Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Најдобро е да си прашаш во такси компанија, даваат и попуст.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Ја најдов на интернет сликава затоа прашував


Инаку знам дека такси беше поприлично скапо. Кога и да коментиравме викавме скоро исто ќе не фати од Прилеп директно до аеродром
отколку воз/автобус па од железничка СК до аеродром такси :)

Не е за мене инаку за едни познаници кои решиле да идат во Македонија е, па разгледуваат опции како е најбезбедно и најлесно да стасаат до Прилеп. И плус сигурно авиот ќе стаса некаде околу полноќ, па и тоа отежнува ситуација
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Па најгледана серија е на РТЛ по 1001 Ноќ која се емитуваше пред 2 години, плус цело време е во Топ програмите во Хрватска.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
Да не биде се жалам нема ништо во мојот град,деновиве е малку хаос, се копа и се градат кружни текови ..
Крајниот изглед на кружниот тек во строгиот центар на Тетово


Во текот на минатиот викенд е поставен асфалт на овој нов кружен тек во центарот на Тетово кој ќе биде во форма на елипса со должина од 60 метрии 25 метри широчина. Во кружниот тек ќе има фонтана со површина од 500 квадратни метри и клупи за одмор и рекреација на граѓаните во Тетово. За целосно завршување на проектот ќе биде потребо уште уредување.
terajsema.com
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
A зошто се потребни зеленилото и патеките кај кружниот тек, зар некој треба да шета таму?
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Убаво, но сепак идат избори и мора да се работи. Исто во Штип кај нас ништо не се правеше изминатите години и сега одеднаш кружни текови, улици, тротоари се реконструираат. И после Март се по старо. :(
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Многу е лесно навистина на македончето да му го испереш мозокот.
Она со министерот за здравство што бара советници со интелигенција над 140 за кои ќе им дава по 4000 денари месечно :off: Ги понижува со тие пари. Па на вестите на Сител одма кажаа дека нема потреба од негативни критики, тоа било секаде во светот.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Не е баш како во документарните емисии од типот на Destroyed in Seconds, но дефинитивно за само неколку секунди, милионска инвестиција од типот на тазе нова австралиска дизел локомотива EMD GT46C-ACe, наместо да билда километража на железничките пруги, првото искуство што го стекна при истоварување, беше бакнување на тврдиот бетон и тоа ептен силно.

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
Beauty напиша:
A зошто се потребни зеленилото и патеките кај кружниот тек, зар некој треба да шета таму?
Најверојатно сакале да не биде класичен кружен тек, пошо класични има две три веќе во градот

еве на форумот build во една тема има слики да видите како се гради во Тетово http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1013&PN=1 , некој се малку постари слики така да нешто од тоа е веќе и завршено со изградба
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Мене кружниот комплет целосно ми се допаѓа

Настрана од тоа. Се загледав една емисија пред некој час на TLC ( бидејќи имам за учење и се останато ми се интересно). Сепак емисијата беше за користење купони при купување така да едно семејство кое собирало купони од весници, флаери реклами кои им ги испраќале и на многу други начини за сметка од 883 и нешто долари со користење на купоните плати само 4,80 или така нешто долари. Значи се опремија луѓето со се што им треба за месец и повеќе практично за без пари.

Е сега муабетот ми е зошто нашиве маркети/продавници не пуштаат купони или потрошувачки картици, ваучери и нешто слично за редоврни потрошувачи. Знам дека Космо има, но за други продавници тоа е поприлично ретко.
Доколку има воопшто нема да ми биде проблем да купувам со нив и на пример за сметка од 3000 денари, јас да платам пола сума или помалку од тоа па без разлика дали се работи за храна, облека, обувки.
Ама сепак далеку сме од ова, сега за сега само желба останува се
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
^
Missy Рамстор има потрошувачка картичка


___________________________________

Добро направена македонска емисија за автомобили ,емисијата е дел од интернет порталот carclub.mk за кој јас денеска дознав на фејсбук за овој портал и емисија,ептен ми се допадна , видеото баш направено како да гледаш трејлер за NFS или некоја друга автомобилска игра
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
M@RKO напиша:
^
Missy Рамстор има потрошувачка картичка
Нема Рамстор во Прилеп. Овде како што кажав Космо има само и тоа над 1500 ден мислам беше се добива производ за 150ден или нешто слично. Сепак треба повеќе во практика да станува тоа.

Да не испадни како реклама ова ама за моето семејство бидејќи КАМ ние е најблиску и најчесто купуваме од таму се случува на секое влегување од 500-3000 денари да оставиме можи и повеќе некогаш зависи за колкав дел од месецот се пазари, што се пазари или дали има некој повод ( роденден, именден, слава, празник како Нова Година, Божиќ)
За тоа мислев дека треба во пракса да стане и кај нас. Можеби јас/ние истите пари ќе ги потрошиме повторно, но ќе имам(е) многу повеќе производи.
Или за гардероба последниов месец од истата продавница за сите имаме купено премногу работи и пак сме во план за купување на зимски јакни од истото место што значи за месец некаде или малку повеќе во таа продавница над 300 евра би оставиле ( за 4ца ова) и воопшто нема(ме) никаква благодарност или корист за сето тоа.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Missy напиша:
Мене кружниот комплет целосно ми се допаѓа

Настрана од тоа. Се загледав една емисија пред некој час на TLC ( бидејќи имам за учење и се останато ми се интересно). Сепак емисијата беше за користење купони при купување така да едно семејство кое собирало купони од весници, флаери реклами кои им ги испраќале и на многу други начини за сметка од 883 и нешто долари со користење на купоните плати само 4,80 или така нешто долари. Значи се опремија луѓето со се што им треба за месец и повеќе практично за без пари.

