Овде имаше вода во ноќните часови. На пример доаѓа некаде кај 22:45 и потоа уште час до час и пол е слаб притисокот за капење/туширање значи останува да се измие нешто што останало, да се полни за другиот ден и така.
После околу полноќ или евентуално рано наутро 6-7часот капење/туширање. Е сега кај што се мал број членови во семејството можи било полесно ама кај што се повеќе е навистина тешко и тоа да се изведува. Да не ме сфатите погрешно сите ги имаат истите потреби ама на пример ако живеат 2ца тоа би го завршиле за пола час до час, а кај што се 5-6луѓе во семејството и пола ноќ е малку. А делот со перење алишта па и во машина е тоа мислам е/беше нешто најтешко. После полноќ да се пусти, па ако има повеќе за перење во текот на ноќта некој да вади испрани алишта, да става за перење и така цела ноќ
Многу ќе беше поинаку да пуштаа барем по 2-3 часа преку ден колку дел од работите да се завршат ама се надевам дека повеќе нема да има прекини или ќе бидат минимални ако веќе мора