Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #21
Минатата сабота, 11 јули 2015, во 56-та година од својот живот, после долга борба против ракот на жолчката, почина генералниот директор на Нинтендо и еден од најзаслужните луѓе за огромните успеси на конзолите Nintendo DS и Nintendo Wii, Сатору Ивата.

Ивата беше генерален директор на Нинтендо од 2002 до 2015 година и многумина го сметаат за најзаслужен за огромните успеси кои ги достигна компанијата во периодот за време на неговото директорување, несомнено благодарејќи на огромната популарност и побарувачка на конзолите Nintendo DS и Nintendo Wii.

Меѓу бројните личности и компании од индустријата на видео игрите кои му се заблагодарија на сега веќе покојниот Сатору Ивата за неговите придонеси за индустријата, се огласи и Сони, производителот на PlayStation - најпродаваната конзола за видео игри на сите времиња, кој му заблагодари на Ивата за се.

http://supermen.tocka.com.mk/46/165103/ovoj-covek-gi-razubave-zivotite-na-lugjeto-sirum-svetot-pocina-sefot-na-nintendo

Овој човек ги разубаве животите на луѓето ширум светот: Почина шефот на Nintendo

13.07.2015 | 14:51

Извор: Супермен



Сатору Ивата почина на 55-годишна возраст после тешката борба со канцерот. Тој беше претседател на Nintendo долги години.

Ивата за себе говореше дека е директор со мозок на програмер и срце на играч, а во Јапонија беше исклучително ценет, пишува Guardian.

Многумина сметаат дека токму тој е главната причина за големиот успех на Nintendo од 2000-тата година.



Сатору Ивата стана претседател на Nintendo во 2002-рата година, а во текот на неговото работење беа лансирани и Wii и DS конзоли со помош на кои тие привлекоа милиони нови играчи ширум светот.

Инаку, минатата година тој изјави дека двојно ќе ја намали својата плата на извесен период поради кризата и последиците од борбата со клучните конкуренти, Sony и Microsoft, кои што го преземаа водечкото место во делот на продажбата на играчки конзоли.

PlayStation
@PlayStation

Thank you for everything, Mr. Iwata.
4:01 AM - 13 Jul 2015
E3
@E3

"Video games are meant to be just one thing. Fun. Fun for everyone!" - Satoru Iwata #ThankYouIwata
4:16 AM - 13 Jul 2015
Сатору Ивата
6 декември 1959 - 11 јули 2015

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #22
Вчера, сабота, 8 август 2015, после 4 дена поминати во кома како последица на сообраќајна несреќа, на само неколку дена од својот 24-ти роденден, почина младиот македонски фудбалер Александар Пандовски.

http://www.kajgana.com/pochina-fudbalerot-aleksandar-pandovski-po-soobrakjajnata-nesrekja

Почина фудбалерот Александар Пандовски по сообраќајната несреќа

8. август 2015 - 15:58 | Макфакс

Младиот 23-годишен фудбалер Александар Пандовски по четиридневна кома, утрово им подлегна на повредете здобиени во сообраќајната несреќа што се случи на излезот од Скопје.



Пандовски и неговиот татко во понеделникот вечерта доживеаја сообраќајна несреќа кога автомобилот „голф“ излета од патот удирајќи во столб и забивајќи се во бензинската пумпа кај скопската населба Маџари.

Пандовски неколку часа беше заглавен во згмечениот автомобил и беше извлечен со помош на пожарникарска екипа, и во многу тешка состојба беше пренесен на Клиничкиот центар во Скопје каде неколку дена пред неговиот 24 роденден почина како последица од сериозните повреди.

Пандовски настапуваше за второлигашот Евромилк, како играч од средниот ред, иако во кариерата играше и на други позиции.

Роден во Скопје, тој потекнува од фудбалската школа на Вардар, за кого настапуваше извесен период, по неговото деби на 18-годишна возраст на 31-јули 2010 година. Потоа уште настапуваше 18 месеци во сезоните 2011/2012 за Работнички, а во 2013 година настапуваше во европските квалификации за Хоризонт Турново.

Како талентиран играч, настапуваше и за помладите селекции на Македонија.
Александар Пандовски
1991 - 8 август 2015

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #23
Вчера, понеделник, 17 август 2015, по 2 неделна борба со сепса, во 78-та година од својот живот, почина легендарниот хрватски пејач, композитор и кантавтор, Арсен Дедиќ.

http://www.telegraf.mk/zabava/estrada/297918-slava-mu-pocina-legendarniot-arsen-dedik

СЛАВА МУ: Почина легендарниот Арсен Дедиќ

17/08/2015 - 21:48

Здравствената состојба на Арсен Дедиќ во изминатите два дена драстично се влошила, легендарниот пејач ја загуби битката со болеста


(Фото: snipview.com)

Истакнатиот хрватски композитор, писател, преведувач, поет и пејач и текстописец, Арсен Дедиќ, починана 78 годишна возраст, објавуваат хрватските медиуми повикувајќи се на извори од Клиничкиот болнички центар од Загреб.

