На вестите на Сител во 16:00 часот помина овој видео клип за гужвата пред новата продавница на Нептун до новоотворената продавница на Бриколаж, какви лажговци се, тоа не ми се верува.
Наводно Македонците почнале да прават гужви пред Нептун исто како што и Кинезите правеле гужви во продавниците на Епл во Кина кога оделе да купуваат АјФони и АјПади, лага невидена, на видео клипот се гледа дека е отворен влезот на продавницата, но истовремено се забележува дека обезбедувањето не пушта никого да влезе, но тоа што не се гледа на видео клипот, се барикадите со кои обезбедувањето го блокираше влезот на продавницата, со други зборови кажано, луѓето на видео клипот не влегуваат во продавницата поради барикадите кои не се гледаат на видео клипот, а не поради наводната гужва, не ги имаше ни 200 луѓе на тој паркинг, тоа не може да се нарече гужва.
Барем до 11:30 часот кога јас си заминав од таму, продавницата на Нептун СЕУШТЕ НЕ БЕШЕ ОТВОРЕНА, иако јасно пишува дека работи од понеделник до сабота од 9:00 до 21:00 часот и во недела од 9:00 до 19:00 часот.
Да знаев дека ќе се прави ваков лажен публицитет, ќе снимев видео клип, почнувајќи со луѓето од обезбедувањето како ги поставуваат барикадите, а завршувајќи со неколкуте десетици луѓе кои не беа пуштани да влезат во продавницата, но воопшто не ни помислував дека станува збор за ваков лажен публицитет.
А со овој видео клип на Сител се прикажува како да станува збор за ненормална гужва предизвикана од огромниот интерес за продавницата и производите кои ги нуди Нептун, а во реалност станува збор за забарикадиран влез на продавница и обезбедување кое намерно не ги пушта потенцијалните купувачи да влезат во продавницата.
Невиден идиотизам.
А кога сме кај Бриколажот, тие си имаат проблеми со цените кои се неоправдано високи за македонскиот животен стандард.
Еден HDMI кабел од 1 ипол метар или од 2 метри, го продаваат по ненормална цена од над 1000 денари, додека во македонските продавници за информатичка технологија, HDMI кабел од 10 метри може да се најде и по цена од 300-400 денари.
Наводно продавале "европски" производи од германски и француски производители (Хама и не знам кои други), па од таму и "европските" цени.
Е па јас, како човек кој се занимава повеќе од 10 години со информатичка технологија, потврдувам дека и кинеските производи, барем од областа на информатичката технологија и аудио и видео опремата, се на исто ниво на квалитет, ако не и на повисоко ниво на квалитет, во споредба со овие "европски" производи кои ги продава Бриколаж.
Повеќе од 10 години користам кинески производи од областа на информатичката технологија и аудио и видео опремата и немам причини за да се жалам, а ниските цени на кинеските производи се причина повеќе зошто да не ги купувам неоправдано скапите "европски" производи на Бриколаж.
Ако една Кина која е на Далечниот Исток може да продава евтини и квалитетни производи истовремено, тогаш и една Франција и една Германија кои се наоѓаат на најмалиот континент во светот и се многу поблиску до Македонија од гледна точка на географска далечина во споредба со географската далечина на Кина од Македонија, исто така можат да го следат кинескиот пример за производство и продажба на евтини и квалитетни производи истовремено.