Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Овој е одамна познат за македонската јавност, само сега со фејсбук повеќе дознаа за него. Мислам дека имаше дечко Македонец.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,753
6,113
113
хејтер напиша:
Овој е одамна познат за македонската јавност, само сега со фејсбук повеќе дознаа за него. Мислам дека имаше дечко Македонец.
Дечко ?
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Така мислам дека имав прочитано пред неколку години кога беше популарен со постарите обработки, ама никаде не можам да најдам каде беше напишано тоа. Се си мислам дека беше на он.нет.мк, ама не можам да најдам на гугл.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,753
6,113
113
СКАНДАЛ: Сопственикот на Буба Мара радио забранил да се пушта македонска музика !
На реакција на македонската поп пејачка Бојана Атанасовска по издавањето и промовирањето на новата песна, за која по долга пауза се појави повторно на македонската музичка сцена, денеска од радио „Буба Мара“ и одговориле - не ПУШТАМЕ МАКЕДОНСКА МУЗИКА, ни забрани газдата !

„И ова доживеам да го чујам .. Стои во коментарот на Бојана на својот Фејсбук профил. Бојана се прашува зошто да снимаме македонска музика кога во сопствената земја Македонија не сакаат да ни ги пуштат песните !
komunikacija.mk
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Дали постои начин да се мери слушаноста кај радиостаниците како што е гледаноста кај телевизиите?
И без мерење, очигледно е дека македонската музика не сакаат луѓето да ја слушаат.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Метрополис толку ниско? Мене после Антена ми е најдобро!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,753
6,113
113
И мене после Антена ,најдобро ми е Метрополис ,но немаат многу емисии вечерни повеќе навечер пуштаат музика исто и во викенд се со повеќе музика а емисии само две .
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
На денешен ден, понеделник, 8 април 2013, како последица на мозочен удар, на 87 годишна возраст, почина една од незаборавните личности на 1980-те години, првата и засега единствена жена премиер на Обединетото Кралство, како и премиер кој најдолго време останал на власт во Обединетото Кралство во текот на 20-от век, жена која остави белег во претпоследната деценија на 20-от век и ќе остане запамтена како Железната дама на 20-от век, Маргарет "Меги" Тачер.

Ретко кога имам да кажам нешто добро за политичар кој штотуку починал, Маргарет Тачер не е исклучок, лично мислам дека беше арогантна и самобендисана, нејзините политики и нејзините постапки имаа негативни последици врз Велика Британија кои и до денешен ден се чувствуваат.

Но несомнено, Железната дама беше една и единствена, и покрај сите негативни карактеристики, сепак доброто на нејзината нација и на нејзината татковина и беше на прво место, кога ние во Македонија би имале наша Железна дама, Балканот би ни се клањал пред стапалата на 2 милионската македонска нација.

http://www.sitel.com.mk/pochina-chelichnata-lejdi-margaret-tacher

Почина 'челичната лејди' Маргарет Тачер

8. април 2013 - 14:14



Првата единствена жена-премиер на Велика Британија, Маргарет Тачер денеска почина.
Тачер починала од мозочен удар, на 87 години, а веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот портпарол Лорд Бел.

-Со голема тага, Марк и Керол Тачер објавуваат дека нивната мајка, Маргарет Тачер почина утрово, по претрпувањето на мозочен удар, изјави Бел.

Маргарет Хилда Тачер по занимање беше адвокат и хемичар. Тачер 1974 година станува првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство и ја извршувала функцијата од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година.

Маргарет Тачер се памети по својата одлучност повеќе од кој било друг политичар од тоа време. Позната е по блиските односи со американскиот претседател Роналд Реган. Во време на нејзиното владеење Британија влегува во Фолкландската војна со Аргентина, поради спорот околу Фолкландските острови 1982 година.
Маргарет Тачер

13.X.1925 - 8.IV.2013

Лесна и земја
нека почива во мир :(

R.I.P.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Денов навистина е историски, а започна толку секојдневно.