Арсен Дедиќ пред две недели бил примен поради сепса на интензивна нега на Клиниката во Загреб по компликации од вградување ендопротеза на колкот.

Со оглед на тоа што во 2004 година му е направена трансплантација на црн дроб и примал имуносупресивни лекови, бил изложен на поголем ризик од инфекција.

Во изминатите два дена состојбата му се влошила нагло, му откажале и бубрезите и вечерва ја загуби битката со болеста, јавуваат хрватски медиуми.



(Телеграф.мк)
Арсен Дедиќ
28 јули 1938 - 17 август 2015

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #24
Веќе сме сабота, 5 септември 2015, но во Аргентина сеуште е петок, 4 септември 2015.

Поминаа година дена откако не напушти аргентинскиот музички генијалец Густаво Серати, основачот, водечката гитара, водечкиот вокал и главниот композитор на аргентинскиот бенд Сода Стерео.

Чарли Алберти, вториот од тројцата основачи и тапанар на Сода Стерео, на вчерашната конференција на неговата фондација за борба против климатските промени Revolución 21 (R-21) во Кордоба, изјави дека и после година дена не може да се помири со смртта на својот долгогодишен пријател и соработник, за кого вели дека заедно биле двајца немирни браќа.

Алберти изјави дека заедно со Зета Босио, третиот основач и бас гитаристот на Сода Стерео, и канадската компанија Cirque du Soleil работат на проект за шоу во кое ќе биде прикажана историјата на нивниот бенд.

http://tn.com.ar/musica/hoy/charly-alberti-y-el-recuerdo-de-gustavo-cerati-es-algo-que-uno-no-logra-asimilar_616625

Charly Alberti y el recuerdo de Gustavo Cerati: “Es algo que uno no logra asimilar”

Viernes 4 de Septiembre de 2015 | 10:51

El exbaterista de Soda Stereo habló sobre el recordado artista.

Charly Alberti estuvo en Córdoba con su fundación R21 y habló con los medios sobre esta fecha especial. El músico reconoció que lo va a pasar trabajando con una presentación en Posadas, Misiones. “Gustavo era un motor. Éramos dos tipos muy inquietos y esa hermandad se consiguió por la coincidencia de muchas cosas”.

Alberti contó que está trabajando a Zeta en el interesante proyecto del Cirque Du Soleil sobre la historia de Soda Stereo. “Empezamos a trabajar en la selección de los temas y estamos digitalizando todo. Es increíble volver a escuchar todos los canales por separado”.
Вториот од повеќето концерти на Сода Стерео на River Plate - најголемиот стадион во Буенос Аирес и во Аргентина - од нивната турнеја Me Verás Volver во 2007 година по повод повторното обединување и враќањето на бендот.


Ин мемориам

Густаво Адријан Серати
11 август 1959 - 4 септември 2014
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #25
Вчера, петок, 11 септември 2015, во 81-та година од својот живот, почина долгогодишниот директор на Македонија филм и режисерот на еден од најпознатите македонски филмови - Исправи се Делфина, филмскиот сценарист и режисер Александар Ѓурчинов.

http://telma.com.mk/vesti/pochina-rezhiserot-i-scenarist-aleksandar-gjurchinov

Почина режисерот и сценарист Александар Ѓурчинов

11 September, 2015 - 20:44



Во 81 година од животот почина филмскиот режисер и сценарист Александар Ѓурчинов. Тој е роден во Скопје во 1934. Во 1962 година дипломира уметност во Белград. Долги години се занимавал со кино-аматеризам. Во 1958 година го добива првиот професионален ангажман на филм, како асистент по режија во копродукцискиот филм „Дубровски“ на режисерот Вилијам Дитерле.

Од 1964 година работи на документарен филм, зашто е награден со Наградата 11 Октомври (1966), за филмот „Весници, весници“. Ѓурчинов се јавува и како асистент и помошник-режисер на повеќе режисери, меѓу кои е и познатиот француски режисер Кристијан Жак, кај кого работел за време на студискиот престој во Париз. Во 1977 година го режира својот единствен игран филм „Исправи се Делфина“, за кој што ја добива Бронзената арена за режија на Филмскиот фестивал во Пула, Третата награда за сценарио на фестивалот во Врњачка Бања, потоа Наградата ЦИДАЛЦ (1978), Наградата за најдобар дебитант од весникот „Зумрепортер“ (1977) во Пула и други.
Александар Ѓурчинов
? ? 1934 - 11 септември 2015

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #26
Вчера, сабота, 19 септември 2015, после речиси 7 години борејќи се против ракот на градите, на 15 дена пред нејзиниот 78-ми роденден, почина британската писателка Џеки Колинс.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-amerikanskata-pisatelka-dzeki-kolins

Почина американската писателка Џеки Колинс

20.09.2015 | 12:42

Популарната американска писателка Џеки Колинс (77), почина во Лос Анџелес по неколку годишната битка со ракот на дојките.

