Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,755
6,113
113
Blagojche напиша:
Едвај чекам да ја најдам некаде по видеотекиве за да си ја иинсталирам. Ако ја најди некој случајно на нет за симнување нека објави... Јухухухху.... :bravobravo: :bravobravo: :bravobravo:
Зар има уште видеотеки ? Кај нас во Тетово сите видеотеки,цд-теки со игри ,филмови и музика се затвроија а причината е добро позната ,сите ние дома имаме компјутер со брз и стабилен интернет за да си симнеме тоа што си сакаме.

Освен ако не ја купуваш играва оригинал некаде.


Ако не ти се даваат пари почекај 2-3 недели додека не извади некој копија од играта на торент за симнување
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
^
Има кај нас во Прилеп една во чаршијата ама многу тешко дека нешто продаваат. Ако ја најдиш те молам постави го линкот овде за да ја симнам... :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,755
6,113
113
Blagojche напиша:
^
Има кај нас во Прилеп една во чаршијата ама многу тешко дека нешто продаваат. Ако ја најдиш те молам постави го линкот овде за да ја симнам... :)
Барам ама уште ја нема по торент сајтовиве .
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Ко ќе ја има стави ја или пат во приватна порака, ќе те молам... :)
 

alek

Активен Член
785
249
43
поарно тука нека ја ставе оти и јас сакам да си ја симанм или нека ми ја прате и мене во приватна порака ако може :)
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
^
Лудници е 4... :) Многу по реална... Предобра е... Само изгледа ќе биде многу голема во гигабајти...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Пред речиси 2 години, Лили беше изненадена со патување во Дизниленд за нејзиниот роденден.

http://forum.tvpaket.com.mk/viewtopic.php?p=52009#p52009

Dexter26 напиша:

Не сум видел во животот поискрени солзи радосници.

Освен ако е глума, бидејќи ако е, дефинитивно заслужува оскар.
Денес, Лили е порасната и оди на училиште, но не и се оди на училиште, бидејќи не може да го земе мечето со себеси.

Но затоа мама и тато повторно ја изненадуваат Лили со ново патување во Дизниленд, а реакцијата на нејзината помала сестричка Клои, најверојатно бебето во првиот клип од пред 2 години, е во стилот - голема работа.

No school, no school...

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,755
6,113
113
сестра и се зачуди и сигурно во себе си вика
Аман бре не туку се лигави :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Каква Кејт дел Кастиљо, каква Кралица на Југот, ова се оригинални шверцерки и убавици, а не актерки.

http://www.sitel.com.mk/mk/foto-mis-na-zatvor-2013

ФОТО: Мис на затвор 2013

29. септември 2013 - 17:20



Ако се во затвор не значи дека не можат да уживаат во некои работи како и останатите слободни жени


Натпреварувачките во раскошни костими

Така, жените кои имаат „привремено живелиште“ во женскиот затвор Буен Пастор во главниот град на Колумбија, Богота веќе 18 години се организира избор на убавица, кој сега е еден вид на знаменитост и во чие жири учествуваат познати личности од телевизијата и естрадата.


Најголем дел од осуденичките се внатре поради криумчарење дрога

Затвореничките, од кои најголем дел внатре се поради нелегална трговија со дрога или пак чекаат судење или пресуда на тој ден може на кратко да заборават каде се наоѓаат да се потсетат дека се жени и да уживаат во убавина, гламур, елеганција и други мали работи кои сите жени ги обожаваат.


Малку разубавување пред настапот

Критериумите за учество во изборот не преставуваат ниту години, па покрај катеогријата за немажена убавица има категорија и „кралица мајка“, а меѓу кои оваа година се нашла и Марија Кристина Виљареал (56), мајка на три деца и баба на девет внуци. Осудена е поради криумчарење дрога, но не сака да каже колку.


Победничката преубавата Татијана Норијега, криумчарка на дрога

Изборот се одржува на празникот Богородица на милосрдието заштитничка на затвореничките, а овогодинешната победничка е црнокосата латино убавица Татијана Норијега, осудена на седум години поради криумчарење дрога.

\Netpress
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Завчера, вторник, 1 октомври 2013, од сеуште непознати причини, во 67-та година од својот живот, почина еден од најгенијалните автори на печатени, филмски и сајбер трилери, Том Кленси.

