Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Blagojche напиша:
Пак јас :) Дали со МАКС ТВ треба да ја исклучам антената или не треба? Е сега на татко ми му пратиле порака на телефон дека сигналот е пуштен, гледам ја има Сител во „хд“ не знам како :) оти ресиверов од макс тв трепка зелено и црвено(рец) а плавото за хд не свети. Мислам дека точно ми се поврзани каблите инаку нема да се укл. ресиверо. Далечинскиот управувач не функционира ни на телевизоро ни на ресиверо...
MaxTV е IPTV телевизија, односно функционира преку Интернет протокол и нема никаква потреба од антена.

Но нема ништо лошо во тоа да ја чуваш антената, бидејќи можеби ќе снема Интернет или IPTV сигнал, па антената ќе ти заврши работа за да фаќаш сигнал од македонски ТВ канали. А ако некој ден ја откажеш MaxTV услугата - која се наплаќа, антената секогаш ќе биде тука за да ти обезбеди пристап до македонските ТВ канали - бесплатно.

Доколку дава слика на телевизорот, како што велиш за Сител HD, тогаш значи се е поврзано правилно како што треба.

Плавото за HD свети кога на рисиверот е наместена сликата да биде во HD резолуција - по можност 720 пиксели, бидејќи не сите HD канали доаѓаат со 1080 пиксели, иако можеш да ја наместиш резолуцијата и на 1080 пиксели и ако си задоволен од квалитетот на сликата, слободно задржи ја таа резолуција.

Очигледно твојот рисивер е наместен на стандардна резолуција, а не на HD резолуција и ја емитува Сител HD со намалена резолуција и затоа не свети плавата сијаличка за HD.

Кога сме кај далечинскиот управувач, рисиверот мора да биде поставен на видливо место за управувачот, а не тутнат во некој ќош тешко достапен за сигналот од далечинскиот управувач.

Провери дали се правилно наместени батериите и дали свети сијаличката на далечинскиот управувач кога ќе притиснеш било кое копче.

Но дури и да свети сијаличката на далечинскиот управувач, сепак можно е инфрацрвениот предавател на далечинскиот управувач да е неисправен. Ова можеш лесно да го провериш со камерата на мобилниот телефон. Насочи го далечинскиот управувач кон камерата на мобилниот телефон и притисни било кое копче на управувачот, како што е прикажано на наредниот видео клип. Доколку на екранот на мобилниот телефон се појави инфрацрвената светлина од далечинскиот управувач, како што е прикажано на наредниот видео клип, тогаш очигледно далечинскиот управувач функционира исправно. Провери и со други батерии за секој случај.


Доколку ги имаш 2 IPTV рисивера за 2 различни телевизора, провери да не сте ги измешале далечинските управувачи.

Доколку ништо од ова не помогне, јави им се на Ти-Хоум во техничка поддршка и пожали им се, бидејќи очигледно станува збор за некаков дефект, но пред да им се јавиш, исклучи го од струја и вклучи го повторно рисиверот за секој случај, бидејќи може да помогне.

Јас се соочив со сличен проблем кога ми го менуваа кабелскиот рисивер од Близо, или далечинскиот управувач, или рисиверот полуде и почна да ги шета каналите без никаква контрола. Едно добро исклучување од струја и повторно вклучување, како и малку провртување на батериите на далечинскиот управувач, го решија проблемот.

Многу е важно далечинскиот управувач и рисиверот да не бидат на ладно место, бидејќи во такви околности безжичниот контакт помеѓу нив двата е слаб.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,279
715
113
Готово се средив се снајдов :) но зошто кочи?? Дали то е поради интернето што сеуште не е префрлен на неограничен или така ќе си кочи??
 

alek

Активен Член
785
249
43
Штом ти кочи јави се во техничака подршака и ќе ти речатат да го рестартирас рутерот и ако не помогне тоа ќе ти речат пак да се јавиш и пак истата работа и третиот пат ќе го рестартират они од скопије и ако пак не помогне ќе треба пак да се јавиш и ќе ти испратат вработените од т-хоме и тије или ќе ти го управат или ќе ти го испјат само кафето и сокот и ќе си заминат па постепено само ќе ти се управе со по 2-3 рестарта на рутер дневно од нервоза :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Blagojche напиша:
Готово се средив се снајдов :) но зошто кочи?? Дали то е поради интернето што сеуште не е префрлен на неограничен или така ќе си кочи??
Што кочи ?