На денешен ден, пред точно 40 години, во 1973 година, починал Пабло Пикасо.

На денешен ден, пред точно 30 години, во 1983 година, формиран е бендот Плави Оркестар.

На денешен ден, понеделник, 8 април 2013, во скопската општина Центар беа поставени над 40 нови споменици и скулптури.

На денешен ден, понеделник, 8 април 2013, Меѓународниот Суд на Правдата со седиште во Хаг, Холандија, објави дека го ослободува Јохан Тарчуловски откако го исполнил условот да одлежи 2 третини, односно 8 години, од неговата 12 годишна затворска казна.

На денешен ден, понеделник, 8 април 2013, почина Маргарет Тачер.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
На овој пост дефинитивно местото му е во оваа тема, бидејќи нема соодветна тема за општа цензура, а дефинитивно не му е местото во темата Цензурирање на интернетот, бидејќи статијата кон која води наредниот линк е поврзана со општа цензура, а не само со цензурирање на Интернетот.

СРД прераснува во Агенција за медиуми, која ќе има право да ја ограничува слободата на медиумите, но не само на радијата и телевизиите како што беше досега, туку и на весниците и на Интернет порталите, кои досега не подлегнуваа на вакви ограничувања.

Се подготвува медиумски мрак во Македонија, мислам дека е редно време сериозно да се разгледа опцијата за преселување на Интернет порталот и на Интернет форумот на ТВ Пакет на странски Интернет домеин за да го избегне медиумскиот мрак кој полека, но сигурно, се издигнува во Македонија.

Форумов е полн со негативни критики кон македонските медиуми и не верувам дека ќе преживее постојани обвинувања за навреда и клевета пред идната Агенција за медиуми согласно со новиот закон за навреда и клевета, кој оваа идна агенција ќе го спроведува.

http://www.24vesti.mk/noviot-zakon-za-mediumi-„monstrum„-shto-kje-gi-„jade-i-mele“

Новиот Закон за медиуми „монструм„ што ќе ги „јаде и меле“

10.04.2013 | 17:19

Иако со Уставот цензурата е забранета, а слободата на изразување е гарантирана, новиот Законот за медиуми предвидува во одредени случаи таа да може да биде ограничена.



Улогата на цензор ќе ја има Советот за радиодифузија кој во иднина ќе прерасне во Агенција за медиуми, која покрај за телевизиите и радијата, ќе биде надлежна и за весниците и за интернет порталите кои досега не подлежеа на регулација.

Според член 4 од законот, слободата на медиумите ќе може да биде ограничена кога Агенцијата ќе оцени дека тоа е нужно меѓудругото и заради заштита на здравјето или моралот, заштита на угледот или на правата на другите, спречување за откривање на доверливи информации или заради зачувување на авторитетот и независноста на судската власт.

Со законот, забрането е и со објавувањето на програмски содржини во медиумите да се загрозува националната безбедност.

Овие формулации, кои може да се толкуваат многу широко, најмногу ги загрижуваат новинарите. Кој и како ќе оценува што е тоа “загрозување на националната безбедност“? Кои се тие „доверливи информации“? Како ќе се проценува која информација може да наштети на „авторитетот и независноста на судската власт“ и зошто таа да не смее да биде коментирана и критикувана, како другите две власти – законодавната и извршната? Кој ќе проценува што е морално, а што не? Зошто да се ограничува информација која може да наруши нечиј „углед“, кога има закон за навреда и клевата?

Сите овие дилеми, доколку не бидат разрешени со прецизирања во законот, ќе остават простор за стравување дека е можно да се цензурираат медиуми кои нема да им се допаѓаат на членовите на Агенцијата.

А, тие ќе бидат седуммина, сите избрани во Собранието со гласовите на мнозинството. Тројца по предлог на собраниската Комисија за избори и именувања, тројца по предлог на ЗЕЛС, и еден по предлог на мнозинското здружение на новинари. Членовите на Агенцијата ќе имаат мандат од 9 години, а за својата работа ќе добиваат надоместок во висина до 4 просечни плати.

