден голем музичар не напушти. Може ли 2016 година да исчезне веднаш!?“, напиша поп ѕвездата од 90-те Мадона на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, Џорџ Мајкл. Не можам да поверувам! Така неверојатен пејач и прекрасен човек, толку млад, а не напушти“, се надоврза Брајан Адамс.

„Штотyку ја дознав тажната вест за Џорџ Мајкл. Немам зборови. Годинава го одзеде животот на толку многу прекрасни луѓе кои беа премногу млади“, објави гитаристот на „Квин“, Брајан Меј.

Оваа 2016 година навистина се покажа кобна за музичката индустрија. Последниве 12 месеци починаа Дејвид Боуви, Принс, Морис Вајт, Леонард Коен и Глен Фри.
Јоргос Киријакос Панајоту - Џорџ Мајкл
25 јуни 1963 - 25 декември 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,089
113
Трагично згасната традиција на Александровиот ансамбл во авионската несреќа

Повеќе од 60 членови на меѓународнопознатиот хор на Црвената армија беа во рускиот воен авион што вчера се урна во Црното Море, соопштува руското Министерство за одбрана. Списокот на патници и членови на екипажот објавени од страна на министерството покажа дека 64 членови на Александровиот ансамбл, официјалниот музички претставник на армијата, и диригентот Валери Калилов починале во авионот „Ту-154“ додека патуваа во Сирија за да ја прослават Новата Година заедно со руските војници.

- Нема знаци на преживеани - објавија медиумите по авионската несреќа, а претседателот Владимир Путин нареди на владата да спроведе истрага за несреќата во кој загинаа 92 лица.

Официјалната танцова и хорска група на руската армија беше на пат кон воздухопловна база во Латакија, Сирија, со цел да ги развеселат руските војници со едночасовен перформанс.

Ансамблот, кој дебитираше во 1928-та година, стана познат во целиот свет по своите настапи со машкиот хор, оркестарот и танчерите на народни песни, химни, оперски арии и популарна музика.

Групата беше именувана по основачот на хорот и авторот на националната химна на Советскиот Сојуз, Александар Василевич Александров.

Во неговиот прв состав имало само 12 музичари: осуммина пејачи, двајца танчари, хармоникаш и рецитатор. Во 1937-та година бројот на уметниците се искачил на 274. Истата година колективот добил гран-при на светската изложба во Париз.

На почетокот на Големата татковинска војна оркестарот го создал едно од најпознатите дела, со кое на 26 јуни 1941 година на фронт замина Црвената армија, песната „Света војна“.
Во 2007-та година ансамблот „А.В. Александров“ беше првиот руски музички колектив во историјата кој има настапувано во седиштето на НАТО. Имено тогаш музичарите ја исполнија „Света војна“. За време на Втората светска војна оркестарот одржал 1.500 концерти во воените кампови и во воените логори на територијата на СССР.

Потоа тие имаат настапувано во Југославија, во Авганистан, во Полска, во Финска и во многу други земји.

Композиторот Александар Александров, чие име до денешен ден го носи колективот, е еден од авторите на музиката за химната на СССР, која во 2000-та година стана современа химна на Русија. Сергеј Михалков, авторот на текстот на првичната верзија на химната, тогаш создал нови стихови за неа.

Првиот свој настап во Сирија ансамблот „А.В. Александров“ го имаше на авиобазата Хмејмим во јануари 2016-та година.

- Овие храбри луѓе секогаш настапуваа во воените зони, носеа униформи и допираа сдо сите со нивната добрина и светлина - изјавил шефот на одделот за култура на владата во Москва, Александар Кибовски.

Ансамблот на 186-члената група вклучуваше танцова екипа и хор кој имаше околу 70 пејачи. Виктор Јелисеев, шефот на хорот на Руската национална гарда, изјави дека повеќето од пејачите на Александровиот ансамбл биле во авионот.

- Сите го сакавме овој ансамбл - рече жител на Москва Марк Новиков, кој додаде дека тие биле нивни браќа и пријатели.

Меѓу ретките кои останаа во својот дом беше солистот Вадим Ананиев. Неговата жена само што се порадила со бебе и го замолила да остане дома за да им помогне. Двојката има три мали деца.

- Се чувствувам како некој да ме удрил по главата. Се уште не можам да поверувам. Ми кажуваат дека сум роден со сребрена лажичка - вели Ананиев.

Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека уште еден член на хорот кој го откажал патувањето во последен момент, бидејќи пасошот му бил истечен. Но, повеќето ја немаа таа среќа.

Мајката на Александар Штуко, артист во рускиот Александров ансамбл, кој бил во авионот „Ту-154“ што се урна, неколку дена се обидувала да го одврати од патот, бидејќи имала лошо претчувство, изјавила денеска неговата сестра Ема Штуко за „РИА Новости“.

