^
Засега ќе отвораат дописништво во Македонија, значи не телевизија, туку дописништво, кое ќе ги известува за настаните во Македонија.
По тоа што го имам слушнато, а ова не се чаршиски муабети, иранската национална телевизија како државен и национален медиум емитува 24/7 антисемитистичка и нацистичка пропаганда, паѓањето на игла во Европа ќе го претстават како скандал во Иран, секаков протест во Европа го претставуваат како борба против "угнетувањето од страна на европските неверници и зионисти".
Со други зборови кажано, станува збор за пропагандна машинерија која сигурно нема да ужива да известува за македонските христијански манастири стари неколку векови, за секуларната македонска држава (која сериозно е загрозена од актуелната власт), како и за Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје, но од друга страна сигурно ќе ужива да известува за поплаките од ИВЗ поради Вевчански карневал и ред други глупости.