Американските медиуми откриваат дека болеста била откриена пред 6,5 години, но таа одлучила да молчи за тоа, па за ракот знаеле само неколкумина луѓе, но не и нејзните три ќерки.



Откако лекарите и ја констатирале болеста, таа во изминативе години напишала дури пет нови романи.

Пред нешто повеќе од две недели Џеки Колинс беше во Велика Британија, каде го промовираше својот последен роман.

Џеки Колинс е родена во Лондон, а со пишувањето почнала уште како тинејџерка, пишувајќи понекогаш „скокотливи“ расказа на своите соученици. Иако Британка, таа се пресели САД, каде и се прослави како писателка.

Нејзиниот прв роман „Светот е полн со оженети мажи“ е објавен во 1968 година и тој веднаш е прогласен за „скандалозен“, а во Австралија беше и забранет.

Во својата кариера има напишано 32 романи. Џеки Колинс пишуваше најчесто за богатите и за славните личности и за нивните животи, но романите ги читаа сите, па таа има продадено повеќе од 500 милиони примероци,во оригинал или преведени, во 40 земји низ светот.

Сите нејзини дела се најдоа на листата на бестселерите, што ја објавува весникот „Њујорк Тајмс“, а дел од нив се филмувани во Холивид.

Инаку, Џеки Колинс е сестра на позната актерка Џоан Коланс (82). Во изјава за американските весници, Џоан Колинс рече дека е тешко погодена од смрта на својата сестра и ја истакна нејзината храброст во борбата со тешката болест.
Жаклин Џил "Џеки" Колинс
4 октомври 1937 - 19 септември 2015

Лесна и земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #27
Денес, четврток, 1 октомври 2015, во 73-та година од својот живот, после долга борба со ракот на белите дробови, почина Уснија Реџепова.

http://www.idividi.com.mk/showbiz/muzika/1024913/index.html

Почина Уснија Реџепова

Објавена на 01 10 2015 13:49:43

Пејачката на народна музика Уснија Реџепова почина во Белград 73. година од животот, после долга борба со ракот на бели дробови.



Таа е родена во Скопје, на 8 август 1943 година, а се прослави пеејќи брањански песни, а 25 години на сцената на Народниот театар во Белград ја играше Коштана.

Ќе остане запомнета по хитовите „Казуј крчмо џеримо“, „Због тебе мори Лено“, „Од Ниша до Врања“ и многу други.




Извор: МИА
Уснија Реџепова
8 август 1943 - 1 октомври 2015

Лесна и земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0


Почина актерот German Robles, кој го помниме како Басилио од Marisol.

Нека почива во мир.​
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #29
^

Бог да го прости, беше и ќе остане легендарен и незаменлив актер.

Херман Хорацио Роблес
20 март 1929 - 21 ноември 2015

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #30
Вчера, петок, 4 декември 2015, Телма објави дека починала една од најголемите скопски урбани легенди, кројачот Благоја Ангелковски.

Бидејќи веста е објавена на 4 декември 2015, а во статијата пишува дека Ангелковски "почина синоќа на 81 годишна возраст", останува нејасно дали под "синоќа" мислат на ноќта помеѓу 3-ти и 4-ти декември, или на вечерта на 4 декември.

Но како и да е, несомнено не' напушти еден од најголемите занаетџии на пост-воено и пост-земјотресно Скопје.

Ангелковски ми го скрои првиот костум, кој и до денешен ден е како нов, претежно поради материјалот со висок квалитет кој мајка ми го набави, но и поради тоа што многу ретко го носам, и дефинитивно неоспорливо - бидејќи беше направен од рацете на вистински генијалец, занаетџија кој си го сакаше занаетот и му остана посветен на истиот повеќе од половина век и почина со истата посветеност кон истиот занает, Благоја Ангелковски.

http://www.telma.com.mk/vesti/pochina-krojachot-blagoja-angelkovski

Почина кројачот Благоја Ангелковски

4 December, 2015 - 22:21



Од политичари, естрадни уметници и граѓани ретко кој не бил во дуќанот на кројачот Ангелковски на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Машината за шиење ја наследил од татко му, биле повеќе деца, а тој со кројачкиот занает почнал да се занимава уште од 1950 година.