- Мама му велеше на Саша дека во Сирија има војна, никогаш не знаеш што да се случи. Го тераше да го откаже патувањето, но тој одговорил дека тоа е невозможно. Го молеше три-четири дена пред да се обесхрабри и да го прифати неговиот одговор - раскажува Ема.

На својата страница на социјалната мрежа „ВКонтакте“, таа им се заблагодари на сите оние кои изразиле сочувство.

- Драг мој брат, јас сум толку тажна дека не си повеќе меѓу нас. Колку само планираме и сонувавме за нештата кои немавме време да ги исполниме. Имаш толку многу пријатели и роднини кои те сакаат и испратија пораки. Ви благодарам за сите кои го ќе го помнат нашиот Саша. Тој го сакаше морето кое сега е само негово - пишува сестрата на Александар.

Ансамблот ја освои светската слава со својот патриотски репертоар од советскиот период, но во последниве години подготвуваа настапи и за модерната публика, вклучувајќи го препевот на „Дафт Панк“ со „Get lucky“ на отворањето на Зимските олимписки игри 2014-та година во Сочи.

Лесна им земја
нека почиваат во мир.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #107
^

Бог да ги прости !!!

Лесна им земја
нека почиваат во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #109
Денес, вторник, 27 декември 2016, во 61-та година од својот живот, 4 дена откако претрпе срцев удар, почина американската актерка Кери Фишер.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-akterkata-keri-fisher

Почина актерката Кери Фишер

27.12.2016 | 21:52

Актерката Кери Фишер почина денеска како последица на срцевиот одар што го доживеа за време на летот од Лондон до Лос Анџелес. Таа по слетувањето во критична состојба била пренесена во болница, каде состојбата и се стабилизирала.



Патник доктор и дал итна помош – масажа на срцето и дишење уста во уста. Во соопштението за печатот авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ изјави дека болничари го пречекале летот 935 од Лондон при неговото пристигнување, откако екипажот известил дека има патник во несвест во авионот.

Тод Фишер, братот на Кери, изјави дека неговата сестра добила одлична грижа, но прецизира дека не може да се утврди нејзината состојба.

Денеска, актерката почина како резултат на компликации.

Кери Фишер е најпозната по улогата на принцезата Леиа во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а во Лос Анџелес се враќала по промоцијата на своите мемоари во Лондон. Нејзина мајка беше актерката Деби Рејнолдс, а татко пејачот Еди Фишер, кој потоа стана и сопруг на Елизабет Тејлор.
http://www.kajgana.com/pochina-keri-fisher-princezata-lea-vo-star-wars

Почина Кери Фишер, принцезата Леа во „Star Wars“

27. декември 2016 - 19:50

Американската актерка Кери Фишер, позната по улогата на принцезата Леа во „Star Wars“, почина на 60-годишна возраст, пренесува BBC.



Пред неколку дена актерката беше хоспитализирана во Лос Анџелес по срцев напад. Hollywood Reporter пренесе дека 60-годишната Кери Фишер била приклучена на апарат за вештачко дишење.

Актерката пред три дена доживеа срцев удар во текот на летот од Лондон во Лос Анџелес, каде е родена во 1956 година. Таа добила итна медицинска помош во самиот авион, која ѝ ја укажал нејзиниот лекар кој летал заедно со неа. Според полицискиот извештај, ударот го добила петнаесетина минути пред слетувањето, а реанимација ѝ била укажана на аеродромот по што била хоспитализирана.



Фишер го толкуваше ликот на принцезата Леа во оригиналната трилогија на „Star Wars“ во периодот од 1977 до 1983 година, а во таа улога се врати и во 2015 година во новиот филм „Star Wars: Episode VII – The Force Awakens“.

Своите мемоари ги објави оваа 2016 година под насловот „Дневникот на принцезата“.

Веста за смртта ја соопшти нејзината ќерка Били Лоурд, во изјава за медиумите.
Кери Франсис Фишер
21 октомври 1956 - 27 декември 2016

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #110
Завчера, среда, 28 декември 2016, еден ден откако почина нејзината ќерка Кери Фишер, во 85-та година од својот живот, од мозочен удар почина американската актерка, пејачка и танчерка Деби Рејнолдс.

http://www.24vesti.com.mk/akterkata-debi-rejnolds-pochina-samo-eden-den-po-smrtta-na-kjerka-i-keri-fisher

Актерката Деби Рејнолдс почина само еден ден по смртта на ќерка и Кери Фишер

29.12.2016 | 09:37



Холивудската филмска легенда Деби Рејнолдс (84) почина синоќа во Лос Анџелес, само еден ден по ненадејната смрт на нејзината ќерка, актерката Кери Фишер.

Веста за смрта на Рејнолдс ја соопшти нејзиниот син Тод Фишер. Тој изјави дека мајка му починала в болница, по претрпениот мозочен удар.

„Таа сакаше да биде со Кери“, изјави Тод Фишер за холивудскиот весник „Вараети“.