Со стапувањето на сила на законот, ќе престане постоењето на Советот за радиодифузија, а со тоа и мандатот на сегашните 15 члена.

http://www.dailymotion.com/video/xyw9hh_eksperti-za-zakon-za-mediumi_news

Гоце Михајлоски
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Конечно некаква корист од спомениците од проектот Скопје 2014. :haha:

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9ADFB262109E2B4EBCCA68FD4652589A

Се печат виршли на вечниот оган

РОШТИЛИЈАДА - ДА НЕ ГОРИ БАДИЈАЛА

На фотографијата се прикажани три момчиња и девојче кои во рацете држат виршли и ги печат на вечниот оган, во паркот "Жена-борец" во Скопје

Деновиве по социјалните мрежи кружи фотографија на која четворица тинејџери печат виршли на вечниот оган, којшто е дел од Споменикот на паднатите херои за Македонија во паркот "Жена-борец" во Скопје. На фотографијата се прикажани три момчиња и девојче кои во рацете држат виршли и ги печат на вечниот оган, кој, според ветеното, би требало да гори 24/7. Според коментарите на социјалните мрежи, тинејџерите очигледно не сакале огнот да гори бадијала, па решиле пикникот во паркот да го збогатат со по некоја виршла.



Ваквото однесување општина Центар не сакаше да го коментира. Надлежните кусо ни изјавија дека имаат ангажирано фирма за заштита на спомениците, на која и плаќаат околу 120.000 евра за две години. Скопската агенција "МДН обезбедување" има обврска во рок од две години да врши постојана контрола на спомениците, да ги спречува евентуалните неовластени дејства врз нив.
-Сепак, не секогаш може да се дочуваат спомениците. Тие се обезбедени, но во овој случај станува збор за минута-две, кои биле искористени од група тинејџери. Повремените контроли не се во можност да ги евидентираат сите неовластени дејства врз спомен обележјата во центарот на градот, изјави Јовица Ацковски, портпарол на општина Центар, при тоа додавајќи дека доколку тинејџерите биле фатени од страна на физичкото обезбедување, тие ќе биле приведени во полициска станица на информативен разговор. Во овој случај, казна не следува. Единствено се казнуваат оние кои ќе ги оштетат зданијата поставени низ центарот на метрополата.
Епа, дечки, на здравје нека ви е ручекот!

(Ив. Т)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Воопшто не сум обожавател на рап и хип хоп, но едно време насекаде само ова го пуштаа на радио, исто како што и сега на телевизија пуштаат исклучиво турски и индиски глупости.

Пролетва ептен буди спомени, ме потсети на Ромео мора да умре, а знаеме дека истоимениот филм, освен на Џет Ли, ќе не потсети и на една личност која прерано го напушти овој свет, загинувајќи во авионска несреќа - Алија, познатата американска пејачка, танчерка и актерка, која загина на 22 годишна возраст во авионска несреќа на Бахамите.


:plac: :plac: :plac: :plac: :plac:
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Може сум утнал местото, но сакам да побарам од вас помош, па решив и тука да прашам.
Ми треба Вашето мислење, дали Членот 28, став 3 од Закон(от) за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е Уставен или постои можност да биде оспорен, односно укинат од Уставниот суд на Република Македонија.
Еве го Член(от)28, став(от)3:

Фала однапред.
 

alek

Активен Член
785
249
43
Знае ли некој како се викаше филмот со Магдалена Ризова и двајца брајќа нез кој ги толкуваше нивните улуги ама знам дека ја држеа како заложничка на сила ја грабнаа мислам дека еден од браќата сакаже жена да му биде ако знае некој нека пише и ако го има негден поставено по интернетов не пише. Благодарам однапред :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Стефан напиша:
Може сум утнал местото, но сакам да побарам од вас помош, па решив и тука да прашам.
Ми треба Вашето мислење, дали Членот 28, став 3 од Закон(от) за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е Уставен или постои можност да биде оспорен, односно укинат од Уставниот суд на Република Македонија.
Еве го Член(от)28, став(от)3:

Фала однапред.
Доколку законот е дел од Уставот на Република Македонија, тогаш Уставниот Суд не може да врши било какви измени во законот, ниту да го укине самиот закон, бидејќи самиот закон е загарантиран и заштитен од страна на самиот Устав на Република Македонија, а Уставниот Суд е обврзан да го штити Уставот на Република Македонија.