Својот дуќан го отворил по поплавата, во 1962 година, на местото каде што сега е зградата на ЗОИЛ но истиот бил урнат во земјотресот. Од 1964 работел во дуќанот на локацијата, кој за мнгумина во Скопје е ориентир на градот во близина на Универзалната сала.

Кројачот Ангелковски кој е урбана легенда на Скопје почина синоќа на 81-годишна возраст.
Благоја Ангелковски
1934 (???) - 3/4 (???) декември 2015

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #31
Ноќеска, во текот на ноќта помеѓу четврток, 17 ноември 2015, и петок, 18 ноември 2015, во 71-та година од својот живот, после кратко боледување, почина македонскиот новинар, радио уредник, еден од основачите на ТВ Скопје, односно денешната Македонска Радиотелевизија и нејзин поранешен дописник од Чиле и Перу, поранешниот дописник од Латинска Америка и Карибите на некогашната југословенска новинска агенција Танјуг, а подоцна и нејзин главен уредник во Македонија, поранешниот уредник на неделникот Форум, поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор на Република Македонија во Шпанија, Слободан Чашуле.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=624087F5DA45FE449867A610B28DB99B

Почина Слободан Чашуле, новинар и политичар

18.12.2015, 10:16



Чашуле (70 години) почина по кратко боледување во Мадрид додека ја извршуваше функцијата амбасадор во Шпанија

Македонската јавност ја затече веста дека по кратко боледување во Мадрид заврши животот на амбасадорот во Шпанија, Слободан Чашуле (70), маркантна новинарска фигура, кој потоа стана политичар.

Македонската јавност ја затече веста дека по кратко боледување во Мадрид заврши животот на амбасадорот во Шпанија, Слободан Чашуле (70), маркантна новинарска фигура, кој потоа стана политичар.

Чашуле, син на славниот македонски писател Коле Чашуле, имаше исклучително богата професионална кариера. Најпрвин посветено работеше како новинар, за потоа директно да се вклучи во политиката и дипломатијата, што го претвори во цел и на критики.

Пред осамостојувањето на Македонија Чашуле беше член на СКМ. На почетокот од 1990-тите станува дел од големиот тим на Петар Гошев за преродба на Македонија.

Десетина години подоцна на 30 ноември 2001, Чашуле стана министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љупчо Георгиевски по Александар Димитров, Срѓан Керим, Илинка Митрева. Во 2002 година е избран за пратеник во македонското Собрание од листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Чашуле важеше за политичар кој често ги менува партиските табори, што тој го објаснуваше со тоа дека е вечен фракционер и дека секогаш се определува за партии со демократски предзнак.

Во новинарскиот еснаф, пак, неподелено е мислењето дека замина исклучителен професионалец, харизматична личност, новинар со широка наобразба, драгоцен собеседник, вистински ерудит. Полиглотот кој зборуваше добро пет јазици (англиски, шпански, португалски, француски и италијански) е еден од основачите на ТВ Скопје, негов дописник во Чиле и Перу, дописник за Танјуг во Латинска Америка, главен уредник на Танјуг во Македонија.

Од 1990-1994 е директор и главен уредник на Радио Скопје, а кратко време на почетокот од 1999 година генерален директор на „Нова Македонија“. Беше и уредник на неделникот и веб-порталот „Форум“.

На соработката со него во Радио Скопје се присетуваат новинарите Зоран Иванов и Александар Чомовски. Иванов го опишува Чашуле како „вистински новинарски демократ“, кој не знаел што е цензура. „Никогаш никому, и покрај видливите несогласувања, не му пререче, не го прекори за ставовите изнесени во авторските коментари додека беше директор на Македонското радио“, вели Иванов.

Во тоа време, Иванов е одговорен уредник на Првата програма на Македонското радио, а Чашуле директор. Заедно поминуваат низ сите програмски премрежиња во тие политички, безбедносни и социјални немирни времиња за Македонија и за македонската самостојност.

„Беше главниот организатор вечерта на историската референдумска прослава на скопскиот плоштад на 8 септември 1991 откаде што за резултатите од плебисцитарното изјаснување Радио Скопје вршеше директен пренос. Со еден збор, Слободан Чашуле беше предводникот на тимот на плуралните програмски демократски промени во Радио Скопје забележани и прифатени од најшироката македонска јавност“, нагласува Иванов.

И Чомовски, кој, исто така, со Чашуле соработува во Радио Скопје ја издвојува неговата улога во креирањето на поддршката за осамостојување на Македонија, организацијата и спроведувањето на референдумот, кои, според него, се од непроценливо значење. Со него имале творечки полемики и несогласувања по одредени прашања, но со целосно почитување на ставовите.