Претходно, тој им соопшти на медиумите дека здравјето на Деби Рејнолдс ненадејно се влошило и им порача на пријателите и на сите кои ја познаваат „да се молат за нејзиното оздравување“.

Деби Рејнолдс е најмногу позната по својата улога во прославениот мјузикл „Пеејќи на дождот“ како партнерка на Џин Кели.

Во 1964 година, Рејнолдс беше номинирана за наградата Оскар за најдобра женска улога.

Кери Фишер (60), која почина од последиците на срцевиот удар што и се случи за време на лет од Лондон до Лос Анџелес, е дете од бракот на Рејнолдс со американскиот пејач и актер Еди Фишер.

Овој холивидски брак беше прекинат по само четири години, поради љубовната афера на Фишер со филмската ѕвезда Елизабет Тејлор.

Деби Рејнолдс тешко ја прифати ненадејната смрт на својата ќерка Кери, иако тие двете, долги години воопшто не комуницирале, поради проблемите на ќерката-актерка со дрогата и нејзиниот непријателски однос кон мајката.

Но, подоцна ги имаат обновено односите и станале мошне блиски.
http://novatv.mk/pochina-debi-rejnolds-den-po-smrtta-na-nejzinata-kerka-keri-fisher/

Почина Деби Рејнолдс, ден по смртта на нејзината ќерка Кери Фишер

декември 29, 2016-11:27 am



Легендарната актерка и пејачка Деби Рејнолдс, почина на 84 години, само еден ден по смртта на нејзината ќерка, актерката Кери Фишер.

Рејнолдс ќе остане запаметена по своите улоги во класиците, меѓу кој и „Пеејќи на дождот“.

„Сакаше да биде со Кери“, изјави синот Тод Фишер за „Варајети“, по смртта на неговата мајка.

Рејнолдс била однесена во болницата во Лос Анџелес, а откако почнала да се жали на проблеми со дишењето, доживеала удар.

Рејнолдс е уште една огромна холивудска легенда која заминува во 2016 година. Таа беше номинирана за Оскар и огромна ѕвезда во 1950-тите и 60-тите години.
http://makfax.com.mk/zanimlivosti/estrada/почина-актерката-деби-рејнолдс-ден-по/

Почина актерката Деби Рејнолдс, ден по смртта на својата ќерка Кери Фишер

29.12.2016



Познатата холивудска актерка Деби Рејнолдс, почина во среда на 84 годишна возраст, само еден ден по смртта на својата ќерка Кери Фишер, познатата принцеза Леа од „Војна на ѕвездите“.

Најпозната по улогата во мјузиклот „Singing In The Rain“, Деби Рејнолдс беше хоспитализирана неколку часа претходно во болницата во Лос Анџелес заради мозочен удар.

„Сакаше да биде со Кери“, рече нејзиниот син Тод Фишер за магазинот Variety.

Токму во домот на Тод Фишер на Беверли Хилс беше повикана итната помош, објавија службени извори.

Рејнолдс глумеше со машките ѕвезди како Џин кели, Френк Синатра, Тони Кертис и Фред Астер.

Беше номинирана за Оскар за најдобра актерка во 1964 година за мјузиклот The Unsinkable Molly Brown“.

/крај/хн/ст
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Почина-актерката-Деби-Рејнолдс&id=14ffba8d-6a13-4a00-bf80-91bc65f51ef2

Почина актерката Деби Рејнолдс

29.12.2016 07:54



Легендарната актерка Деби Рејнолдс, која ќе остане запаметена по своите улоги во класиците, меѓу кој и „Танцувајќи на дождот“ сабајлево почина на 84-годишна возраст, само еден ден по смртта на нејзината ќерка, Кери Фишер.

Рејнолдс била однесена во болницата во Лос Анџелес откако почнала да се жали поради проблеми со дишењето, по што најверојатно доживеала удар и итно е префрлена во болница. Деби била со својот син Тод Фишер, во неговата куќа во Беверли Хилс, кога некој од домашните во еден час по полноќ, повикал брза помош.

Нејзината смрт ќе остави празнина на уште една огромна Холивудска легенда, која беше огромна ѕвезда во 1950-тите и 60-тите години од минатиот век.

Мери Френсис „Деби“ Рејнолдс се прослави по улогите во филмските комедии и беше во брак со пејачот Еди Фишер од кој ја имаа ќерката Кери Фишер од „Ѕвездените војни“.

Покрај снимениот поп-албум, многубројните номинации и награди, минатата 2015 година на доделувањето на „Оскарите“, се закити и со почесната награда на Американската академија за филмски уметности и науки.