Телевизијата не може да кочи, или има сигнал или нема сигнал.

Но ако доцни сликата или звукот или преводот, или доколку има прекини во сигналот, тогаш треба да им се јавиш на Ти-Хоум во техничка поддршка.

Доколку рисиверот бавно ги врши командите од далечинскиот управувач, можеби е потребно да се сменат батериите.

Далечинскиот управувач не смее да биде оставен на ладно, а IPTV рисиверот не смее да биде збуткан некаде во ќош или на некое друго тешко достапно место за далечинскиот управувач.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,279
715
113
На пример еве сега гледам некоја серија и знае да си подзакочи на секунда - две или подолго и тоа константно.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Одново рестартирање на IPTV рисиверот, по можност преку менито, а не со исклучување од струја и повторно вклучувањем, и ако продолжи така да заебава, јави им се на Ти-Хоум во техничка поддршка.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,737
6,099
113
Пробај рутерот исклучи го од струја 10 минути нека стои исклучен па уклучи го. Можеби ова ќе ти помогне.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,279
715
113
Како да си го активирам НВО каналот? Бесплатен е.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Благојче, во ред е тоа што го користиш форумот за да се информираш, но дај обиди се и самостојно да дојдеш до бараната информација.

Ова го велам бидејќи сигурно не си го отворил официјалниот веб сајт на Ти-Хоум за да ја побараш потребната информација, каде што убаво и јасно е објаснета постапката за која прашуваш.

http://www.t-home.mk/mk/247/MaxTV/Paketi/HBO_paket.html

HBO пакет

...

Активација

За сите 3 Max и 2 Max корисници, кои за првпат го активираат HBO пакетот, првиот месец е бесплатен.

Активирањето се врши со далечинскиот управувач преку Мени >ТВ канали >MaxTV пакети, преку веб на Мој Телеком, со повик во Контакт центарот на 122 или во Телеком продавниците.

месечно: 354 ден.*

*Редовна цена со вклучен ДДВ
Патем, Благојче, HBO пакетот е бесплатен само за корисниците на најскапиот 3 Max или на најскапиот 2 Max пакет, а тоа се пакетите 3 Max Comfort и 2 Max Comfort.

За корисниците на поевтините пакети, само првиот месец ти е бесплатен, а потоа ќе мораш да плаќаш дополнителни 354 денари секој месец.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,279
715
113
Го активирав НВО пакетот преку интернет е сега од ко ќе помини еден месец како да го деактивирам? :)
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Пак продолжуваш - ние овде ќе ти одговориме ама место да не "масираш" нас, "масирај" ги на 171 или на нивната фејсбук страна.

За деактивирање на ХБО - јави се на 171 и прашај ги.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,279
715
113
Никој не те масира тебе, како прво не сум масажер а како вторно ако ти е толку тешко да одговориш на моето масажерско прашање, just ignore it, that´s all ;)
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,279
715
113
Никој не те масира тебе, како прво не сум масажер а како вторно ако ти е толку тешко да одговориш на моето масажерско прашање, just ignore it, that´s all ;)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Доколку не го користиш најскапиот пакет 3 Max Comfort или 2 Max Comfort, за да го откажеш HBO пакетот, ќе мораш да ја контактираш техничка поддршка во Ти-Хоум на телефонскиот број 122, пред да истечат тие бесплатни месец дена, за да го откажеш пакетот, бидејќи доколку им се јавиш откако ќе поминат тие бесплатни месец дена, сепак во сметката за наредниот месец ќе ти бидат додадени тие дополнителни 354 денари за HBO пакетот, па макар и да си го откажал на првиот ден од наредниот месец.