„Чашуле спаѓа во генерацијата новинари кои беа широко образовани, критички и слободарски настроени. Како директор на Радиото создаде медиум што во раните 90-ти години и пред почетокот на плуралните промени се претвори во вистински граѓански форум на различни мислења и демократски спротивни гледишта“, вели Чомовски.

Според него, Чашуле имал инстинкт да одбере и да го негува новинарскиот тим кој во тоа време успева радиото да го претвори во најпопуларен медиум во земјата и да дозволи креативна слобода со целосно почитување на новинарскиот интегритет.

(Н.К.)
Слободан Чашуле
27 септември 1945 - 17/18 декември 2015

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #32
Денес, недела, 20 декември 2015, во 42-та година од својот живот, почина новинарката на телевизија Телма, Неда Бакевска Виллалба.

http://www.telma.com.mk/vesti/pochina-novinarkata-na-telma-neda-bakevska

Почина новинарката на Телма Неда Бакевска Виллалба

20 December, 2015 - 12:01



Неда Бакевска Виллалба (5. ОКТОМВРИ 1974 – 20. ДЕКЕМВРИ 2015)

Денес во текот на ноќта, тивко како што и живееше, почина нашата колешка Неда Бакевска Виллалба, повеќегодишен новинар на Телевизија Телма. Во текот на ноќта откажа да работи нејзиното истоштено срце, со кое Неда со години, успешно ја водеше својата енергична борба за живот. Иако нејзниот живот прерано згасна, Неда останува пример на храбро соочување со судбината чии, на пати најжестоки пред се' здравствени удари, таа ги надминуваше со невиден витализам и потоа здржано и смело, ги проследуваше со духовити, на пати иронични коментари и... со својата незаборавна, широка насмевка.

Неда Бакевска беше родена 1974 година во Скопје кадешто го заврши основното и средното образование и кадешто дипломира на Филолошкиот факултет, на групата за македонска и јужнословенски книжевности, со англиски и француски јазик и литература.

2001 година Неда Бакевска со сјаен успех магистрираше комуникологија на Институтот за политичко-правни студии, сјајно одбранувајќи ја тезата насловена: „Пренесување на значењето на културното наследство на локалитетот „Кокино“ преку документарните телевизиски програми “.

Во периодот 2001-2002 година Неда Бакевска оствари студиски престој во САД, на програмата за професионален развој на новинари.



Според сопствените интересирања и афинитети, но и како ќерка на истакнатиот писател Петре Бакевски, Неда Бакевска Виллалба сиот живот го посвети на книгата во секој нејзин вид, не само како страствен читател на поетски, прозни, публицистички и теориски дела, но пред се’ како професионален проследувач на овој домен во нејзиниот зрел, седумнаесет години долг работен век, почнувајќи од нејзиниот повеќестран ангажман во книгоиздателството „Култура“ кадешто се вработи во 1998 година, се’ до нејзината уште покративна професионална фаза остварена како новинар во Телевизија Телма каде работеше од 2000. година до денес.

Незаборавни се и неброени нејзините прилози работени по различни културни поводи што деценија и пол одеа на програмата на Телевизија Телма. Таа беше активно ангажирана како во културниот магазин „Соѕвездија“, посебно во дневната продукција „Културна хроника“ како и во специјализираните информативни прилози од битни настани наменетети за емисијата “Вести“ на телевизија Телма. Неда Бакевска оствари голем број портрети на наши истакнати уметници и општествени дејци во рамките на портретните емисии „Мојот пат“.

Беше редактор, но и преведувач на книжевни дела од англиски јазик. На теоретски план особено се интересираше за три теми: функционирањето на телевизискиот медиум, новите електронски технологии, и феноменот на глобализацијата. Беше не само новинар и агилен проследувач на културниот процес кај нас и во светот, ами и интелектуалец со стивнат, на пати темен тембр и продлабочени истражувачки интересирања. Последниве години Неда Бакевска, трпеливо работеше на својата докторска теза за „Влијанието на новите комуникациски технологии врз формирањето на виртуелни заедници: реконструирање на идентитетите во процесот на блогирање“, 2011 година прифатена на Институтот за македонска литература.

Неда носеше современ вкус и сензибилитет, и интелектуален дух исполнет со критички рафинман. Следеше и суверено владееше цела палета и вонкнижевни културни домени, сериозната музика и операта, театарот и особено современиот уметнички филм.