Нејзиниот живот беше обележан и со многу скандали во жолтиот печат, откако првиот сопруг Еди Фишер и татко на Кери Фишер ја остави за нејзината добра пријателка Елизабет Тејлор.
Мери Френсис "Деби" Рејнолдс
1 април 1932 - 28 декември 2016

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,089
113
Годинава испоумреа доста познати личности.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #113
Завчера, четврток, 29 декември 2016, во 84-та година од својот живот, од мозочен удар почина креаторот на Киндер јајцата, Вилијам Саличе.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-kreatorot-na-kinder-jajcata

Почина креаторот на Киндер јајцата

30.12.2016 | 15:25



Почина креаторот на Киндер јајцата, Вилијам Саличе синоќа на 83-годишна возраст во италијанскиот град Павиа.

Саличе, кој почна да работи во компанијата „Фереро“ во 1960 година, многу брзо стана десна рака на нејзиниот сопственик Микеле Фереро, таткото на Нутелата, кој почина минатата година.

Во седумдесеттите години од минатиот век италијанскиот произведувач на чоколадни бонбони се обиде да направи нешто ново наместо традиционалните чоколадни јајца чии калапи се користеле само за време на Велигден и така настанало Киндер јајцето. По повеќе од 40 години „Фереро“ продал милијарди Киндер јајца.
http://makfax.com.mk/ekonomija/kompanii/почина-творецот-на-киндер-јајцето-вил/

Почина творецот на Киндер јајцето Вилијам Саличе

30.12.2016



Творецот Киндер јајцето Вилијам Саличе починал во четвртокот вечерта во 83 година во италијанскиот град Павија, соопшти фондацијата Color your life, којашто тој ја намени за талентираните млади луѓе.

Вилијам Саличе, кој во компанијата „Ferrero“ започнал да работи во 1960 година, многу брзо станал најблизок соработник на нејзиниот сопствени Микеле Фереро, творецот на најпознатиот чоколаден крем „Nutella“, кој почина во 2015 година.

Во седумдесеттите години од минатиот век овој италијански производител на чоколадни бонбони се обидел да создаде нешто ново наместо традиционалните чоколадни јајца чиишто калапи се користеле само во периодот на Божик. Така настанало јајцето „Kinder Surprise“.

Секогаш кога Саличе го нарекуваа автор на јајцата, тој упорно повторуваше дека ги осмислил Микеле Ферерор, а тој само бил извршител на производот кој станува популарен не само меѓу децата, туку и кај возрасните колекционери на минијатурните фигури.

Чоколадната облога во форма на јајце во чијашто внатрешност има пластична капсула со делови од ситни играчки за сложување, веднаш станала хит. За повеќе од 40 години, од 1974 година „Ferrero“ продал милијарди „Kinder Surprise“ јајца.

Саличе подоцна придонел во осмислувањето и правењето на многу други производи на фабриката „Ferrero“, меѓу кои се и познатите чоколадни бонбони „Ferrero Rocher“ и „Pocket Coffee“.

Во пензија замина во 2007 година, а сумата од 400.000 евра ја донираше за создавање кампусот Color your life во гратчето Лоано на Лигурискито брег, за млади на возраст меѓу 13 и 18 години во кој имаат можноста да ги развиваат своите уметнички таленти.

/крај/мф/сн
http://tocka.com.mk/8/218127/pocinal-tvorecot-na-kinder-jajceto

Починал творецот на Киндер јајцето

30.12.2016 | 17:02



Вилијам Саличе, творец на славното и ширум светот омиленото "Киндер" јајце, починал во четвртокот на 83. години.

Тој починал во италијанскиот град Павија.

Саличе, кој во компанијата "Ferrero" почнал да работи во 1960. година, многу брзо станал десна рака на нејзиниот сопственик Микеле Фереро.



Во 70-тите години од минатиот век италијанскиот произведувач на чоколадни бомбони се обидел да создаде нешто ново наместо традиционалните чоколадни јајца кои се купувале само за време на Велигден.

Така настанало "Kinder Surprise".



Чоколадото во облик на јајце во чија внатрешност имало делови од ситни играчки за сложување, веднаш станало хит.

За повеќе од 40 години "Ferrero" продала милијарди Киндер јајца.



Саличе подоцна придонел и во создавањето на бројни други производни на оваа компанија, како чоколадните бонбони "Ferrero Roher" и "Pocket Coffee".

Во пензија заминал во 2007. година, а донирал 400.000 евра за создавање на кампус за деца од 13 до 18 години, каде имале можност да ги развиваат своите уметнички таленти.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=dbe07d13-c359-4a70-ab82-4bb2e0843fb6

Почина творецот на „Киндер“ јајцето

30.12.2016 17:43



Вилијам Саличе кој помогна во создавањето на популарното „Киндер“ чоколадно јајце, почина вчера во Италија, на 83-годишна возраст, соопшти неговата фондација, а пренесоа италијанските медиуми. Тој претходно беше на болничко лекување во Павија.

Саличе работеше за „Фереро“ од 1960 година, каде што стана и најблизок соработник на првиот човек на компанијата Микеле Фереро.

