Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Северна Кореја продава памет.

Каде ли отиде светов ?

http://off.net.mk/video/razno/propaganda

Пропаганда

Интересен дел од севернокрејски пропаганден филм со кој се сака да се "разобличи западната пропагандна машинерија". И чудо едно колку Корејците се во право.

 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Како се викаше хрватскиот веб сајт за теленовели, за оној за кој дискутиравме, дека подобро би било да го работат србите а не хрватите?
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Blagojche напиша:
Како се викаше хрватскиот веб сајт за теленовели, за оној за кој дискутиравме, дека подобро би било да го работат србите а не хрватите?
http://emdthr.com/

Еве го линкот. Вршат промени, наскоро се враќат со подобар визуелен идентитет.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,751
6,113
113
Овој на видео клипов ги коментира телевизиите во Босна и Херцеговина ,ја споменува и OBN кој ја има и во некој оператори во Македонија

слично е и кај нас со телевизиите :)
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Како може политиката толку да е влезена секаде?
Гледам вмровскиве актери нешто протестираат :off: И како после да се почитуваат овие уметници.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Ова што се случува последниве денови е страшно. Вчера и спортистите нешто протестираа „случајно“.

Еве како и всушност „случајно“ ги викале уметниците пред МНТ:
http://www.plusinfo.mk/vest/72515/FOTO- ... bugzetot--

Еве како „случајно“ протестираат во Гевгелија (обрнете внимание при крајот на видеото):
http://www.plusinfo.mk/vest/72489/VIDEO ... ot-na-VMRO

Најодвратна работа што ја слушнав е што партиски пикнати наставнички во основни училишта ги викале „спонтано“ да протестираат како ЗЕМЈОДЕЛЦИ.

КАДЕ ЖИВЕЕМЕ?! :off:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Beauty напиша:
Како може политиката толку да е влезена секаде?
Гледам вмровскиве актери нешто протестираат :off: И како после да се почитуваат овие уметници.
Без навреда кон тебе Beauty, но ако нивната работа зависи од некоја политичка партија, без разлика за која политичка партија станува збор, тогаш тие не се актери, туку се партиски подлизурковци, тоа е моето лично мислење.

Протестите се насочени со цел да се стави крај на блокадата во Собранието на Република Македонија од страна на пратеничката група на политичката партија СДСМ при донесувањето на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

Доколку буџетот не се изгласа до крајот на 2012 година, тогаш сите државни и јавни институции или ќе прекинат да работат, или ќе зависат исклучиво од сопствените финансиски средства кои ги имаат на располагање, под претпоставка дека не ги потрошиле на козметички третмани, меѓусебни подароци и ред други ненаменски и непланирани трошоци.

Јас воопшто не верувам дека буџетот нема да биде усвоен до крајот на 2012 година, сигурен сум дека истиот ќе биде усвоен до крајот на 2012 година.

А трошењата предвидени со буџетот на кои пратениците од СДСМ се спротивставуваат се задолжувањата кај европските и кај светските банки за кредити од кои никој од нас нема да види никаква корист, бидејќи позајмените пари од истите тие кредити ќе бидат фрлени на споменици, на административни згради и на ред други тотално непотребни глупости, а на крајот истите тие позајмени пари од истите тие кредити сите ние ќе мораме да ги вратиме со отровно високи камати, некаде слушнав дека за позајмени 50 милиони евра ќе мораме да вратиме 80 и нешто милиони евра, доколку тоа е вистина, тоа значи дека ќе плаќаме камати од неверојатни 60%, што е надвор од здравиот ум и разум доколку нашинците навистина прифатиле такви кредити со такви ненормални камати.

Се разбира дека тие кои се директно погодени од неусвојувањето на буџетот ќе протестираат и ќе се жалат: пензионерите, социјалните случаи, сите кои се вработени во државната и во јавната администрација, воспитачите во државните градинки и забавишта, наставниците и професорите во државните основни и средни училишта, професорите на државните универзитети, актерите кои глумат во националните установи како МНТ и Драмски Театар, пејачите и музичарите во МОБ и Македонска Филхармонија, спортистите во националните спортски репрезентации, земјоделците кои ќе останат без субвенции и ред други кои зависат од Буџетот на Република Македонија ќе протестираат и ќе се жалат, иако актерите, пејачите, музичарите и спортистите на големо зависат и од спонзори, а не само од буџетот, а голем дел од нив, особено актерите и спортистите, заработуваат и од приватни ангажмани, поради што и не им се нешто баш многу потребни парите од Буџетот на Република Македонија.

Но кога партијата сака да изврши притисок врз тие кои се спротивставуваат на трендовите на задолжувања и на поскапувања, секогаш на располагање и се партиските подлизурковци за да излезат во одбрана на нездравите, да не речам лудите политики на партијата.

Таков однос применуваат и кон здружението АМАН кое протестира против поскапувањата и собира потписи против истите тие поскапувања, немајќи за што да го обвинат АМАН, наједноставно се обидуваат да го дискредитираат како здружение на партиски подлизурковци, именувајќи конкретни членови на АМАН кои истовремено се или биле членови на политички партии.