Нашата Неда останува незаборавна според својот богат пред се' внатрешен живот, изразита скромност и особен пристап и квалитетот на нејзините творби.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре (21 декември) во 12.30 во капелата на гробиштата Бутел во Скопје. Погребот ќе биде извршен во 13.30 часот.
Неда Бакевска Виллалба
5 октомври 1974 - 20 декември 2015

Лесна и земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #33
Вчера, понеделник, 28 декември 2015, после само 4 дена откако го прослави својот 70-ти роденден и после само 2 дена откако беше дијагностициран со заболување од екстремно агресивен рак, почина основачот на музичкиот бенд Моторхед, музичката легенда Леми Килмистер.

http://kajgana.com/legendarniot-frontmen-na-motorhed-lemi-kilmister-pochina-na-70-godini

Легендарниот фронтмен на Моторхед, Леми Килмистер почина на 70 години

29. декември 2015 - 9:48 | Д.П.

Фронтменот на групата Моторхед, легендарниот рокер Леми Килмистер почина синоќа на 70 годишна возраст по кратката битка со ракот. Бендот преку Facebook потврди дека починал фронтменот, а како причина го посочуваат екстремно агресивниот рак за кој дознал на 26 декември.



„Не можеме да го изразиме нашиот шок и нашата тага, бидејќи нема зборови за тоа. Повеќе работи ќе кажеме во следните денови, но засега ве молиме... слушајте Моторхед гласно“ - пишуваше во соопштението на групата.

Јан Фрезер „Леми“ Килмистер е роден во Стафоршир, Англија во 1945 година. Се инспирирал да стане музичар откако ги видел Битлс во живо, па ги поминал своите 20-ти години свирејќи во различни состави, и како роуди на Џими Хендрикс.

Во 1975 го формирал бендот Моторхед, со кој имале повеќе од 20 албуми кои се продадени во повеќе од 30 милиони примероци. Нивниот последен албум, Bad Magic, беше издаден минатата година во август.

Леми достигна статус на икона со неговиот бескомпромисен рокерски однос кон животот. Во текот на кариерата стана познат по апетитот за алкохол и дрога, а во една прилика изјавил дека пиел цело шише Џек Даниелс дневно, во текот на 30 години. Неодамна духовито сугерираше дека се префрлил од виски на вотка поради „здравствени причини“.

Леми и покрај здравствените проблеми настапуваше постојано, а самиот инсистираше дека единствената работа што ќе го спречи да свири е смртта.

Ијан Фрејзер "Леми" Килмистер
24 декември 1945 - 28 декември 2015

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
RIP

Инаку, прв пат слушам дека рак може да убие човек за само два дена. :okokoren: Катастрофално!
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #35
^

Бог да го прости !!!

Екстремно агресивен рак - била официјалната дијагноза.

Тоа во превод значи дека болеста напредувала многу брзо, за жал.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #36
Во текот на завчерашниот ден, 31 декември 2015, последниот ден од годината 2015 беше и последниот ден од животот на американската пејачка и актерка Натали Кол, ќерка на легендарниот џез музичар и пејач Натаниел Адамс Колс, познат како Нат Кинг Коле. Натали Кол почина од застој на срцето на помалку од 6 недели пред нејзиниот 66-ти роденден на 6 февруари 2016.

http://kajgana.com/pochina-pejachkata-natali-kol

Почина пејачката Натали Кол

2. јануари 2016 - 9:27 | Макфакс

Пејачката Натали Кол, ќерката на легендарниот пејач Нет Кинг Кол, почина на 65-годишна возраст, објавија во петокот американските медиуми.



Натали Кол починала од конгестивно затајување на срцето кое настапило поради компликации од трансплантација на бубрег и хепатитис Ц, кој кај пејачката беше дијагностициран во 2008 година.

Пејачката, која во минатото се бореше со зависност од дроги, ќе остане најмногу запаметена по хитот од 1991 година „Unforgettable“, виртуелен дует со нејзиниот покоен татко, кој почина пред Натали да ја започне самостојна пејачка кариера.

„Натали почина како што живееше – со достоинство, сила и чест. Таа секогаш ќе остане во нашите срца“, се вели соопштението на синот Роберт Ханси и на сестрите на пејачката Тимолин и Кејси Кол.

Песната „Unforgettable“ и албумот на кој е снимен тој хит на пејачката и донесоа три од вкупно девет награди Греми кои ги освои во текот на кариерата покрај 19-те номинации за ова престижно музичко признание.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=26493

Натали Кол, пејачката на "Unforgettable", почина на 65 години

од НОВА | објавено на: 01-01-2016 21:30:36


Американската соул пејачка Натали Кол почина вчера на 65 години возраст, информираше нејзиното семејство денес.

Натали Кол имаше здравствени проблеми откако и беше пресаден бубрег и почина вчера во болница во Лос Аџелес.

Таа му беше ќерка на легендарниот Нат Кинг Кол и долго време имаше проблеми со дрога пред да успее да го најде патот кон успехот.

«Натали водеше тешка и храбра борба и почина како што живееше, со гордост, сила и чесност», соопшти семејството.