Во 70-те години на минатиот век, произведувачот на чоколадни слатки, барал начин за унапредувањето на продажбата на традиционалните чоколадни јајца, кои се продавале само за време на велигденските празници.

На тој начин било создадено „Киндер“ чоколадното јајце, кое во него содржи пластична играчка во делови, која што децата треба да ја состават.

Десертот стекна голема популарност ширум светот, со што беа продадени милијарди чоколадни јајца во следните четириесетина години.

Саличе се пензионира во 2007 година, со бонус од 400 илјади евра.
Вилијам Саличе
18 јули 1933 - 29 декември 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,089
113
Нека почива во мир.

Од секогаш сум ги сакал овие киндер јајцава и најако ми било кога ќе го скршиш јајцето одвај чекаш играчката да ја составиш. Исто така најако ми било иако ретко да го поделиш јајцет на пола од кај што се составени двете страни без да ти се здроби на парчиња.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #115
Иако заврши престапната 2016 година, сепак мислам дека мора да и` се оддаде почит на една од последните познати личности кои починаа во последните денови на оваа година.

Минатиот петок, 30 декември 2016, во 107-та година од својот живот, почина американскиот уметник со кинеско потекло Тајрус Вонг, креаторот на еден од најпознатите и најзапамтените цртани ликови од цртаните филмови кои беа и ќе останат составен дел од детството на десетици милиони деца - Бамби.

http://makfax.com.mk/kultura/film/креаторот-на-бамби-почина-на-106-година/

Креаторот на Бамби почина на 106 години

01.01.2017



Американскиот уметник од кинеско потекло, Тајрус Вонг, легендата на студијата „Walt Disney“ кој е авторот на омилениот детски цртан лик срната Бамби, починал оваа седмица на возраст од 106 години, објави музејот „Walt Disney Family Museum“.

Тајрус Вонг, роден во Кантон, емигрирал во САД додека бил дете, починал во четвртокот опкружен од семејството, според соопштението.

Тој работел само три години во студијата „Walt Disney“, од 1938 до 1941 година, но неговата трага останува неизбришлива. Визијата на авторот на Бамби и работата на Тајрус Вонг и натаму и денес вдахновува.

Неоспорното ремек дело на анимацијата, филмот „Бамби“ е снимен во 1942 година, а во 2006 година студиото „Walt Disney“ го подготви продолжувањето „Бамби 2“, многу близок до оригиналот и на уметнички и на технички план.

Срната Бамби е дело од 1920 година на унгарскиот писател Феликс Салтен, кој бил пријател со Зигмунд Фројд. Добитникот на Нобеловата награда за книжевност Томас Ман му го подарил романот на Волт Дизни кој решил да го екранизира.

„Бамби“ во 2011 година беше вклучен на листата на културно, уметничко и историско наследство на САД. Претходно во 2001 година Вонг беше од фондацијата при „Walt Disney Family Museum“ беше наречен „Легенда на Дизни“.

/крај/мф/сн
Тајрус Вонг Ген Јео
25 октомври 1910 - 30 декември 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #116
Денес, петок, 13 јануари 2017, откако претрпе мозочен удар на 27 декември 2016, на 2 ипол месеца пред својот 76-ти роденден, почина српскиот и југословенскиот пејач Миодраг Јевремовиќ.

http://www.24vesti.mk/pochina-miki-jevremovikj

Почина Мики Јевремовиќ

13.01.2017 | 20:18

Денес во 75-тата година почина легендарниот пејач Мики Јевремовиќ.



Човекот кој го одбележа златното време на југословенската музика, препознатлив по песните во кои ја опејуваше љубовта и возвишеноста кон жената. Неговите хитови „Гркинка“, „Пијам“, „Мама“, Ако еднаш ја видисш „Марија“, “Нека точат старо вино“, а настапи и на првиот фестивал на македонска музика „Макфест 1986“ и на фестивалот „Скопје 1978“, каде ја пееше денес евергрин песната на Димитар Масевски „Бела Хризантема“.

Мили минатата година на 27 декември доживеа мозочен удар, а состојбата нагло му се влошила по Нова година и почина денеска по неколку денови поминати во кома. Беше многу популарен и во тогашниот Совестски сојуз, каде неговите песни беа препеани и на руски јазик. Јевремовиќ беше чест гостин во Македонија на музичките фестивали. Освои бројни награди на фестивалите како што се Белградската пролет, Загребскиот фестивал, Опатискиот фестивал.

Маја Крстиќ
http://a1on.mk/archives/691732

Почина Мики Јевремовиќ

13/01/2017 17:13



Пејачот Мики Јевремовиќ почина во Белград, јавија српските медиуми. Јевремовиќ почина во Белград по кратко и тешко боледување, пренесуват „Новости“.

