Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Абе не брблај. Ова со Нокиата е затоа што ги победивме Финска (капиш?), со резултат 72-70.
Captain Obvious.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Јасно ми беше уште од почетокот, но сепак одлучив да го свртам малку вниманието од актуелната тема на дискусија (капиш?).
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Хаха, леле, честитка на профилот на One:

Браво момци!!!
Уште една победа на нашите кошаркари. Волку, волку сме горди на Вас :)
Напред Македонија!
Рекламата колку кине нерви, толку и инстантно се проби во поп-културата кај нас.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Како бе и толку ?

Не сакаш да победиме и во осмина финалето ?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83




Резил невиден.

Само поради церемонијата на 8 септември 2011 по повод 20 годишнината од независноста на Република Македонија, ги тргнале скелињата и поставиле платна таму каде што не довршиле со поставувањето на релјефите.

Па подобро ќе беше да ја исклучеа портата од церемонијата на 8 септември 2011, наместо да ги тргнат скелињата, па после 8 септември 2011 повторно ќе ги вратат за да ја довршат работата.

Вака ќе славиме 20 години независност со само фиктивно завршена Порта Македонија, срам невиден.

Работава демек морало да биде пуштена во употреба поради церемонијата, ама после повторно ќе ја затвориме за да ја довршиме, звучи познато, како хотел-казиното Фламинго во Лас Вегас.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Team Pld W L PF PA GA Pts.
Macedonia 5 4 1 362 337 1.074 9
Greece 5 4 1 360 324 1.129 9
Finland 5 2 3 373 366 1.003 7
Croatia 5 2 3 396 404 0.980 7
Bosnia and Herzegovina 5 2 3 380 409 0.929 7
Montenegro 5 1 4 357 388 0.921 6

:se poklonuva::
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Од цела поранешна Југославија, четири држави беа во групата Ц, а баш таа која не излегува на море влезе во осмина финалето, Црна Гора славеше по повод единствениот пораз на Македонија во групата, но сепак го заврши Европското Првенство во Кошарка 2011 со најмалку бодови во групата, а соодветно на тоа и на последно место во истата.

Исто така и Србија од групата Б и Словенија од групата Д влегоа во осмина финалето, но и двете се на вторите места во своите групи, додека Македонија е на прво место во групата Ц.

46566 46566 46566
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Значи не била поентата во морето, демек лековита вода, туку во кондицијата, талентот, подготвеноста и некои други поважни фактори.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Честитки за Македонија

Овај волков ми е веќе преку глава за само неколку дена ама изгледа дека за репрезентацијата наша е поприлично инспирирачки така да ќе издржиме уште некој ден со него
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #835
Ужасна е портата, значи и после реализацијата ми изгледа најдебилно од сите проекти за 2014. :off:

Иначе и за рекламата исто мислење, поиритантна реклама во животот не сум сретнал, не знам кој е поодвратен, дали волкот, дали Лоба, дали текстот.
Страшно. :off:
 

bakigvg

Нов Член
208
0
0
Волку Волку уште на Лоба в п_ _ чка и толку, засега најдобра од сите верзии.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Наидов на интересна работа околу нашето знаме на build.mk, нешто што ретко кој го приметува, а е навистина важно.

http://build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=846&PID=111501#111501

Инаку денес во „Нова Македонија“ имаше поклон платнено знаме на Македонија (не толку големо, ама ОК) и вчера вечер едвај фатив последен примерок во една трафика, а не беше ни 22 часот. :rolleye:

И уште една информација од Википедија:

In 2002, the editors of the World Almanac elected the ten best flags of all states of the world. The Macedonian flag ended up in second place, the first was the flag of Bhutan and the third was Kiribati's flag.
:jupi:

Нашето знаме некој го нарекува вентилатор, некој не може да го преболи старото од Вергина со кое е заменето истото, но какво и да е, јас си го сакам. Сепак е многу подобро отколку триколорните знамиња.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48


Burger King на Александар Велики.
Од build.mk.

Ајде, го чекаме и во урбаниот дел на Скопје. :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Од се срце ви препорачувам да ја гледате репризата на емисијата Јади Бурек од вторник, 6 септември 2011, во која што новинарот Зоран Божиновски, на нас познат како новинарот кој почна да ја разобличува Љиљана Петрович пред македонската јавност онаа вечер кога ја интервјуираа во А1 непосредно по трагичната и рана смрт на Тоше Проески, на кого Љиљана Петрович му беше менаџерка.

Преку Skype, од Србија каде што буквално живее во прогонство, бидејќи во Македонија речиси и да нема личност од македонското подземје која не му посакува смрт поради информациите со кои што овој човек располага, барем тој така тврди, Божиновски на македонската јавност и разоткри доста тајни, за шверцот на цигари уште од 1970-те години во поранешна Југославија, за потомците на шверцерите на цигари, меѓу кои спомна и едно интересно име, Бранко Црвенковски, најкратко кажано, пред македонската јавност ги извади валканите алишта на подземјето на поранешните југословенски простори.

Меѓу другото спомна и една работа која за нас, членовите на форумот на ТВ Пакет, е доста интересна, згаснувањето на А1, за што спомна дека единствениот грев на Велија Рамковски е тоа што одбил да му бакне рака на Сашо Мијалков за да Мијалков стане главен и одговорен уредник на А1.

Дека Рамковски има за што да одговара пред законот, тоа е факт, но Божиновски ја разоткри пред македонската јавност селективноста на македонскиот правен систем кој не ја дели правдата еднакво кон сите криминалци.

А Јанко "непартискиот и независниот новинар" Илковски, веднаш откако Божиновски му спомна дека заедно со Миленко Неделковски, Мирка Велиновска, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, Јанко е само уште еден виновник поради опаѓањето на рејтингот на актуелниот премиер Никола Груевски, "непартискиот и независниот новинар" Илковски експресно го заврши интервјуто со Божиновски после неполни 10 минути продолжение на интервјуто после рекламите.

Премногу спомнав, а претерав и со политиката, не сакам да ја спречам неизвесноста.

Ве молам, имајте милостија кон здравиот ум и разум, гледајте ја репризата и информрајте се, по можност снимете ја и закачете ја на Интернет, ова е повеќе од важно.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Кога има реприза, освен маратоните преку викенди?
Прееска фатив малку, ама не ме заинтересира.

Ај ако не те мрзи пиши уште нешто од интервјуто. :)
 
Top