Нејзината најпозната песна е "Unforgettable" посветена на нејзиниот татко. Нат Кинг Коле не успеа да го види успехот на ќерка му на сцената бидејќи почина на 45 години возраст од рак во 1965 година додека Натали беше се уште тинејџерка.

Но нејзината кариера е тесно поврзана со таа на татко и. Таа почна да настапува по клубови користејќи го името на татко и. Првата Греми награда ја доби во 1976 години за песната "This Will Be".

Таа играше и во повеќе американски серии.

Во својата автобиографија «Ангел на моето рамо» објавена во 2000 година таа ја раскажува борбата против депресијата по смртта на татко и и` на нејзиниот син кој се удавил во базен. Натали долго се бореше и против зависноста од хероинот кој кај неа предизвика хепатит Ц кој доведе до пресадување на бубрег.
Натали Марија Кол
6 февруари 1950 - 31 декември 2015

Лесна и земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #37
Завчера, недела, 3 јануари 2016, во 75-та година од својот живот, почина српскиот актер Душан Голумбовски, кој се прослави себеси со своите учества во бројни телевизиски, театарски и филмски улоги, а особено со ликот Озрен Солдатовиќ, кого го толкуваше во сериите Среќни луѓе и Бела лаѓа.

http://reporter.mk/2016/01/04/почина-другарот-озрен-од-бела-лаѓа/

Почина другарот Озрен од „Бела Лаѓа“

Jan 04, 2016

Познатиот драмски уметник Душан Голумбовски препознатлив по улогата на бескорпулозниот Озрен Солдатовиќ во сериите „Среќни луѓе“ и „ Бела Лаѓа“, почина вчера во Белград.

Душан Голумбовски е роден на 15 март 1941 година во Белград. На театарската сцена застана уште на 10 години, а академијата за актерство запишал заедно со Зоран Радмиловиќ, Станислав Сташом Песиќ, Петар Кралјем, Милош Жутичем и Оливер Вучо.

Голема популарност стекна со појавувањето во телевизиските серии „Среќни луѓе“ и „Бела Лаѓа“, а одиграл и повеќе од десет брилијанти улоги на сцените на Народниот театар и театарот Теразија.

Душан Голумбовски
15 март 1941 - 3 јануари 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #38
Вчера, недела, 10 јануари 2016, само 2 дена откако го прослави својот 69-ти роденден и го пушти во продажба својот најнов музички албум Blackstar, после 18 месечна битка со ракот на црниот дроб, почина британската музичка легенда Дејвид Боуви.

http://www.telegraf.mk/kultura/muzika/335822-pocina-legendarniot-dejvid-bouvi

ДВА ДЕНА ПО НОВИОТ АЛБУМ: Почина легендарниот Дејвид Боуви

11/01/2016 - 08:10

Дејвид Боуви почина по 18-месечна борба со ракот


(Фото: ЕПА)

Британскиот музичар Дејвид Боуви почина вчера, два дена откако го прослави 69. роденден и откако го објави неговиот најнов албум.

На официјалната страна на Фејсбук на пејачот денеска беше објавен статус за жалната вест.

- Десетти јануари 2016 година – Дејвид Боуви почина во мир, опкружен со неговото семејство, по храбра 18-месечна борба со ракот - пишува на Фејсбук.

Неговиот син, Данкан Џонс, ја потврди жалната вест, објави Би-би-си.

Боуви последен пат во живо настапи во 2006 година, на хуманитарен концерт во Њујорк.


(Фото: ЕПА)

Боуви во петокот, 8 јануари, на неговиот 69. роденден го објави албумот „Blackstar“, кој веднаш беше позитивно оценет од критичарите. Ова е негов 25. студиски албум. Тој се темели на џез-музиката, рапавиот глас на Боуви, звукот на саксофонот, неговиот прв инструмент и ритам секција.

На Боуви при создавањето на албумот му помагал познатиот американски саксофонист Дони Меккаслин, кој го истражува звукот во полето на модерниот џез, фанк и електронска музика. Последниот албум пред овој, „The Next Day“, Боуви го издаде во 2013 година, по десетгодишниот дискографски прекин. И тогаш својот прв сингл „Where Are We Now“ го објави на својот роденден.


Дејвид Боуви е роден под името Дејвид Роберт Џоунс. Тој пет децении имаше водечка улога во светот на поп-музиката. Боуви е широко признат како иноватор, особено за неговата работа во 70-тите, и е познат по неговиот специфичен глас и интелектуалната длабочина во работата. Боуви првпат допре до јавноста во јули 1969 година кога неговата песна „Space Oddity“ се качи на врвот на англиската топ-5 листа на синглови.

По тригодишен период на експериментирање, тој повторно се појави во 1972 година за време на гламурозната рок-ера со темпераментното, андрогено второ „јас“ Зиги Стардаст, предводен од хит-синглот „Starman“ и албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“.