А доколку го користиш најскапиот пакет 3 Max Comfort или 2 Max Comfort, тогаш воопшто не мораш да го откажуваш HBO пакетот, бидејќи истиот следува бесплатно со било кој од тие два најскапи пакета на Ти-Хоум.

Каква заебанција се овие 3 Max и 2 Max пакетиве, тоа е чудо невидено.

Поисплатливо е човек да го одбере вториот пакет 3 Max Start/2 Max Start и тоа со договор на неопределено време, така што ќе можеш да се исклучиш кога сакаш без плаќање на пенали, а истовремено можеш да го активираш HBO пакетот и сето тоа те чини вкупно 2.153 денари месечно, додека најскапиот пакет 3 Max Comfort, со кој HBO пакетот доаѓа бесплатно, дури и во најевтината варијанта со договор за користење на 2 години, чини 2.499 денари месечно. Ова воопшто не е поисплатливо од гледна точка на понудата на ТВ канали, во споредба со кристално истата понуда кај 3 Max Start/2 Max Start пакетот. Границата на Интернетот останува 300 гигабајти, но Интернетот ќе биде побрз за плус 400 килобајти во секунда.

Единствено за телефонските разговори и Loop услугата има некои поволности и бенефиции кај 3 Max Comfort/2 Max Comfort пакетот, но од гледна точка на телевизиската понуда, поисплатлив е 3 Max Start/2 Max Start пакетот наместо 3 Max Comfort/2 Max Comfort пакетот.
 

Hook'O

Добро-Познат Член
1,431
61
48
Нови ТВ канали на MaxTV
Започнувајќи од 31.12.2014 година, во насока на подобрување на квалитетот на содржините на MaxTV, каналите Universal Channel и SciFi ќе бидат заменети со атрактивните филмски канали Tring Max, достапен на канал 509 и Tring Fantasy, достапен на канал 510.

ТВ каналот Tring Max наскоро ќе биде дополнет со превод на македонски јазик.

Дополнително, ТВ содржините ќе бидат збогатени и со документарниот канал Travel Channel, кој ќе биде достапен под реден број 109. За каналот Travel Channel наскоро ќе биде обезбеден и превод на македонски јазик.
Max Sport + за сите MaxTV корисници бесплатно во јануари
Македонски Телеком ќе им овозможи на сите MaxTV корисници да уживаат бесплатно во Max Sport + пакетот цел јануари. Пакетот опфаќа осум спортски канали: ексклузивните Arena 2, 3 и 4, како и Sport Klub 1, 2 и 3, Motors TV и Extreme Sport.

Овaa поволност се однесува на сите MaxTV корисници, без разлика дали ги имаат или ги немаат вклучено овие канали во својот MaxTV пакет.

Врз основа на барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонски Телеком беше задолжен овој месец да исклучи осум канали на MaxTV.

Во насока на подобрување на корисничкото задоволство, Македонски Телеком го овозможува Max Sport + пакетот за сите свои корисници во јануари без никаков надоместок.
http://www.t-home.mk/
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

И Ти-Хоум планираат да одат по стапките на Близо и да отстрануваат асални ТВ канали и да ги заменуваат со рамковнистички ТВ канали ?

Нека им служи на чест, па ќе видиме за колку ќе им се зголеми или намали бројот на корисници на MaxTV.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
На крајот, најдобри ќе испаднат локалните кабелски оператори. Можи си тераат на црно ама имаат најдобра понуда на канали.
 

alek

Активен Член
785
249
43
На Max TV има нов канал Арт ова некоа локолна тв од мк е или ? А гледам ги вратиле Хепи и Б92 инфо.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Art мислам дека е новата телевизија со национална концесија само преку кабелските и дигиталните оператори, но не и dvb-t.
И мислам дека е рамковна со одреден процент на програма и на турски, но не сум 100% сигурен.
 
Top