Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Пејпал дојде во Македонија!
http://on.net.mk/vesti/internet/pejpal-dojde-vo-makedonija

PayPal доаѓа во Македонија? Конечно!?
http://www.it.com.mk/paypal-doaga-vo-makedonija-konechno/

Ваквата вест се потпира на содржината на наредната Интернет страница:
https://cms.paypal.com/ba/cgi-bin/marketingweb?cmd=_render-content&fli=true&content_ID=ua/upcoming_policies_full&locale.x=en_US

Но сепак на Интернет страницата кон која води вториот линк веќе се појави коментар според кој оваа Интернет страницава кон која води последниов линк постои веќе 4 или 5 месеци, па можно е ова да е уште една заебанција во серијата дриблања кои ги трпиме од 2008 година кога за прв пат ни ветија дека PayPal ќе почне да ги нуди своите услуги во Македонија.

Ама ајде, и онака чекаме со години, ништо нема да ни биде ако чекаме уште 21 ден додека да дознаеме дали ова е уште едно дриблање, или вистина како за промена.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
‎.¤ *¨¨*¤.¸¸...¸.¤.¤ *¨¨*¤.¸¸...¸.¤.¤ \
\♥ М ♥ А♥ К♥ Е♥ Д♥ О♥ Н ♥ И♥ Ј♥ А ♥ \
.\¸.¤ *¨¨*¤.¸¸.¸.¤*¤ *¨¨*¤.¸¸...¸.¤.¤.\
..\
☻/
/▌
/ \
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Браво МАКЕДОНИЈО! :jupi:
Ова е доказ дека имаме и те како талентирани спортисти, само за жал многумина не знаат да го ценат тоа.
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Браво Македонија. Иако не го гледав мечот, цел Фејсбук е натрупан со статуси, линкови и сл. Секоја чест.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Јас денес случајно го фатив,и неописливо беше чуството кога го видов последниот кош. Горда сум што сум Македонка,големо БРАВО за момците од нашата кошаркарска репрезентација:se poklonuva::
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Бев прееска на плоштад, многу убава атмосфера имаше.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #810
Свршија сите на Фејсбук со коментари/статуси/објавување патриотски песни. Ја разбирам еуфоријата, многу ми е мило, башка што победивме тим што има освојувано титули, а од друга страна и со земја што не сме во добри односи. Но премногу идиотизам ми дојди објавувањето на сите тие работи, плукањето, да не речам пцуењето на таа земја а 80% од нив во албумите имаат слики од овогодишен одмор во таа земја.

Значи го мразам “лажниот патриотизам“, барем да не се прават патриоти во тој дел, а иначе многу ми е мило што победија, и ги ценам искрените статуси на Фејсбук, а не повеќето кои што знам дека се само ради-реда. :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Во право си, еве, сега среде криза, становите во Грција се ептен евтини, дури поевтини и од становите во Скопје и во Охрид.

Ако навистина северна Грција, односно Егејска Македонија, е дел од природните граници на Македонија, треба најкомотно да го македонизираме тој дел, а баш сега кога становите се евтини среде криза, имаме одлична шанса за тоа.

Но за жал, како што слушам, исклучиво македонските богаташи инвестирале во недвижнини во Грција годинава, а нив и не можеме баш да ги ставиме во групата патриоти, бидејќи имаат пари и можеби инвестираат чисто само за да заработат уште повеќе пари, а не за да ја македонизираат Егејска Македонија.

А од друга страна, македонците од средната класа, поконкретно тие кои што ти ги спомна на кои што албумите им се полни со слики од одморите во Грција, не се баш заинтересирани за да учествуваат во тој процес на македонизација на Егејска Македонија, што повеќе од доволно говори за тоа колкави патриоти се.

Јас никогаш не сум бил во Грција, а и не планирам, не поради грците, туку поради нивните власти, кои се про-фашистички ориентирани, не ги признаваат грчките малцинства, меѓу кои спаѓа и македонското малцинство во Грција, и бидејќи го толерираат понижувањето на македонските возачи во Грција, но кога би одел, би одел за да им ги наполнам џебовите исклучиво на македонците во Грција со пари од одмор и шопинг, а не за да им ги наполнам џебовите на грците во Грција.

