Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Стефан напиша:
^
СМК (Светски Македонски Конгрес) на Тодор Петров не е партија туку организација.
Доколку СМК не е многу заинтересирана, тогаш ќе одам јас да собирам потписи.

Тоа што македонците тогаш молчеа е благодарение на државната администрација која била уценивана од страна на тогашните лидери на државава.

Иначе дали постои можност ако не се организира Референдум или истиот не биде успешен да се подготват Амадмани до Собранието за измени и дополнувања на моменталниот Закон, со што Македонски брод би се споил со Кичево, а Вевчани и уште една беше би се споиле со Струга ?
Не знам дали СМК е политичка партија или организација, но знам дека неговиот претседател Тодор Петров беше кандидат за номинација за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија во 2009 година, а единствен противник му беше Ѓорге Иванов, кој ја освои номинацијата за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија на редовните претседателски избори во 2009 година.

Мојата доверба во политичарите и од власта и од опозицијата од поодамна изнесува чисти 0% (НУЛА ПРОЦЕНТИ), па затоа ниту знам, ниту ме интересира што велат политичарите и/или таканаречените експерти, без разлика дали воопшто припаѓаат на одредена политичка партија или не.

Инаку, секако дека може да се извршат измени во било кој закон во Република Македонија, на крајот на краиштата, токму затоа и сме самостојна и независна држава, за да можеме самостојно и независно да ги донесуваме, менуваме и бришеме сопствените закони, но ајде најди политичар кој ќе има тестиси, не со зборови, туку со конкретни дела, да поднесе барање за било какви измени во територијалната организација на локалната самоуправа на Република Македонија, па да имаме доверба во барем тој 1 (ЕДЕН) политичар.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
^
Можеби нема политичар со тестиси, но има ли можност граѓанин со тестиси (на пример јас) да поднесам предлог Амадмани. Дали е изводливо како на сликава: http://oi50.tinypic.com/120rsb5.jpg ?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

За поднесување на амандмани до Собранието на Република Македонија потребни се потписи од група граѓани, не ми текнува точно колку потписи се потребни.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Dexter26 напиша:
^

За поднесување на амандмани до Собранието на Република Македонија потребни се потписи од група граѓани, не ми текнува точно колку потписи се потребни.
Фала, се надевам дека еден ден мојата идеја (а мислам и на секој македонец/ка) ќе успее.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Не ми се верува што гледам, на youtube има рекламирање за Владимир Тодоровиќ за градоначалник. Леле овие луѓе се очигледно очајни да победат во Центар, која само група на имбецили. Луѓето во Центар не ги сакаат и упорно дури и на youtube замараат, само не знам како може самиот тој сајт да пушта политички реклами. :off:
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Веројатно и самиот Владимир Тодоровиќ не сака да биде веќе градоначалник, ама додека Грујо не успее, не се предава.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Имав осум рипчиња, а сега имам пет.
Сеа ќе бидат четири.

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Ако ова е вистина, тогаш центарци треба да побрзаат на гласање, а не да се жалат, бидејќи полицијата ќе им зема изјави и ќе прави записник до сабајлечки, земајќи ги во предвид нивната (не)ефикасност и (не)ефективност при (не)извршувањето на својата работа.

Добра фотка Дарк Ангел, од Soy tu dueña претпоставувам.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Бедно, единствено кај нас вакви работи се случуваат, граѓаните на Центар не смеат да дозволат некој друг да одлучи за нивната општина.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,753
6,113
113
Имало и гласачи од Пустец во Центар па во вестите на Телма видов им земаа новинариве интервју ги испрашуваа некој од тие што дошле да гласаат од каде се од која улица ,тие незнае што да кажат ,некој се туркаа ,некој се мислеа што да кажат ,некој не ни одговараа,а една погледна во личната карта да види која улица е за да им одговори
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Воопшто немам време за коментирање многу ми е жал, деновиве бев во Белград малце на шетка, па сега после мајов ќе се спремам за колоквиумот кој богами слабо ми е спремен, после 16-ти мај повеќе ќе се дружиме. Секако тука ќе навратувам само да искоментирам во врска со Евровизија, бидејќи од серии ни С не можам да изгледам. :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Исто и јас слабо стојам со време. Читкам се, пишувам кога ќе стасам, за серии 2-3 редовни т.е еднаш неделно и тоа. Жалам што немам време за многу работи ама тоа е
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Некако слабо ми ги коментирате теленовеливе од Мексико... Што е работава?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Не се интересни Благојче.

Иако за волја на вистината, повеќето членови на форумов се презафатени деновиве, некои се подготвуваат за испитни сесии, други за последни испрашувања, писмени и/или тестови, трети за полагање матура, четврти за матурски прослави и/или екскурзии, петти за апсолвентски прослави и/или екскурзии, а некои се подготвуваат за одмор, додека сеуште не започнале летните стампеда по плажите, па затоа немаат време за да остават коментар.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,753
6,113
113
А и времето е топло деновиве не се седи пред компјутер/лаптоп во затворено дома. Повеќе е за шетање со друштовто :)
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Македонија и Македонците денеска чествуваат:
110 години од смртта на Гоце Делчев, 101 година од смртта на Пере Тошев и 12 години од смртта на Васка Илиева.
Слава им!
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Христос воскресе. За многу години да ни е празникот и имајте сите убав помин деновиве
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Вистина воскресе, Missy !!!

Честит Велигден на сите !!!
 
Top