Познатиот пејач почина на 75 годишна возраст. Тој на 27 декември доживеа мозочен удар и беше хоспитализиран во Ургентниот центар од каде беше префлрен во Клиничкиот центар во Белград. Неговата состојба уште тогаш лекарите ја оценија како критична.


Мики Јевремовиќ беше популарен во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=72C7E0E0939DDC428239C993448E798A

ВИДЕО: Почина Мики Јевремовиќ

13.01.2017, 16:46



Српскиот пеач Мики Јевремовиќ почина денеска, на 75-годишна возраст.

Тој почина во Белград, после куса и тешка болест, јави српскиот весник „Вечерње новости“. Пејачот на 27 декември претрпе мозочен удар. Последните неколку дена тој ги мина во болница, во коматозна состојба.

Миодраг "Мики" Јевремовиќ
27 март 1941 - 13 јануари 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #117
Денес, сабота, 14 јануари 2017, на 50 годишна возраст, почина македонскиот диригент, маестро Саша Николовски - Ѓумар.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-dirigentot-sasha-nikolovski-gjumar

Почина диригентот Саша Николовски Ѓумар

14.01.2017 | 19:16

Почина Саша Николовски Ѓумар, еден од најдобрите македонски диригенти. Роден е во Битола во 1966 година, а по завршувањето на средното образование се запишува на Електро-техничкиот факултет во Скопје, но го напушта за да се занимава со музика.



Се запишува на факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија и дипломира како најдобар студент на генерацијата.

Дипломира со највисоки почести, диригирајќи ја вердиевата опера „травијата“ во Македонската опера и балет.

Саша Николовски настапуваше во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

од 1998 на факултетот за музичка уметност предава хорско и оркестарско диригирање, оперско студио и група предмети од областа на диригирањето.

Добитник е на бројни награди и признанија за уметничките дострели. Љубовта и континуираната посветеност кон класичната музика која со искрена страст ја негуваше, на маестро Саша Николовски Ѓумар му донесе и Златен орден за заслуги за Австрија.
http://a1on.mk/archives/692035

Почина Саша Николовски-Ѓумар

14/01/2017 19:04



Попладнево неочекувано почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар на 50-годишна возраст. Диригентот Саша Николовски – Ѓумар е роден во Битола во 1966 година. По завршувањето на средното образование се запишува на Електро-техничкиот факултет во Скопје, но го напушта за да се занимава со музика.

Се запишува на Факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија и дипломира како најдобар студент на генерацијата. За време на овие студии, се запишува и на отсекот за композицијаи диригирање, од кој дипломира со највисоки почести, диригирајќи ја Вердиевата опера „Травијата“ во Македонската опера и балет.

За време на студиите работи како диригент со Хорот и Оркестарот на Факултетот за музичка уметност, Симфонискиот оркестар на РТ Сараево и академскиот хор „Мирче Ацев“. По дипломирањето волонтира во Македонската филхармонија и асистира на диригентите Ванчо Чавдарски и Александар Лековски во МОБ. Од 1993 Саша Николовски е музички директор на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија и е шеф–диригент на Младинскиот камерен оркестар, диригирајќи бројни изведби на „Охридско лето“ и „Скопско лето“.

Во 1995 настапува со Младинскиот камерен оркестар во Будимпешта на прославата по повод 50-годишнината на Светската федерација на Музичка младина. Истата година го формира оркестарот за современа музика „Синтезис“. Николовски продолжува да се надоградува на конзерваториумот„Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург во класите на истакнатите професори Илја Мусин и Михаил Кукушкин, добивајќи можност да соработува со диригенти како Јури Темирканов и Валериј Гергиев.

По неговите студии во Русија,во 1996 започнува редовна соработка со Хорот и Оркестарот на ФМУ во Скопје, Младинскиот камерен оркестар на Музичка младина на Македонија, Македонската опера и балет, Македонската филхармонија, Македонскиот камерен оркестар и ансамблот „АЛЕА“, настапувајќи на Охридско лето, Хераклејски вечери, Мајски оперски вечери, Прилепско лето и Штипско лето.

Во 1999 магистрира со највисоки оцени на Академијата „Панчо Владигеров“ во Софија, каде што учи оркестарско диригирање со Васил Казанџиев и оперско диригирање со Боби Хинчев. За неговата работа со ансамблот за современа музика „Св. Софија“, во 2001 година е добитник на наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на фестивалот „Денови намакедонска музика“.

Саша Николовски настапува во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предава хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето.
http://www.plusinfo.mk/vest/101706/pocina-dirigentot-sasha-nikolovski-gjumar

Почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар

19:22 14 јануари 2017

Попладнево неочекувано почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар на 50-годишна возраст.



Попладнево неочекувано почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар на 50-годишна возраст. Ѓумар беше еден од најголемите уметници во историјата на Македонија.

Диригентот Саша Николовски - Ѓумар е роден во Битола во 1966 година. По завршувањето на средното образование се запишува на Електро-техничкиот факултет во Скопје, но го напушта за да се занимава со музика.

