Стефан напиша:
Вака, а малку да размислевте.
Ако имаме намален број на родени деца, тогаш автоматски и пензиите ќе се намалат.
Ќе нема кој да работи (ма да сега се утепавте од работа), а со тоа нема даноци и сл., буџетот празен, пензии нема, или пак ќе има премалку.
Второ, за жал, ако вака продолжиме и не се шири македонската нација, ќе станеме малцинство во сопствената држава, за разлика, како што напишав и претходно од талибанците кои се множат како инсекти.
Па иста е состојбата со наталитетот и со морталитетот насекаде низ Европа и низ САД.
Во Шпанија, Португалија, Франција и Германија се поголем е бројот на муслимани, особено од Турција, Мароко, Алжир, Тунис и Либија, а во Велика Британија се поголем е бројот на Полјаци, Бугари, Романци и други националности од источна Европа чиишто држави неодамна станаа полноправни членки на НАТО и на ЕУ.
Во САД, црнците повеќе не се множат како порано, сега латиноамериканците се тие кои се множат како глувци во САД и не само што се второ најголемо малцинство во САД после црнците, туку и се претпоставува дека доколку ваквиот тренд на намалување на наталитетот кај мнозинството американци и зголемување на наталитетот кај латиноамериканците, а истовремено зголемување на морталитетот кај мнозинството американци и намалување на морталитетот кај латиноамериканците, се очекува во 2050 во САД мнозинство да станат латиноамериканците на кои токму актуелниот претседател на САД, Барак Хусеин Обама, им даде привремени дозволи за престој во САД на нелегалните имигранти во САД, надевајќи се дека со ваквиот потег ќе ги освои гласовите на латиноамериканските и на муслиманските малцинства во САД на претстојните редовни претседателски избори кои треба да се одржат наредниов вторник, односно на 6 ноември 2012.
Но сепак во ниту една европска држава и во ниту една американска држава во која мнозинството ризикува да стане малцинство, не постојат закони кои ги казнуваат младите доколку не стапиле во брак или доколку немаат деца, бидејќи тие држави својот економски напредок веќе го гледаат во сегашните малцинства кои се стремат да станат мнозинство во иднина, а не во сегашното мнозинство кое ризикува да стане малцинство во иднина.
Проблемот кај сегашното мнозинство е во самото сегашно мнозинство.
Ако самото сегашно мнозинство не одлучи да се зголеми и да се размножи, тогаш залудни се било какви казни кои ја казнуваат младината на сегашното мнозинство кое ризикува да стане малцинство во иднина, бидејќи младите од сегашното мнозинство не стапиле во брак и/или бидејќи немаат деца.