Раздели па владеј е докажано успешен и функционален владејачки принцип на секоја империска, диктаторска, тоталитарна и пред се, на секоја корумпирана власт.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Burrows напиша:
Ова што се случува последниве денови е страшно. Вчера и спортистите нешто протестираа „случајно“.

Еве како и всушност „случајно“ ги викале уметниците пред МНТ:
http://www.plusinfo.mk/vest/72515/FOTO- ... bugzetot--

Еве како „случајно“ протестираат во Гевгелија (обрнете внимание при крајот на видеото):
http://www.plusinfo.mk/vest/72489/VIDEO ... ot-na-VMRO

Најодвратна работа што ја слушнав е што партиски пикнати наставнички во основни училишта ги викале „спонтано“ да протестираат како ЗЕМЈОДЕЛЦИ.

КАДЕ ЖИВЕЕМЕ?! :off:
Еве пак што изјавил Бранко Ѓорчев http://www.twitlonger.com/show/ke5d5v

Навистина треба да се има јак желудник за да се свари се што нуди политиката, особено онаа политика која денес се сервира и е чист пр маркетинг.
Навистина лошо што покрај луѓе кои се греота затоа што партијата може да ги купи за 1000 денари за да протестираат, на сличен начин се понижуваат и луѓе од други бранши, како уметноста, спортот и образованието.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Dexter26 напиша:
Beauty напиша:
Се разбира дека тие кои се директно погодени од неусвојувањето на буџетот ќе протестираат и ќе се жалат: пензионерите, социјалните случаи, сите кои се вработени во државната и во јавната администрација, воспитачите во државните градинки и забавишта, наставниците и професорите во државните основни и средни училишта, професорите на државните универзитети, актерите кои глумат во националните установи како МНТ и Драмски Театар, пејачите и музичарите во МОБ и Македонска Филхармонија, спортистите во националните спортски репрезентации, земјоделците кои ќе останат без субвенции и ред други кои зависат од Буџетот на Република Македонија ќе протестираат и ќе се жалат, иако актерите, пејачите, музичарите и спортистите на големо зависат и од спонзори, а не само од буџетот, а голем дел од нив, особено актерите и спортистите, заработуваат и од приватни ангажмани, поради што и не им се нешто баш многу потребни парите од Буџетот на Република Македонија.
Ете тука е неспособноста на сдсм, денес, не само кај нас, туку и во целиот свет маркетингот е главен играч во политиката, во тој дел заостанува нашата опозиција, се разбира нема пари за спотови и реклами, ама можеше пред да оди со вакви радикални опции како запирање на буџет да ја извести јавноста и да побара дозвола од граѓаните да се стрпат малку за поголемо добро.
Наместо тоа, вмро ја искористи таа позиција на недостаток на информации заради ненадејните акции на сдсм и користејќи ја пр машинеријата направи еден спин.
Се разбира луѓето кои барем имаат малку разум гледаат што се случува, ама кога гледам некоја контактна емисија, на пример утринската на канал5 се разочарувам.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Просто ме запрепастува колку луѓето потпаѓаат под прогандата. Прееска на клиника слушам како некои старци го коментираат плаќањето по учинок на лекарите, и една од нив вика „абе добро, замисли некој лекар постојано работи, додека друг постојано си игра на компјутер“. Одма ми се врати филм дека истата сцена ја имаше и на рекламата од Владата. Ми се крена коса на глава кога ја слушнав.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Се согласувам со вашите мислења, Декстер, хејтер и Бароус.
Толку пари се трошат на овие реклами кои би можеле да се искористат поинаку. Како никогаш досега му се пере мозок на народот, не влегувам во точноста или неточноста на пропагандиоте, тоа е веќе друга работа, но мозокот на народот е дефинитивно испран. Со ваква пропаганда опозицијата е немоќна. Не било никогаш вака, нема веќе објективност, сите се претопија, од новинари, до уметниците и народот.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Се согласувам и јас со вашите мислења. Изназедов дипломи, сертификати, пофалници и милион други работи деновиве и со нив можам само да си се сликам. На една врата немате искуство, на друга не постои волонтирање/пракса после факултет со закон и секакви други приказни, па не некоја - а да имавте и ова или она завршено или посетувано таков курс, па по можност и да сте работеле во странство за време на студиите, знаеете ние многу го цениме тоа - а ние си остануваме на терет на родители, баби и дедовци.
Многупати имам споменато дека не ми се допаѓа политиката ни на едната ни на другата партија зошто ни една не направила ништо за мене или за нас. За среќа или за жал сеуште некој не ми побарал книшка ама пак и затоа немам работа.