Во спротивно, доколку законот не е дел од Уставот, тогаш слободно може да се даде на Уставен Суд за да се процени дали тој закон е во согласност со Уставот на Република Македонија или се коси со одреден член или закон од Уставот.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Dexter26 напиша:
Доколку законот е дел од Уставот на Република Македонија, тогаш Уставниот Суд не може да врши било какви измени во законот, ниту да го укине самиот закон, бидејќи самиот закон е загарантиран и заштитен од страна на самиот Устав на Република Македонија, а Уставниот Суд е обврзан да го штити Уставот на Република Македонија.

Во спротивно, доколку законот не е дел од Уставот, тогаш слободно може да се даде на Уставен Суд за да се процени дали тој закон е во согласност со Уставот на Република Македонија или се коси со одреден член или закон од Уставот.
Прашањето ми е, дали ако се укине овој член, дали ќе може да се организира референдум за враќање на т.н. Закон за децентрализација од 2004, со што Кичево, Струга и другите општини би биле повторно со мнозинство македонци.
Да не се фалам, но нешто почнав да разговарам со СМК, но застанавме до Член28, став3, кој ми е проблем, ме кочи да не можам да организирам.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Нема за што да разговараш со политичките партии, сите се лажговци од прв до последен, единствен начин било каков референдум да успее во една држава, е ако истиот биде побаран од страна на граѓаните на таа држава, а не од страна на одредена политичка партија.

Инаку, да, доколку се укине тој член од законот, тогаш ќе може да се распише референдум за враќање на старата територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија од пред 2004 година.

Но факт е тоа дека во ноември 2004 се одржа референдум за истото прашање, а Македонците најкомотно си молчеа и не излегоа да гласаат, бидејќи истата таа недела САД ја признаа Република Македонија под уставното име, па наместо да гласаат, Македонците одлучија да слават бидејќи САД не признале под уставното име, а видовме од колкава корист ни беше таквото признавање од страна на САД.

Како и да е, доколку тој закон не е дел од Уставот на Република Македонија, тогаш Уставниот Суд може да расправа за тој конкретен член од тој конкретен закон и евентуално да го укине, поради што ќе биде отворен патот за референдум по прашањето за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија.

Во спротивно, доколку законот е дел од Уставот на Република Македонија, тогаш Уставниот Суд не смее да расправа за истиот тој закон, бидејќи Уставниот Суд е обврзан да го штити Уставот на Република Македонија, а со тоа и сите закони кои се дел од Уставот на Република Македонија.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
^
СМК (Светски Македонски Конгрес) на Тодор Петров не е партија туку организација.
Доколку СМК не е многу заинтересирана, тогаш ќе одам јас да собирам потписи.

Тоа што македонците тогаш молчеа е благодарение на државната администрација која била уценивана од страна на тогашните лидери на државава.

Иначе дали постои можност ако не се организира Референдум или истиот не биде успешен да се подготват Амадмани до Собранието за измени и дополнувања на моменталниот Закон, со што Македонски брод би се споил со Кичево, а Вевчани и уште една беше би се споиле со Струга ?
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
До мене е или во последно време Радио Фортуна многу го форсираат по јавните објекти (продавници, кафулиња, бутици), како и по градските автобуси? Забележав како цело време надвор слушам еден ист catchy џингл, а отпосле сфатив дека е оној за реклами на Фортуна.
 
Top