Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Убав помин Боби.

Не сум нешто активна по серииве, а и слабо гледам. А за одмори ќе се сведи на викенди и државни празници сето. Не можам подолго оваа година
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Убав помин Боби. :)

Јас на 21ви ќе одам во Бугарија исто десетина дена.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Немам одамна пишано по темиве, а и онака само Melissa&Joey гледам по некоја епизода 3та сезона сега.

Додуша и од останатите слаба активност има како и секое лето. Го посетивте Пиво фест во Прилеп или деновиве сте тука?
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Јас сум во Скопје, работно. Бев до Париз два дена, исто работно, има уште долго до мојот летен одмор. Излегувам, се дружам, убаво ми е летово. Не се жалам :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,122
446
83
Ако не сте задоволни од услугата, ќе ви го вратиме ѓубрето.

Ако не сакате да ви го вратиме ѓубрето, тогаш значи сте задоволни од услугата.

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:

 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,636
6,840
113
На кого како му одговара ,возачиве во Скопје заникаде не почитуваат никакви правила.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Налетав на странава на Фејсбук https://www.facebook.com/postcardsworldrecord

ми се допаѓаат вакви обиди ако е ова вистина, а не некој трик да се добијаат многу адреси.
Сепак не знам колку е сигурно со оглед на сите трошоци една ваква акција што би ги донела
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Ај ако некој знае кој (странски) канал ќе го нуди утре натпреварот меѓу Македонија и ѓупциве во кошарка.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,122
446
83
Трагедија после трагедија во венецуелскиот етер.

Штотуку читнав дека Глобовисион, последната телевизија која била критички настроена кон социјалистичката влада на Венецуела на чело со Николас Мадуро, кон крајот на август 2013 била продадена на друг сопственик кој е пријателски настроен кон владата на чело со Мадуро. Веќе се откажани бројни емисии чии што водители ги критикувале покојниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, и актуелниот претседател Николас Мадуро.

За да биде катастрофата уште поголема, РЦТВ престанале да емитуваат сигнал преку кабелските и сателитските оператори уште на 31 декември 2012, очигледно не сум го забележал ова бидејќи РЦТВ соработуваат со Телевиса и РЦН при снимањето на Las Bandidas, поради што сум мислел дека и понатаму функционираат како телевизија во Венецуела, но за жал, функционираат само како телевизиска куќа, која очигледно не може самостојно да снима теленовели, па затоа соработува со други телевизиски куќи колку за да опстои.

Имено, Las Bandidas е римејк на венецуелската теленовела Las Amazonas, снимена во 1985 година во продукција на Веневисион, а телевизиската куќа на РЦТВ со која соработуваат Телевиса и РЦН се вика RCTV Producciones.

Бог нека им е на помош на Венецуелците во време на овој медиумски мрак !!!

Бог нека ни е на помош и на нас Македонците, бидејќи и кај нас етерот не е баш исполнет со сите елементи потребни за да се смета за здрав етер !!!
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Нека ни е за многу години независна и самостојна Република Македонија!
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,122
446
83
Едни медиуми известуваат дека починал од откажување на срцето, други медиуми известуваат дека починал од рак на црниот дроб, но едно е сигурно - Душан Љубисавлевиќ, уште попознат како Дуле од музичкото дуо Дуле и Коки, повеќе не е меѓу нас живите, а со неговото заминување од овој свет, останува празнина која не верувам дека во блиска иднина некој ќе ја пополни.

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=63586

Почина Душан Љубисављевиќ од дуото "Дуле и Коки"

23.09.2013 16:27:34

Во Клиничкиот центар во Скопје почина пејачот Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“. Заедно со својот другар Коки, уште во студентските денови формираа дуо и нивните весели песни брзо ја освоија јавноста.



Пејачот Душан Љубисављевиќ од дуото “Дуле и Коки”, починал на една од скопските клиники. Поради тешката состојба во која се наоѓал пејачот, уште во раните утрински часови, неговите органи почнале да откажуваат, а денеска околу пладне настапила и смртта поради откажување на работата на срцето.

Инаку, групата “Дуле и Коки” до сега имаат снимено вкупно четири албуми. Последниот, кој содржел 11 песни, се совпаѓа со 20-годишниот јубилеј на дуото, кои во 1993 година започнаа со свирки на студентски забави. Во 1997 година победија на “Макфест” со темата “Виолина и гитара”. Единствениот голем концерт што Дуле и Коки го одржаа во Скопје беше за прославата на 10-годишниот јубилеј, во 2003 година.

Љубисављевиќ зад себе ја остави сопругата Љупка Нескова, со која пред само неколку месеци се оженил по втор пат. Во бракот ја посвои нејзината 5 годишна ќерка.
Блиски пријатели на пејачот велат де¬ка иако претходно немал кардиолошки проблеми, наеднаш му откажало срцето.

Погребот ќе биде утре на градските гробишта, во неговиот роден Штип.

Борис Грујоски
Душан Љубисавлевиќ - Дуле
1974 - 2013

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Нека почива во мир.

Ме лазат морници додека ја читам веста. Сочувство до семејството и пријателите. Не слусам многу македонска музика, но „Дуле и Коки“ секогаш ги имале едни од најдобрите песни
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,636
6,840
113
Нека почива во мир .

Се престресов кога слушнав на радио -Македонско радио. Цело време пуштаа македосна музика и туку наеднаш веста дека починал .

Имаа добра музика од мелодија до текст се на свое место ,за жал веќе нема да ги гледаме :(

Мое мислење е дека треба овој годинешниов Макфест што доаѓа да го посветат на него ,тој и Коки беа чести учесници на фестивалот.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,341
801
113
ИЗЛЕЗЕ НАЈНОВАТА SIMS - SIMS 4

Едвај чекам да ја најдам некаде по видеотекиве за да си ја иинсталирам. Ако ја најди некој случајно на нет за симнување нека објави... Јухухухху.... :bravobravo: :bravobravo: :bravobravo:
 
Top