Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Времево се шашардиса ,ајде од наредна недела ќе ваѓаме изгледа ,зимските јакни капи шалови...

Викендов првиот снег во Македонија?
Викендов целиот Балкански полуостров е во очекување на првиот снежен бран. Иако во наредните три дена нè очекува сончево и топло време, веќе од сабота ќе шетаме со чадори и потопла облека.

Балканот ќе биде под влијание на студена и воздушна маса, која ќе донесе врнежи од дожд и снег и пад на температурите. Врнежи од снег се очекуваат и во пониските предели.

Македонија во сабота ја очекува облачно време со врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите.

Врнежи од снег, во текот на ноќта се очекуваат на планинските предели над 2500 метри.

Во недела ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите. Врнежи од снег се очекуваат на висина од 2000 метри надморска висина.

Утринските викенд температури ќе паднат под 10-тиот степен, додека максималните дневни ќе бидат до 20-тиот.

Српските и хрватските медиуми исто така информираат за заладувањето кое нè очекува. Студениот северен бран најпрво ќе ги зафати Словенија и Хрватска, а потоа ќе се спушти кон Србија и Македонија.
denesen.mk
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
:cekam: :cekam: :cekam:

воопшто не сум среќен, сакам да има вечно лето. :ehh: :ehh:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Па што чекаш, ене ти ги Сахара, Гоби, Моаб и ред други пустини, таму имаш вечно лето колку ти душа сака, а во замена за тоа, во некои региони немаш ни најосновни услови за живот, токму благодарејќи на вечното лето.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
А го гледал некој денеска Глигор(че) од вас ?!
Човекот убаво си кажа, ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ИМА СНЕГ ВИКЕНДОВ, САМО ДОЖД ! Снегот ќе го има кај северот на Балканот, и не се исклучува на неколку највисоки врвови во Македонија.
Мој предлог, пред да си легнете, погледнете МРТ Метео со Глигор(че). :)
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Исто и јас, многу повеќе сакам зима, снег отколку лето и жештини.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Порано и јас повеќе сакав топли денови -пролет и лето ,последниве неколку години и зимата ја сакам ,зимата два три дена пред и за време на Нова година ,исто и за неколку наши христијански празници кога врне снег ми е убаво за гледање како си врне а јас си седам дома на топличко :D
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Не ми смета нешто многу зимата и да е ладно. Зимските празници си ги сакам многу. А за снег сакам да гледам кога врне ама кога треба да одам некаде по снег/мраз тоа е веќе друга ситуација. Посебно како минатата зима кога мојата и околните улици 3 месеци беа под снег/мраз бидејќи барем овде се чистат само оние поголеми и поглавни улици, а не сите.

Не живеам на некоја мала улица туку баш на улица каде што има и игралишта и училиште и сето тоа ама од некоја причина не е ставена на список за чистење
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Па кој не го сака зимото за дома и да го гледа од прозорецот, и јас сакам така :smeenje: :smeenje: а посебно го сакам Божиќ, Нова Година не, бидејќи кај нас не се слави онака како што треба, според мене тоа не е ден да се начукаш со турбо фолк музика и слично....

а кога сме кај зимото исто и кај мене во Кавадарци лани беше така, бидејќи сум малце понастрана од центарот, на многу улици беше отежнато возењето. Сега оти сум во Скопје полесно ќе ми биде, но лани со секојдневното одеше на школо покрај снег ми беше ужас :off:
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
DarkShadow напиша:
Па кој не го сака зимото за дома и да го гледа од прозорецот, и јас сакам така :smeenje: :smeenje: а посебно го сакам Божиќ, Нова Година не, бидејќи кај нас не се слави онака како што треба, според мене тоа не е ден да се начукаш со турбо фолк музика и слично....

а кога сме кај зимото исто и кај мене во Кавадарци лани беше така, бидејќи сум малце понастрана од центарот, на многу улици беше отежнато возењето. Сега оти сум во Скопје полесно ќе ми биде, но лани со секојдневното одеше на школо покрај снег ми беше ужас :off:
:sto zboris: :sto zboris: :sto zboris:
Знаеш какво е Скопје после снег? Улиците полни сол и ти се уништуваат чевлите, кал на секаде, валкан, црн снег по тротоарите, неисчистени патеки, во почетокот неизгазени и мораш сам да си правиш пат низ калта. Автобусите доцнат, полни со луѓе завиткани во бунди, парното петсто и се потиш, гужва во сообраќајот, таксите прескапи. Да не си во Скопје во зима.

Јас најмногу ја сакам рана есен. Ете баш до вчера, беше доволно топло да не мора затоплување, денски има сонце, ноќе свежо и се виткаш во ќебињата. Совршено.
Лето и зима најмногу мразам, заради екстремите, а после и пролет заради алергиите и бубачките.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Тоа сол, кал и се во пакет го има насекаде за време и после снег. Кај нас плус на сето тоа беше и 30тина cm снег на поголем дел од улиците

Инаку сакам есен, кога ќе почнат да паѓаат лисја, па прошетки во парк ( во чест на попаднатите лисја :), да фрлам насекаде, па и нивното крцкање )... Ме мавнале романтики ама тоа е
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
хејтер напиша:
Знаеш какво е Скопје после снег? Улиците полни сол и ти се уништуваат чевлите, кал на секаде, валкан, црн снег по тротоарите, неисчистени патеки, во почетокот неизгазени и мораш сам да си правиш пат низ калта. Автобусите доцнат, полни со луѓе завиткани во бунди, парното петсто и се потиш, гужва во сообраќајот, таксите прескапи. Да не си во Скопје во зима.
Добро де јас реков споредба со Кавадарци дека не живеам во центарот и поретко го чистат снегот, а во градот е добра состојбата. Иначе во Скопје што знам близу ми е факултетот, но не знам да не викам однапред, мразам зимо, колку и да е исчистено мене пак ќе ми биде ужас и ќе се нервирам, тоа е, winter sucks :smeenje:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Овогодинешниот снег никогаш нема да го заборавам, особено врнењето во утрото на 7-ми февруари кога буквално цел простор од облаци, па до земја беше пренатрупан од снегулки.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Ич не сакам гужви и хаос на улиците кога е зима ,одвратно е баш тоа се случуваше зимата во Скопје (бар по слики што видов) сообраќајот беше отежнат автомобили,автобуси ... на секаде од сите страни не се знае кој има предност за поминување
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Хаха, за тоа треба да го обвиниш градот, а не зимата.

Зимата е нешто сосема нормално и природно, додека неодржувањето на улиците, мостовите, булеварите и пешачките патеки во зимските периоди е типичен пример за неодговорност од страна на градските власти.
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Не знам колку забалежавте, но мене новиот мистер на Македонија многу ми личи на Себастијан Рули. :namignuva:



 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Колку ми е грев за овие безрбетници, станале мистери и мисици, големата работа. Којзнае колку пати требало да му го испушат на тој марсовецот.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Мистерите и мисиците последниве години и ретко кој ги знае, а самите мислат дека направиле којзнае што, дека се најубави и дека се најпознати, згора на тоа и ќе го прошетаат светот каде никој нема да им обрне внимание и ќе се вратат со подвиткана опашка, но нели битно да се учествува.
А кој марсовец, Црнокрак?
 
Top