Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,755
6,113
113
Jaс со закаснување да ви честитам :)
Христос Воскресе...Нека ви е честит празникот кој помина .
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Зошто на фејзбук го нема чато и не ги дава пораките во инбокс? Дали и кај вас е така?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,755
6,113
113
Кај мене е се како што треба со фејсбукот.
Незнам зошто кај тебе е така ,можеби најверојатно затоа што го менуваат целосниот изглед на фејсбукот ,нешто да е сличен како на Google + ,гледам кај некој е сменето, има опција да си побараш за да ти го сменат новиот изглед ,и кога ќе ти го сменат ако не ти се допаѓа најверојатно ќе може повторно да го вратиш на стариот.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
^
Сега е се во ред... Го рестартирав комп. и се си е во ред... А едвај чекам да стартува новиот фб... :)
Јас се пријавив за тој новиот фб, ама уште не е сменет (како што треба да биде т.е. како што е на сликата) туку се смени некој дел т.е. профилната страна... еве вака е (како долу на сликата) само горе тој дел каде што се инбокс, френд рикуест и нотификејшнс е ист како на предходниот фб... Не знам зошто уште не ми е сменат новио фб, пошто се пријавив за новиот уште пред месец и половина... :)

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,755
6,113
113
И јас пред 2-3 месеци се имам пријавено и сеуште ми го немаат сменето дизајнот .
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Beauty напиша:
Па како е тоа можно, ако една работа Светозар Јаневски ни има покажано и докажано на дело низ годините, тоа е дека е бизнисмен кој знае да прави профит.

Што го навело да влезе во судир со МекДоналдс ?

Како и да е, доколку МекДоналдс навистина повеќе не се присутни како франшиза во Македонија, ова би требало да е ситуација која треба вешто да биде искористена од страна на Бургер Кинг и/или Седмица кои би можеле да го искористат отсуството на МекДоналкдс во Македонија за да се прошират и за да му ги превземат клиентите на МекДоналдс, а исто така, ваквата ситуација би била добра шанса за било кој сопственик на ресторани кој би бил заинтересиран за превземање на МекДоналдс франшизата во Македонија, да ја превземе истата таа франшиза, доколку воопшто постои таков сопственик на ресторани во Македонија, се разбира.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Ислушав разни причини зошто МекДоналдс ненадејно се затвори вчера, и уште чекам да слушнам проверена информација.

Како и да е, водеа катастрофална маркетинг политика изминатава година и тоа ги чинеше многу муштерии, ама нема шанси до тоа да е работата.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Нека отворат турски ресторани на нивно место. Катастрофа :off:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Сега Бургер Кинг има шанса да просперира како што треба. Ќе отвораат ресторан во Рамстор.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Не знам дали ова значи дека Светозар Јаневски чека на неговиот синџир ресторани СЈ да му биде доделена нова дозвола за франшиза од МекДоналдс, или планира да ги рестартира рестораните под друга франшиза, можеби негова приватна франшиза, слично како што Дал Фуфо, Седмица, Кај Злате и Промес се македонски франшизи.

http://24vesti.mk/restoranite-na-mekdonalds-vo-makedonija-bile-privremeno-zatvoreni

Рестораните на Мекдоналдс во Македонија биле привремено затворени

15.05.2013 | 20:47

Kомпанијата „СЈ“, која од 1997 година ја има франшизата на Мекдоналдс во Македонија, денеска соопшти дека рестораните во Македонија се привремено затворени и ќе бидат повторно отворени што е можно поскоро.



Како последица на околности кои се надвор од контрола на компанијата, од неа било побарано на 14 мај да ја запре работата на Мекдоналдс рестораните на територија на Македонија, стои во сооптението на компанијата.

Од 1997, кога се отвори првата франшиза на Мекдоналдс во Скопје, Мекдоналдс Македонија го направи овој глобален бренд достапен земјата и обезбедува стабилно вработување за повеќе од 200 лица.

До денес, како што се вели во соопштението, Мекдоналс франшизата во Македонија, инвестираше шест милиони евра во воспоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на потрошувачите.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Кога веќе сме кај објектите во Аеродром, wow, дали сте ги виделе Џеваир кулите? Колкави станале. :O
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Владава полудува, што им е на луѓето? Кој се тие да одредуваат што ќе се случува во нечиј приватен живот, па да навлегуваат во вакви теми?

http://plusinfo.mk/vest/93678/Vladata-o ... e-abortira

„Владата одлучи само еднаш годишно да се абортира“.

Немам коментар. :off: :off:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
DarkShadow напиша:
Владава полудува, што им е на луѓето? Кој се тие да одредуваат што ќе се случува во нечиј приватен живот, па да навлегуваат во вакви теми?

http://plusinfo.mk/vest/93678/Vladata-odluchi-samo-ednash-godishno-da-se-abortira

„Владата одлучи само еднаш годишно да се абортира“.

Немам коментар. :off: :off:
Чист популизам, Уставниот Суд сигурно ќе го укине ова.

Ова е рестрикција слична на таа за субвенциите за трето дете, првично субвенциите важеа само за населените места со ниска стапка на наталитетот, но Уставниот Суд ја укина таквата одредба од законот, со што субвенциите станаа достапни за сите граѓани на Република Македонија.

Не се сомневам дека и оваа владина одлука ќе наиде на ист третман од страна на Уставниот Суд.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Овие конзервативни простаци дефинитивно сакат да не конторлираат, сакаат да има општество онакво како што им е насликано во главата. Немаат право на вакви работи, сакаат да не направат како Ирска и останатите конзервативни католички земји.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Морам да те замолам по не знам кој пат Таки, не ги нарекувај конзервативци, немаат ни К од конзерватизам.

Повеќе од јасна е нивната агенда, им требаат гласови, знаат дека дипломците и магистрите нема да гласаат за нив бидејќи за нив нема работа, пензионерите сигурно ќе гласаат за нив бидејќи им ги зголемуваат пензиите и бидејќи им пружаат бесплатен превоз во Скопје, наивните средношколци и студенти можеби ќе гласаат за нив, а можеби не, а со ваквиот потег се обидуваат да ги привлечат гласовите не на конзервативните гласачи, туку на тие кои се противат на абортусот, но ништо од тоа што досега го спомнав нема ама баш никаква поврзаност со конзерватизмот.
 
Top