^
Повторно не читаш внимателно.
Јас спомнав МЕГАБАЈТИ, а не МЕГАБИТИ.
Технички кажано:
Кога некој Интернет провајдер нуди брзина до 1 МЕГАБИТ во секунда, всушност нуди брзина до 100 КИЛОБАЈТИ, односно 0.1 МЕГАБАЈТ во секунда.
Кога некој Интернет провајдер нуди брзина до 10 МЕГАБИТА, всушност нуди брзина до 1 МЕГАБАЈТ во секунда.
12 МЕГАБИТА = 1.2 МЕГАБАЈТИ
15 МЕГАБИТА = 1.5 МЕГАБАЈТИ
20 МЕГАБИТА = 2 МЕГАБАЈТИ
30 МЕГАБИТА = 3 МЕГАБАЈТИ
40 МЕГАБИТА = 4 МЕГАБАЈТИ
50 МЕГАБИТА = 5 МЕГАБАЈТИ
1 ГИГАБИТ = 100 МЕГАБАЈТИ - најбрзиот и најскапиот пакет со оптички Интернет на Ти-Хоум.
И доколку сеуште не разбра, МЕГАБАЈТ е повеќе од МЕГАБИТ, исто како што ГИГАБАЈТ е повеќе од ГИГАБИТ, поради што поважна е брзината во МЕГАБАЈТИ, односно во ГИГАБАЈТИ, отколку во МЕГАБИТИ или ГИГАБИТИ.
ADSL Интернетот на Ти-Хоум исто како и безжичниот Интернет на ОНЕ, достигнуваат брзина до 15 мегабити, односно 1.5 мегабајти во секунда, додека оптичкиот Интернет на Ти-Хоум достигнува брзини од 40 мегабита, односно 4 мегабајти во секунда, до 1 гигабит, односно 100 мегабајти во секунда.
Со други зборови кажано, оптичкиот Интернет на Ти-Хоум, кој сеуште не е достапен на целата територија на град Скопје и на Република Македонија, е минимум 2 ипол пати побрз и постабилен во споредба со безжичниот Интернет на ОНЕ и во споредба со ADSL Интернетот на Ти-Хоум, а може да биде дури и 100 пати побрз и постабилен во споредба со безжичниот Интернет на ОНЕ и ADSL Интернетот на Ти-Хоум.
Не знам за твоите комшии, јас користев 3 Max пакет од Ти-Хоум повеќе од 2 години и бев многу задоволен и од квалитетот на услугата и од техничката поддршка која ми ја пружаа. Единствено не бев задоволен од превисоката цена на месечната претплата, поради што се исклучив од Ти-Хоум и преминав на Близо. ОНЕ воопшто не ги ни зедов во предвид бидејќи ни тогаш, а ни денес не нудат ништо поквалитетно од тоа што го нудат Ти-Хоум и Близо, според моето лично мислење.
Но доколку Ти-Хоум ги намалат цените на пакетите во кои нудат оптички Интернет, можеби ќе почнам да го користам нивниот оптички Интернет, но само Интернетот и фиксниот телефон, нема да се вратам на MaxTV, освен ако ги поевтинат и 3 Max пакетите за барем 30%, а тоа тешко дека ќе го видиме во блиска иднина.