Се запишува на Факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија и дипломира како најдобар студент на генерацијата. За време на овие студии, се запишува и на отсекот за композицијаи диригирање, од кој дипломира со највисоки почести, диригирајќи ја Вердиевата опера „Травијата“ во Македонската опера и балет.

Саша Николовски настапуваше во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предава хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето.

Покрај бројните награди и признанија за уметничките дострели, љубовта и континуираната посветеност кон класичната музика која со искрена страст ја негуваше, на маестро Саша Николовски Ѓумар му донесе и Златен Орден за заслуги за Австрија.

Последните четири години дејствува како претседател на Здружението на диригенти на Македонија.
http://www.libertas.mk/pochina-dirigentot-sasha-nikolovski-gumar/

Почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар

14.01.17 19:48

На 50 годишна возраст денеска почина Саша Николовски – Ѓумар, еден од најдобрите македонските диригенти.



Тој беше роден во Битола во 1966 година. Факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија го завршува како најдобар студент на генерацијата. За време на овие студии, се запишува и на отсекот за композиција и диригирање, од кој дипломира со највисоки почести, диригирајќи ја Вердиевата опера „Травијата“ во Македонската опера и балет.

Во 1999 магистрирал со највисоки оцени на Академијата „Панчо Владигеров“ во Софија, каде што учел оркестарско диригирање со Васил Казанџиев и оперско диригирање со Боби Хинчев.

Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предаваше хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето.

Саша Николовски-Ѓумар ја предводеше и македонската филхармонија во Македонскиот народен театар за Божиќниот концерт на седми јануари.
Саша Николовски - Ѓумар
?? ?? 1966 - 14 јануари 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #118
Денес, сабота, 21 јануари 2017, на 76 годишна возраст, после кратко и тешко боледување почина македонскиот пливачки тренер, последниот селектор на националната репрезентација на Југославија во пливање, поранешниот професор и декан на македонскиот Факултет за физичка култура при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија, Димитрија Поповски - Шкипер.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-dimitrija-popovski-shkiper

Почина Димитрија Поповски-Шкипер

21.01.2017 | 15:27

Денеска во Скопје, по кусо и тешко боледување, на 76 годишна возраст почина Димитрија Поповски-Шкипер. Важеше за еден од најдобрите пливачки македонски тренери и остави неизбришлива трага во развојот на овој спорт кај нас.



Работеше со Александар Маленко, со Наташа Мешковска, со Александар Миладиновски, со Весна Стојановска со кои учествуваше на четири олимписки игри од Барселона во 1992 година до Атина во 2004 година.

Пред осамостојувањето на Македонија, Поповски беше последниот селектор и предводник и на пливачката репрезентација на Југославија. Беше професор по пливање на Факултетот за физичка култура во Скопје на кој и дипломира и беше негов декан и, меѓудругото, член и на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Поповски, како член на Либералната партија на Македонија, беше и пратеник во Собранието на Република Македонија.

Погребот на Димитрија Поповски-Шкипер ќе биде во понеделник во 11 часот на градските гробишта во Бутел.
http://plusinfo.mk/vest/102396/pocina-dimitrija-popovski--shkiper

Почина Димитрија Поповски - Шкипер

16:18 21 јануари 2017

Поповски беше долгогодишен селектор на македонската пливачка репрезентација.



По кусо и тешко боледување на 76-годишна возраст почина еден од најистакнатите пливачки тренери во Македонија, Димитрија Поповски - Шкипер (1941-2017).

Поповски беше долгогодишен селектор на македонската пливачка репрезентација. Тој беше и последен селектор на југословенската пливачка репрезентација, пионер меѓу македонските тренери во пливањето, а подоцна и Декан на Факултетот за спорт и физичка култура.
Димитрија Поповски - Шкипер
?? ?? 1941 - 21 јануари 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #119
Денес, понеделник, 23 јануари 2017, на 2 ипол месеца пред неговиот 76-ти роденден на 7 април 2017, почина британскиот актер Гордон Кеј, познат по неговиот легендарен лик Рене од британската хумористична серија Ало ало.

http://kajgana.com/pochina-akterot-gordon-kej-dzvezda-na-serijata-allo-allo

Почина актерот Гордон Кеј, ѕвезда на серијата „Allo 'Allo!"

23. јануари 2017 - 17:47 | Б.С.Б.

Англискиот актер Гордон Фицџералд Кеј, најмногу познат по улогата на Рене во серијата „Allo 'Allo!" почина на 75-годишна возраст, пренесува Independent.



Со глума се бавеше од 1968 година па сè до смртта. Десет години беше дел од 84 епизоди во серијата и повеќе од 1.200 претстави инспирирани од неа. Ќе остане запаметен по улогата на Рене, но и како актер во повеќе хумористични серии.