Не се сметам себеси за патриот, бидејќи мојата дефиниција за патриот е:

" Патриот е човек кој создава нешто што ќе биде од огромна корист за неговата држава и за неговата нација, нешто што ќе остане во наследство и за наредните генерации кои исто така ќе имаат корист од тоа и ќе го помнат по тоа ";

а јас не сум таков човек, но верувам дека повеќе патриотски постапувам со тоа што не им ги полнам џебовите на грците, отколку со тоа да се удирам во гради и да пејам патриотски песни на цел глас, но сепак во лето да им ги полнам џебовите на грците.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Грците го блокираа граничниот премин Богородица
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=91346&kategorija=1

Неколку автобуси со грчки граѓани утринава пристигнале на преминот Богородица и започнале бојкот, и воопшто не дозволувале никаков протек на патници, дознава Нетпрес.


Тие дошле на границата со намера за протести, најверојатно по вчерашниот пораз на грчката кошаркарска репрезентација од страна на Македонија, со транспаренти на кои било испишано “Македонија е грчка“ и останати погрдни зборови, а постојано го изложувале и знамето на Вергина.


Од граничниот премин “Богородица“ за Нетпрес ја потврдуваат оваа информација, додавајќи дека протестите се од грчка страна, но и дека се уште немаат информација зошто се покренати истите.


Засега на граничниот премин Богородица нема проток на патници, а во текот на денот следат подетални информации за инцидентот.
Грчки екстремисти ја блокираа Богородица
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C57C097C20DA7F4CA36BB8D137075C7F

Гневна толпа Грци го блокираше преминот „Богородица/Евзони“
http://www.plusinfo.mk/vest/14080/Gnevna-tolpa-Grci-go-blokirashe-preminot-BogorodicaEvzoni

Немам коментар.

Нешто је труло у Грција "лулката на демократијата" и болесно. :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Не мислите дека шпанскиов судија некако ги нејќеше нашинциве ?

Ептен неоправдани фаули им пресуди, можеби бидејќи во неговата родна Шпанија (која е единствената држава во Европа во која фашистичката диктатура не беше срушена во Втората светска војна, бидејќи Шпанија не учествуваше во истата) Каталонија и Баскија сакаат да си ги вратат некогашните статуси на автономни области кои ги уживале пред доаѓањето на власт на фашистите на чело со Франциско Франко, па во знак на консолидирање со про-фашистички ориентираните грци кои вчера паднаа како круши, одлучил денеска да им пресудува неоправдани фаули.

Всушност, токму поради Каталонија и Баскија, Шпанија до денешен ден не го признава Косово како независна држава, а не ја признава ни Република Македонија под уставното име.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Заеби судии и се', луѓе, ова е буквално ПОДВИГ, значи со ротација на само 8-9 играчи успеавме да влеземе во осминафинале. :se poklonuva::
Сега останува да навиваме да влезат Хрватска и Грција за да ги собереме сите поени за понатаму и да ни биде уште полесно. :se poklonuva::
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Мајка ми имаше таков, издржа едно 3 или 4 години, добар телефон беше за тоа време, и скап, се разбира.

Но за Нокиа велат дека намерно планира да банкротира за да на крајот му се продаде на Мајкрософт, бидејќи во последно време Нокиа произведува исклучиво скапи, но не и квалитетни мобилни телефони.
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Dexter26 напиша:
Но за Нокиа велат дека намерно планира да банкротира за да на крајот му се продаде на Мајкрософт, бидејќи во последно време Нокиа произведува исклучиво скапи, но не и квалитетни мобилни телефони.
не зезај
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Добар бизнис си тераат, замисли, во Саудиска Арабија продаваат мобилни телефони по цени од 10000 евра и повеќе, човек ќе се запраша со кој памет толку скапи, а цените всушност биле толку високи бидејќи телефоните биле изработувани од чисто злато, бидејќи саудијците плачат по вода и плодна земја, а не по нафта и пари, бидејќи нафтата и парите ги имаат во изобилие, ама затоа водата и плодната земја се реткост кај нив.

Ама очигледно ова не ги задоволува доволно апетитите на сопствениците на Нокиа, поради што, наводно, Нокиа планира намерно да банкротира за да му се продаде на Мајкрософт, бидејќи се помал е бројот на корисници на нивните исклучиво скапи, но не и квалитетни мобилни телефони.

Ова е чиста шпекулација, но фактите говорат дека работите навистина се движат во тој правец, Нокиа го купи Симбијан и се очекуваше револуција во светот на мобилните телефони откако Нокиа објави дека Симбијан ќе стане бесплатен и достапен за сите мобилни телефони во светот, таквата револуција се случува во моментов, но не ја предводи Симбијан, туку Андроид на Гугл, додека Нокиа најави дека од Симбијан ќе премине на Виндоус Фон 7 оперативниот систем на Мајкрософт, што наводно е првиот чекор кон продавање на Нокиа на Мајкрософт.
 
Top