Генерално не глеам ТВ, освен кога праиме некоја седенка и чисто ради фудбал, онака пее ТВ-то.
Си седнуеме вчера (Среда е јбг - почна викендот) поштено у 8 саат, домаќински и одговорно, фрламе чија и салтичка и ја си шалтам по каналите од прва па се нагоре. Фрчат Лајкови, Дислаjкови, Лото девојката ги зема топките во своите раце (добро не ги зима - ама у мојата прича ги зима!) онака убаво, човек око да исплакне, па се стационира привремено каналот на Мјузик Телевижн каде што на наше изненадување иде музика! Не било кој - легендарните Бисти Бојс (3 од 1 спота) и правиме здравица за МЦА. Kој ги слушал си знае, кој ги гледал у живо-уште повеќе! Две работи од изборот на македонската домашна продукција, што се однесува до авторска програма ми оставија силен впечаток.
(1) ТВ АЛФА-ЕДЕН БАКНЕЖ (водители ВОЛКОТ и НЕАМ ПОЈМА)
(причава ми е од филмот дека музичките програми ги крстуваат по песна-имаат и емисија за фолк наречена ЗАЈДИ,ЗАЈДИ!)
Она девојчено што пее песни од македонските староградски шлагерии, секоја чест, и вокалот и интерпретацијата (само проблемот со нефацизам ист како кај онаа третата од Дестинис Чајд, значи не Бијонсе, не Кели туку...??? ме разбираш?) а нејзиниот колега Јоце П. (а него ете му го знаеме името!?!) може комотно да си раздвижи у непознат правец, Форестгамповски да оттрча каде што го носат нозете - он мене ќе ми ширел Тошизам!
Значи се е кул, го сака тоа... мислам, и ме интересира дали у далечна иднина кога Легијата ќе имаат по 60 години (тие што преживеале), ја онаков дрт, издрапан старец (мисли Дејвид Карадин у Убиј Го Бил) цел истетовиран со портрети од мртвите пријатели и посвети на плешки и раце од типот на Вечен Непребол, Стварно Беше Зен и сл. Е, дали ќе им текне да направат една емисија каде ќе се пее македонски рап, најдобрите песни од старите раперишта, и ако да, дали емисијата ќе биде крстена според една култна, староградска рапштина наречена ИДИ У КУРАЦ!?!
(2) ТВ СОНЦЕ-ГАЛА ШОУ ( водител ВЛАТКО )
Гала Шоу е срањето! Водителот/Фолк Пеачот Влатко ми е фаворит! Абе Шејмлес Селф Промотор! Гости му беа Благоја Г. и Андријана Ј., ама тоа дуо е најмалку битна во целава прича! Влатко-Царот, си го прашуе Благоја Г. онакви заебани прашања, да парафразирам:
Базе, ама признај дека кога идеш по Америки и Афстралиии многу ебеш - се збори брат, се збори! А гостинов му се правда дека се е у рамките на професионално однесуење и женаму му дишела цело време у врат и ебењето (освен роџена жена) на трети странки е немогучно!
Сеа Влатко му влегуе овде со клизачи:
Знам брат, тешко ни е (обрни внимание на множината) нас пејачите, цело време искушенија, прекрасни жени ни се фрлаат под нозе и сл. абе ЦАР!
Следно што имаш е прави Влатко муабет со Андријана, и камерманот цело време ја прати хостесата-плава (шатирана) у црно облечена (со пивско стомаче) која си кроти на десната страна на студиото, и одненадеж сликата повторно се враќа на Влатко и на Андријана како си праат муабет и ја гледаш у позадина (мисли Хот Шотс, Гол Пиштол и сл. филмови каде што у позадина - она класично дефокус, се дешаваат глупости) како оди кон Благоја Г. (кој е позициониран дијаметрално спротивно од неа) со чаша во рака и кога доаѓа до него му сипува во неговата чаша дозичка, да не му мувли сеа со нова чаша - да не му го ебе фенгшуито!
Глеадам и не ми се верува! Ако оди ова у живо тогаш е најбоље, а ако е снимка - убијте го камерманот!
Земјо Индијо!
Додуше еден Холанѓанин кој беше на гости у Скопје кај еден мој пријател веќе ја искажа својата фасцинација кон чуствителноста на Македонците и емпатијата која ја покажуваме кон ментално ретардираните, со тоа што сме им подариле цел телевизиски канал каде што си пеат и им се движат фотографиите од децата и роднините на екраните-ТВ Шутел!
ПС
Есма нека пее на Ромски, и онака сме банана држава - не ми смета. Mесто Лозано може да улетаат Боки и Фифи (ради силното Геј лоби во Европските Евровизиски Анали) и целиот спот може да се одвива на челото на Зоки Фаци (без монтажа и трикови!!)
ПМС
Владо Ј. си лапнал 2000 евра од ЗАМП, нит е автор, нит композитор, нит аранжер - да се чуди човек.