Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Ова стварно не го очекував, не ни знаев дека бил болен.
Нека почива во мир.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Изгледаше жално последниот пат кога го видов на телевизија (уште пожален беше поводот по кој се наоѓаше таму) и знаев дека нешто вакво се случува... Нека почива во мир.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,921
113
Каролина, Елена и Калиопи во кампањата на ВМРО ДПМНЕ која почнува од полноќ.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Некако ќе ги сварам Каролина и Калиопи, едвај би ги сварил Елена и Калиопи, но Каролина и Елена (придружени од Калиопи, се разбира) ?

Нешто је труло у држави Данској и болесно...
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Стандард се пејачиве пред секои избори и во изборните кампањи
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Срамота, но ништо чудно пошто се' ова се прави под притисок.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Калиопи досега (или до лани кога ја избраа за Евровизија) важеше како „комуњарска“ пејачка, па дури и Обои ме беше сметана како сдсмовска песна. Вака Калиопи сега навистина си се обојува.
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Beauty напиша:
Каролина, Елена и Калиопи во кампањата на ВМРО ДПМНЕ која почнува од полноќ.
Да, толку ни е мизерна сцената што пејачите заработуваат со пеење по митинзи, незнам што ви е чудно, се снаоѓаат луѓето.
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Burrows напиша:
Срамота, но ништо чудно пошто се' ова се прави под притисок.
Незнам уствари што е срамота, ова е ништо во споредба со други светски ѕвезди (Бијонсе) кои вечераат и се смешкаат на слики со политичари.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Го разбирам незадоволството на повеќемината од ангажманот на јавните личности за целите на политичките кампањи, но дајте не се правете изненадени или згрозени од реалноста.

Ова се случувало во минатото, се случува во сегашноста и ќе се случува и во иднината.

И на запад се случува истото.

Џорџ Клуни и Сара Џесика Паркер организираа донаторски забави на кои собираа финансиски средства за да ја финансираат изборната кампања на Барак Обама, Ева Лонгорија и Ники Минаж плукаа по Мит Ромни на Твитер и го исмејуваа, па дури и Шакира, која нема американско државјанство, беше советничка на изборниот штаб на Барак Обама за односи со латиноамериканските малцинства во САД.

Па уште и да седнам и да побарам подетално на Интернет, ќе ви откријам гнасотии на јавните личности од западот за политички цели, кои откако ќе ги видите, македонските јавни личности ќе ги величите како ангели и светци, бидејќи да пееш за одредена политичка опција во Македонија е ништо во споредба со ептен гнасни работи кои се случуваа во 2012 за време на изборната кампања во САД.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Па и во САД сите јавни лица кои јавно се изјаснуваат и лобираат за политички партии се контроверзна тема, особено за луѓето од спротивната опција.
Само што во САД затоа што воглавно се две партии, јавните лица најмногу се обојуваат не кога лобираат за партии, туку кога лобираат за некоја агенда или цел, тогаш добиваат најконтроверзни лепенки.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Работата е што политичката сцена во Македонија е многу поразлична од онаа во САД исто и медиумската слика. Кај нас сите знаеме какви се политичарите, кои се луѓе се занимаваат со политика и се министри. Во Сад медиумите се многу послободни од оние кај нас таму мора да има дебата меѓу политичарите за сите можни прашања. Кај нив доколку се избегне дебата или се изгуби на дебата се губи рејтинг, кај нас тоа го нема.

Кога станува збор за јавните личности во Сад таму скоро сите се левичари односно либерални, ретко некој десничар односно конзервативен. Во Сад се застапуваат идеали, таму се зборува за суштински работи конкретно зборувам за јавните личности. Тука кај нас се зборува за национализам и сл. Пример Калиопи има изјавено дека е за геј права, дека е либерална, а сега гледаме дека подржува конзервативна десничарска партија. Мислам тоа доволно зборува за која каша се случува кај нас.

Не е коректно да се споредуваме со други, односно да ги споредуваме нашите јавни личности со оние во Сад.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Немој да ми кажеш дека всушност веруваш во тоа што го напиша.