(Фото: Фејсбук)

За време на неговата кариера, тој продаде 136 милиони примероци од неговите албуми. Во Англија му беа доделени девет платинести сертификати за албумите, 11 златни и 8 сребрени, а во САД пет платинести и седум златни сертификати.

(Телеграф.мк)
Дејвид Роберт Џоунс Боуви
8 јануари 1947 - 10 јануари 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #39
Денес, четврток, 14 јануари 2016, на 31 ден пред неговиот 70-ти роденден, од рак почина британскиот актер Алан Рикман.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=1&vest=26677

Почина гигантскиот актер Алан Рикман

од НОВА | објавено на: 14-01-2016 14:04:52


Еден од најдобрите британски актери, Алан Рикман почина во Лондон на 69-годишна возраст по битка со ракот.

Човекот со гласот кој речиси сите го имаат слушнато, е еден од омилените ликови од серијалот на Хари Потер.

Во 1988 го добива светското признание за врвен актер кога ја толкуваше улогата на Ханс Грубер во „Умри машки“.

Рикман во својата кариера ги толкуваше и улогите на шерифот од Нотингем во „Робин Худ - Принцот на кражбите“ како и славниот „Распутин“.

Низ неговиот живот тој беше и политички активен. Според неговите зборови, тој бил роден член на Лабуристичката партија.

Иако нема освоено ниту еден Оскар, помеѓу индивидуалните признанија, во плакарот на Рикман стојат наградите „Златен Глобус“, „Еми“, „Бафта“ и многу други.

http://www.kajgana.com/pochina-akterot-alan-rikman

Почина актерот Алан Рикман

14. јануари 2016 - 13:49 | И.М.



Британскиот филмски и театарски актер, Алан Рикман, почина на 69-годишна возраст. Актерот познат по улогите во филмови како „Harry Potter“ и „Die Hard“, беше еден од најпретпознатливите гласови во индистријата.



Семејството на Рикман потврди дека починал денес. Актерот боледувал од рак.

Рикман имаше богата филмска и театарска кариера, и често го позајмуваше гласот за анимирани филмови и серии.
Алан Сидни Патрик Рикман
21 февруари 1946 - 14 јануари 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
  • Автор на оваа тема
  • #40
Вчера, понеделник, 18 јануари 2016, во 68-та година од својот живот, од компликации предизвикани од ревматичен артритис, улцерозен колитис и пневмонија, почина еден од основачите, композиторите, авторите и водечки вокал на американскиот рок бенд Eagles, Глен Фреј.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=24B104B370DF874A949797A57546C58C

(ВИДЕО) Почина Глен Фреј од „Иглс“

19.01.2016, 14:05



Човекот кој ги напиша стиховите за „Хотел Калифорнија“ им подлегна на компликациите предизвикани од ревматичен артритис и пневмонија

Човекот кој ги напиша стиховите за „Хотел Калифорнија“, еден од основачите на „Иглс“, Глен Фреј, (67) почина по неколкунеделната борба, предизвикана од компликации на ревматичен артритис и пневмонија.

На официјалните страници на бендот пишува дека бил голем борец, а неговото семејство им се заблагодари на сите што се молеа и надеваа за оздравувањето на Глен.

„Зборовите не можат да ја опишат нашата тага и љубов поради сето она што тој го даде за семејството, музичката заедница и милиони обожаватели низ светот - пишува во соопштението.

„Иглс“ е еден од најзначајните бендови во САД, кој врвот во кариерата го доживеа во време на 70-тите години од минатиот век, а веројатно најпрепознатливи се по песната „Хотел Калифорнија“, за која Фреј ги напиша стиховите. Тој исто така имаше забележлива соло-кариера, а меѓу неговите хитови се вбројува и „The Heat is On“, кој се појави во филмот „Полицаец од Беверли Хилс“ во 1984 година.

http://www.idividi.com.mk/showbiz/muzika/1047528/index.html

Почина Глен Фреј, соосновач и член на групата Eagles

Извор: MIA

Објавена на: 19 01 2016 11:00:34

Американскиот гитарист, соосновач и член на една од најпознатите рок група во САД Eagles, почина вчера на 67-годишна возраст во Њујорк. Ова го соопшти денеска групата на својот Фејсбук, пренесува ТАСС.



- Со горчина соопштуваме дека нашиот пријател, основач на групата Eagles Глен Фреј, почина во Њујорк на 18 јануари, се наведува во пораката.

Музичарите изјавија дека Фреј подолго време се борел со тешки здравствени проблеми, но во последните денови неговата состојба нагло се влошила.

Глен Луис Фреј
6 ноември 1948 - 18 јануари 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Top