Е сега муабетот ми е зошто нашиве маркети/продавници не пуштаат купони или потрошувачки картици, ваучери и нешто слично за редоврни потрошувачи. Знам дека Космо има, но за други продавници тоа е поприлично ретко.
Доколку има воопшто нема да ми биде проблем да купувам со нив и на пример за сметка од 3000 денари, јас да платам пола сума или помалку од тоа па без разлика дали се работи за храна, облека, обувки.
Ама сепак далеку сме од ова, сега за сега само желба останува се
Кога го прочитав ова ми текна на една епизода од 2 Broke Girls за купување со купони. :haha:
Инаку знам дека купони има во работи како Златна книга, ама има многу скржави попусти. Баш и јас се прашував пред некое време дали кај нас може да заживее вакво нешто.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
На Jon&Kate+8 гледав јас од порано за ова дека многу често собираат купони и купуваат со нив.
Џон се срамеше поприлично со купони да плаќал посебно дека го снимале за шоуто, а Кејт ги користеше секогаш
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Се сеќава ли некој на ова легендарно спротивставување помеѓу Љиљана Петрович и Зоран Божиновски во емисијата Бисери на А1 Телевизија, непосредно по загинувањето на Тоше Проески ?

Зоран Божиновски едноставно доминираше врз, не знам како да ја наречам, не сакам да навредам други припадници на таа група на видови.

Прашањата на Зоран Божиновски упатени кон, да не ја спомнам, можете да ги видите во 7-от и во 8-от дел од емисијата.









 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Вчера, четврток, 15 ноември 2012, на 66 годишна возраст, после кратко боледување, почина една од најголемите легенди на македонскиот театар и на македонските мали екрани, Владимир Дади Ангеловски.

Комеморацијата по повод ненадејната смрт на познатиот актер ќе се одржи утре, сабота, 17 ноември 2012, во 10:30 часот во Драмскиот театар Скопје, а посмртните останки ќе бидат изложени од 12:00 часот во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.

Оваа година 2012, дефинитивно е апокалиптична за македонскиот театар. :(

Македонскиот театар никогаш нема да биде каков што беше досега. :smrk:

http://www.sitel.com.mk/pochina-akterot-vladimir-dadi-angelovski

Почина актерот Владимир Дади Ангеловски

16. ноември 2012 - 10:46



Почина македонскиот актер и комичар Владимир Дади Ангеловски.

Роден е на 22 мај 1946 година во Скопје како втор син во семејството на Борис и Костадинка Ангеловски. Татко му попот Борис имал свој црковен хор и прв ја направил комплетната црковна богослужба со ноти и на македонски јазик, а мајка му била учителка во основното училиште “Кирил и Методиј”. Неговиот постар брат Коле Ангеловски на македонската јавност и е познат како извонреден режисер и актер со кој Дади има соработувано многупати.

Огромен е бројот на улогите во кои се појавува Дади, почнувајќи од детските серии и драми, па се до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии.Секако дека не постои дете кое ја нема гледано познатата детска трилогија “Чук,чук Стојанче” , “Баш челик” и “ Шекспир во приказни” која постигнува огромни успеси и тука и на сцените низ Југославија. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во тв серијата “Да видам, да видам што да бидам”. Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите “Шеќерна приказна” и “Деспина и мистер Докс”. Во 1967 година игра во психолошкиот филм “Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот “Викенд на мртовци”.

Понатаму следуваат улогите во филмовите “ Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, ”Калигула” во режија на Миле Гроздановски, ”Рибарски караници”, серијата “Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски,во претставите “Мефисто”, и “ Дунек” со кои заработува и некои од неговите награди. Тука се и сериите: “Агенција осамени срца”, “Училиште за кловнови”, “Трст виа Скопје”, “Битолски лакрдии” и многу дриги.

Неизбежно е а да не се спомене радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Благоја Чоревски, и Гоце Тодоровски во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење.Со некои од своите колеги има настапувано и неколкупати во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се секако и улогите на Дади во голем број од Македонските народни приказни, а интересен е и фактот дека тој е единствениот актер кој 9 години по ред настапува на манифестацијата Глумците пеат, колку што и постои самата манифестација.
Владимир Дади Ангеловски

22.V.1946 - 15.XI.2012

Лесна му земја
нека почива во мир :(

R.I.P.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
Лесна му земја
Нека почива во мир

Никогаш нема да го заборавам во “Хихирику” ,“Агенција осамени срца”.. а најповеќе во синхронизирањето на цртани филмови емитувани на МТВ 1

Пред неколку месеци МТВ 1 сега наречена МРТ 1 во емисијата Нешто плус со Кате ,Кате направи целосна емисија со Дади во неговиот дом со убав и опуштен разговор
http://www.mtv.com.mk/mk/emisii/zabavni ... _kate.aspx
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Нека почичива во мир. Одличен актер и за глума и за синхронизирање на цртани, на секое поле.

Може да се направи некоја тема за македонски актери/ки како за латино актери/ки или пак македонски легенди за личности како Дади и многу други кои дале допринос во македонската култура општо
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Уште еден доказ дека бесплатните реклами од самите туристи се секогаш најдобри, наместо да фрламе цели богатства од народни пари на Манчевски и ред други тапи од режисери за да режираат глупости за македонскиот туризам.

 
Top