Сите кои барем еднаш во животот прочитале барем една книга или изгледале барем еден филм од книжевниот и филмскиот серијал со хероите Џек Рајан и Џон Кларк, или одиграле барем една од видео игрите од серијалите Rainbow Six, Ghost Recon, Splinter Cell и други, својата благодарност за постоењето на овие ремек дела му ја должат на авторот на истите тие ремек дела, генијалецот Том Кленси.

http://enter.net.mk/tom-klensi-pochinal-na-66-godini/

Том Кленси почина на 66 години

октомври 3, 2013 во 10:22
од Мартин Јованчевски



Авторот зад бројни бестселери, Том Кленси, почина на 1 октомври, на возраст од 66 години.

Том Кленси остави огромен впечаток не само во индустријата со книгите, туку и во поглед на филмовите и игрите, заземајќи го местото како крал на техно-трилерите.

Најмногу познат по книгите Patriot Games и Clear and Present Danger, гејмерите највеќе го паметат по серијали од игрите Rainbow Six, Ghost Recon, како и Splinter Cell. Додека господинот Кленси почива во мир, неговите дела и понатаму ќе продолжат да ги забавуваат идните генерации. Издавачката куќа Ubisot планира две негови игри во 2014 – Tom Clancy’s The Division како и Rainbow Six: Patriots.

Том Кленси

12.IV.1947 - 1.X.2013

Лесна му земја
нека почива во мир :(

R.I.P.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,755
6,113
113
Изогре куќата на Весна Бејби Петрушевска
ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА: Едвај спасивме жива глава од огнот Телеграф.мк
Градоначалничката на Општина Кисела Вода вети еднократна финансиска помош за семејството и сезонски работници и механизација за расчистување на штетата
Пожар утрово зафати дел од покривот и од внатрешноста на куќата на актерката Весна Петрушевска во Кисела Вода во Скопје. Огнот предизвика значителна материјална штета, но за среќа нема повредени членови на семејството Петрушевски.

- Едвај спасивме жива глава – рече вознемирената Петрушевска, која избегала од куќата по куќна наметка.

Пожарникарите го ставија огнот под контрола и го расчистуваат теренот. Домот попладнево го посетија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со членови на Советот и општинската администрација.
Општинската прес-служба соопшти дека Беличанец-Алексиќ ветила еднократна финансиска помош за семејството, а еднократен надомест ќе даде и општинскиот совет. Висината на финансиската помош ќе се дефинира по направениот увид од надлежните органи. За расчистување и санирање на штетите на располагање на семејството ќе бидат сезонските работници и механизацијата од општината.
има и слики од куќата http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika ... a-od-ognot
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
А другарка и и колешка Беличанец зашто не дава еднократна помош на сите бездомници и сите несреќници во Кисела Вода?
 

alek

Активен Член
785
249
43
оти не и се колеги и тие можат да се снајдат а весна има пари ама ако таа ќе и помогне спак и е колешка.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Па нели Весна Петрушевска кога коментираше за песната Уште една скала, тврдеше дека таа живее на Рузвелтова број 3 ?

Толку се за жалење госпоѓата министерка во истоимената претстава на МНТ и нејзиното семејство ?

И да, се согласувам со Beauty, од каде им на општина Кисела Вода и на Советот на општина Кисела Вода пари за да им помогнат на Весна Петрушевска и на нејзиното семејство, а немаат пари за останатите бездомници ?
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Dexter26 напиша:
Па нели Весна Петрушевска кога коментираше за песната Уште една скала, тврдеше дека таа живее на Рузвелтова број 3 ?
Нели се разведе од маж и, изгледа со маж и живееше на Рузвелтова 3.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Beauty напиша:
Нели се разведе од маж и, изгледа со маж и живееше на Рузвелтова 3.
Не сум 100% сигурен во тоа, мислам дека тоа со Рузвелтова 3 го кажа пред да се омажи, но можно е да грешам, не се занимавам нешто многу со приватните животи на нашите таканаречени естрадни личности и/или ѕвезди.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Јаоо... Треба да почекаме уште малку можи месец - два оти е прилично нова...
 
Top