17 Јуни 2013 - 13:09
Ако не се прекине со турските серии тогаш џабе и се сите кампањи на Владата за трето дете, барем така стојат работите во Индија.
Индијците во основа се обидуваат да направат нешто сосема спротивно од нашата Влада. Кај нив борбата е да се намали населението. Откако не успеаа сите проекти на индиската влада на оваа тема (стерилизација, повисоко образование за жените и преселување во урбани средини), истражувачите открија дека има нешто што сепак функционира, ама не е дело на Владата - кабелска телевизија.
Академиците Роберт Јенсен и Емили Остер анализирале рурални села во 5 индиски држави во период од 3 години. Тие откриле дека откако селото ќе добиело кабелска
телевизија, стапката на новороденчиња паѓала во рок од 1 година.
Истото ова се случило и во едно претходно истражување во Бразил, каде повеќе бразилски села биле следени во периодот од 1970-та до 1999-та.
Она што се истакнало во бразилската студија е што плодноста се намалила само меѓу сиромашните жени кои имале пристап до Rede Globo, каналот на кој најголемиот дел од програмата му се бразилски сапунски опери. Исто така, кај жените кои биле изложени на увозни ТВ шоуа, немала никаква промена во бројките.
Иако истражувањето на Јенсен и Остер во Индија не се фокусира на еден тип на програма, и тие заклучуваат дека индиските сапунски опери може да се критичен фактор во намалувањето на стапката на новородени.