Серијата „Allo 'Allo!" се емитуваше од декември 1982 година до декември 1992 година, а последната и специјална епизода беше прикажана во 2007 година.

http://novatv.mk/pochina-gordon-kej-zvezdata-na-alo-alo/

Почина Гордон Кеј, звездата на “Ало ‘Aлo!”

јануари 23, 2017-5:09 pm



Актерот Гордoн Кеј, кој е најпознат по неговата улога во долготрајната BBC комедија “Ало ‘Aлo!”почина на возраст од 75 години.

Поранешниот агент на ѕвездата потврди за BBC News дека починал при домашна нега во понеделникот наутро.

Кеј го играше сопственикот на кафеаната Рене Артоа во хит шоуто, кое е насочено на фикција за борците од отпорот во Втората светска војна во германско-окупираната Франција. Тој се појави во сите 84 епизоди од комедијата, како и во театарската верзија.

Неговата последна улога беше во Би-Би-Си шоуто Револвер, во 2004 година.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-akterot-gorden-kej-legendarniot-rene-od-serijata-„alo-alo“

Почина актерот Гордон Кеј, легендарниот Рене од серијата „Ало ало“

23.01.2017 | 19:40

На 75 годишна возраст, почина актерот Гордон Кеј, актерот кого генерации го паметат по незаборавната улога на Рене Артоа, сопственикот на кафебарот „Рене“ во местото Нувион за време на Втората светска војна.



Гордон имаше 41 година кога авторот на серијата „Ало ало“ го избра за главен лик во серијата. Серијата доживеа незапамтен успех, не само во Англија, туку и во светот, а имаше и безброј репризи и кај нас. Серијата за првпат на хумористичен начин ја прикажуваше Втората светска војна, односно окупацијата на Франција од страна на Германија.

Рене Артоа маестрално одигран од Гордон Кеј, е ставен, не по своја волја како лидер на францускиот отпор, кој истовремено мора да се справува и со љубовните авантури со неговите келнерки.

Гордон Кеј ја играше улогата на Рене точно десет години, а во 1990 година доживеа тешка сообраќајна несреќа, поради која серијата паузираше со снимањето. Иако, како театарски глумец играл покрај британски легенди, сепак генерации ќе го запаметат како вечно заводливиот и шармантен Рене.

Пред пет години ја објави и автобиографијата со која ја шокираше нацијата признавајќи дека неговата сексуална определба била далеку од онаа на Рене. Гордон отворено признал дека е хомосексулаец, но дека никогаш немал партнери со кој остварил врска. Гордон почина во домот за стари лица.
Гордон Фицџералд Кеј
7 април 1941 - 23 јануари 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,072
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #120
Во средата, 25 јануари 2017, 3 дена откако го прослави својот 77-ми роденден, почина британскиот актер Џон Хурт, познат по неговиот лик Гарик Оливандер во филмскиот серијал Хари Потер.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-akterot-dzon-hurt

Почина актерот Џон Хурт

28.01.2017 | 04:23

Џон Хурт, холивудката легенда, познат по улогите во филмовите „Господар на прстени“, „Хелбој“, „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Полноќен експрес“, „Вонземјанин“, почина во средата на 77 годишна возраст. Актерот кој зад себе има портфолио од ленегдарни улоги, почина по двегодишна борба со ракот на панкреасот.



Во 1980 година, маестрално го одигра ликот на Џон Мерик, попознат како Човекот слон, за која улога беше номиниран за Оскар. Познат е и како британски актер кој најмногу одиграл улоги кои трагично завршуваат. Честопати во шега велеше „Од толку многу што умирам на филм, ќе заборавам да умрал и во реалноста“. Втората номинација за Оксар му ја донесе улогата на зависникот од хероин во турски затвор во филмот „Полноќен експрес“.

За својата богата филмска и театарска кариеар е одликува со орден витез од прв ресд од кралицата Елизабета Втора. Зад себе има четири брак и две деца.
http://novatv.mk/pochina-britanskiot-akter-dhon-hurt/

Почина британскиот актер Џон Хурт

јануари 28, 2017-11:18 am



Ветеранот актер Џон Хурт почина на 77 години, објавија англиските медиуми.

Актерот познат по улогите во „Вонземјанин“ и „Човекот слон“, бил третиран за рак на панкреасот од 2015-та година.

Тој неодамна го глумеше таткото на Жаклин Кенеди во филмот посветен на неа, „Џеки“.

Режисерот Мел Брукс рече дека Хурт е „филмски бесмртен“, откако стигнаа посвети за актерот од светот на филмот и уметноста.

Хурт беше една од најпознатите британски филмски ѕвезди. Тој беше роден на 22 јануари, 1940 година. Во шест декади се појавил во повеќе од 120 филмови, и имал бројни театарски и телевизиски улоги.
Џон Винсент Хурт
22 јануари 1940 - 25 јануари 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Top