Ниту партијата за која Калиопи ќе пее, што не значи дека ја поддржува, е конзервативна и десничарска (тоа што сеуште не вовеле бракови помеѓу истополови партнери воопшто не ги прави конзервативци, колку што поставување на споменици и градење на административни згради платени со народни пари ги прави социјалисти, а не десничари), ниту во САД постојат медиумски слободи.

Единствената медиумска слобода која постои и во САД и во Македонија, е слободата на партиската ориентација.

Така во САД, СиЕнЕн, ЕјБиСи, ЕнБиСи и СиБиЕс се левичарски медиуми, односно се на страна на Демократската Партија на САД, а Фокс Њуз се десничарски медиум, односно се на страна на Републиканската Партија на САД, иако во последно време и тие стануваат либерални, сопственикот на Фокс Њуз, Руперт Мурдок, веќе од поодамна поддржува поголем дел од политиките и постапките на владата на Демократите предводена од страна на Барак Обама, а до неодамна конзервативниот радио и ТВ водител Шон Хенити, почна да повикува на реформирање на Републиканската Партија преку исфрлување на некои конзервативни вредност и нивно заменување со либерални вредности.

И во САД се зборува за национализам и за етнички и религиски разлики и поделби, тоа што американските медиуми не известуваат за ова само потврдува дека самите си вршат цензура, бидејќи од поодамна не ги интересира информираноста, туку ги интересира профитот кој ќе го остварат од одредена вест.

Кога американските медиуми повеќе известуваат за полот на бебето на Ким Кардашијан и Кание Вест или како ќе го крстат бебето, каков фустан ќе носи Кејт Мидлтон на нејзината венчавка со принцот Вилијам, или кратко и јасно кажано, кога известуваат за неважни работи, а истовремено од јавноста ги кријат важните информации, како што се националниот долг и државниот дефицит, а кристално истото се случува и кај нас во Македонија со, како што Латас ја нарекува, "позитивната рецесија", тогаш е повеќе од јасно дека медиумите не сакаат да објавуваат вистински вести кои се од огромно значење за сите граѓани на државата, туку ги интересира само да објавуваат вести од кои ќе остварат профит.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,921
113
Пострашно е што толку пари се фрлаат на пејачите, за тие суми можеме да сонуваме.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Е да Beauty, тоа е една од најголемите трагедии.

Не само за пејачите, туку општо кажано, колку пари фрлаат политичарите за политичка промоција и за пропаганда, кога би ги собрале сите тие пари на купче, сигурно би ја намалиле сиромаштијата ако не за 50%, тогаш сигурно за 30%.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Убаво знам што се случува во Сад и знам за нивниот национализам и како се се однесуваат тамошните конзервативци. Се согласувам со она што го кажа да телевизиите но те молам не ги поистоветувај тамошните со овие нашите. Друго секако дека кај нас пејачите пејат за оние партии за кои се определени тука да не се лажеме Јован Јованов, Ламбе и сл. знаеме дека се вмровци. Исто како со Александра Пилева и Кристина Арнаудова со сдсм.

Единствено нешто што е важно е да не ги ставаме на исто ниво нашата севкупна ситуација со онаа во Сад.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,921
113
Имаше шпекулации за минатите избори колку биле платени и навистина е за неверување.
Во 2002 Каролина одбила 100 000 евра, сега или е истата сума или е повеќе. А не е една, туку има повеќе пејачи. И Калиопи толку зема претпоставувам. Кои пари се трошат за избориве 345435

Од утре почнуваат и на МРТ по две получасовни емисии дневно за изборите.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Beauty напиша:
Имаше шпекулации за минатите избори колку биле платени и навистина е за неверување.
Во 2002 Каролина одбила 100 000 евра, сега или е истата сума или е повеќе. А не е една, туку има повеќе пејачи. И Калиопи толку зема претпоставувам. Кои пари се трошат за избориве 345435

Од утре почнуваат и на МРТ по две получасовни емисии дневно за изборите.
Ако бидат дебатни тогаш тоа ќе биде фијаско од емисии, кај нас нема вистинска дебата.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,921
113
Таа во 12.30 е претставување на кандидати, а во 17.40 е дебатна.
 
Top