Dexter26
Добро-Познат Член
- 4,071
- 405
- 83
- Автор на оваа тема
- #121
Со доцнење светот ја прима веста за смртта на пионерот на аркадни видео игри, основачот на Namco и авторот на Pac-Man, една од најиграните видео игри на сите времиња, Масаја Накамура, на неполни месец дена откако го прослави својот 91-ви роденден.
http://www.radiomof.mk/pochina-japonskiot-pioner-na-arkadni-igri-i-avtorot-na-pakman/
Почина јапонскиот пионер на аркадни игри и авторот на „Пакмaн“
24 декември 1925 - 22 јануари 2017
Лесна му земја
нека почива во мир
R.I.P.
http://www.radiomof.mk/pochina-japonskiot-pioner-na-arkadni-igri-i-avtorot-na-pakman/
Почина јапонскиот пионер на аркадни игри и авторот на „Пакмaн“
Масаја Накамура30/01/2017 - 17:13
Масаја Накамура, „татко на играта Пакмaн” и пионер на јапонските видеоигри, почина на 91 години. Таа е развиена од компанијата „Намко“, а објавена во мај 1980 година, кога во јавноста беше популарна играта „Space Invaders“.
„Пакман“ е дизајнирана од Тору Иватани, и брзо го освојува светот. Се проценува дека била играна повеќе од 10 милијарди пати, што според Гинис, е најуспешната аркадна игра.
Играта не е насилна, но е заразна, бидејќи ги внесува играчите да талкаат низ лавиринти во потрага по духови.
Идејата за дизајнот на играта потекнува од слика на пица со пресечено парче. Накамура, наводно, го избрал зборот „Пак”, или „паку” на јапонски, за да го претстави звукот што се прави во играта додека Пакман го џвака својот плен.
Играта првично можеше да се игра на Нинтендо, по што беше прилагодена за мобилни телефони, PlayStation и Xbox.
Компанијата ја објави смртта на Накамура, но не сакаше дополнително да коментира, од почит на неговото семејство.
24 декември 1925 - 22 јануари 2017
Лесна му земја
нека почива во мир
R.I.P.