Е сега за сегашниве случувања, ретко кој ја пласира целата приказна туку само страна која на некого му одговара. Притив сум задолжувања за споменици и останати некорисни работи ама тоа не се пласира така на ТВ, па испаѓа некој не ги сака ни пензионерите, ни уметниците, ни земјоделците итн

За законот за лекарите по учиникот уште од старт реков со две раце потпишувам, конечно нешто добро. Не знам за во Скопје ама за во другиве градови состојбите се катастрофални. Секоја чест на исклучоците кои на прсти се бројат. Ретко одиме по болници и дај Боже да немаме потреба да одиме ама во одредени амбуланти, за МР снимање, во одделот за слух и некои слични нема теоретски шанси некој да започне со работа пред 9-10 часот, а работно време е од 7 или 8.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Ооо, па не си кажала за ова за дипломите и сертификатите Missy, освен ако јас сум пропуштил нешто на форумов.

:zurka: Честитки, честитки :zurka:

Инаку, во целост се согласувам со се што спомна за вработувањето, за праксата, за идиотите од политичари, за плаќањето по учинок и за се останато.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Фала за честитката

Сепак кога не ми служат за ништо сега за сега исто како и да ги немам
Друг парадокс се изначитав огласи за асистенти во администрација, помошници на директор и многу такви случаеви и потребно е кандидатот да има ССС (средна стручна спрема). ВСС е превисоко за позицијата и повторно не ги задоволуваме условите за работа.
Кога ќе замислам дека некогаш размислував и мастер-студии да запишам, но не запишав оставив за понатаму ама сега гледам дека многу многу и не ми се потребни ако не се смени нешто
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Еве некое размислување за протестот на актерите

http://kvadraturanakrugot.crnaovca.mk/2 ... ktaturata/

Навистина многу ниско од нив. Ајде разбирам некои да се продаваат за 1000 денари и да протестираат, ама врвот на општеството.
Пак ќе кажам за ова се виновни неспособните од сдсм што не знаат ни еден став да промовираат.
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Вработувањата во земјава се партиски, ситуацијата е многу лоша, не знам дали подобро би дошло ако се смени власта, но од оваа освен споменици и реклами, друго народот не добива.

Актериве се директори на театри и мора да протестираат, кога знаеме како дошле до тие функции. Освен СДСМ нема друга партија која може да промовира нешто повеќе, иако ставот што го промовираат е малку во споредба со она што го прави владата.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Missy рече дека го подржуваш законот за работа по учинок на лекарите. Знам дека лекарите не се китки за мирисање и дека меѓу нив има доста мрзеливи, но просто не е логично еден лекар да работи по учинок. Тоа е како да работи по норма како работник во конфекција. Колку луѓе ќе треба да прегледа на ден и операции на изврши за таа норма да биде исполнета? Нема логика во тоа барање.

Додека ова со уметниците е вистинка брука. Зборуваат против опозицијата и подоцна бараат нивниот протест да не биде сватен партиски. Ма ви се молам подобри актери сте од тоа, а оној Бранко ќе коленичел пред опозицијата и ќе плакал. Која шега дај да го видам. Каде беше тој уметник да постапи како колегите од западот и да застане во одбрана на обесправените и маргинализирани луѓе во државата. Големи лицемери или доста добри актери. Златна бубамара не им бега.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Beauty напиша:
Вработувањата во земјава се партиски, ситуацијата е многу лоша, не знам дали подобро би дошло ако се смени власта, но од оваа освен споменици и реклами, друго народот не добива.

Актериве се директори на театри и мора да протестираат, кога знаеме како дошле до тие функции. Освен СДСМ нема друга партија која може да промовира нешто повеќе, иако ставот што го промовираат е малку во споредба со она што го прави владата.
Те молам Beauty, ниту една политичка партија во Македонија не промовира нешто повеќе од тоа што го промовира актуелната влада.

Конкретната политичка партија која ја спомна единствено што промовира е дека спомениците не се мачкаат на леб и дека на Македонија местото и е во Европа, очигледно појма немаат од географија, бидејќи Македонија од кога постои се наоѓа во географските граници на континентот Европа.

Единствената разлика помеѓу актуелната влада на Македонија и конкретната политичка партија која ти ја спомна е во тоа што актуелната влада промовира споменици и реклами, додека конкретната политичка партија која ти ја спомна промовира иднина во ЕУ, без воопшто да ни каже за последиците кои следуваат од таквата "иднина" која се повеќе делува како враќање назад и тоа не во Југославија каде што колку-толку имавме некакво право на самоопределување, туку враќање во нов Советски Сојуз, каде што уште помалку ќе ги интересира властите што мислиме јас и ти.

Да не беше светската економска криза, најверојатно дури откако ќе влезевме во ЕУ, каде што течат позајмен мед и позајмено млеко кои ќе мораме да ги вратиме со дебели камати, ќе откриевме што значи таканаречената "европска иднина" која ја промовира конкретната политичка партија која ти ја спомна.

Не мораш да ми веруваш на мене, прашај ги Словенците, Романците, Бугарите и сите граѓани на поновите држави членки на ЕУ за да ти кажат како им е откако влегоа во ЕУ. Хрватите допрва ќе влезат во ЕУ во јуни 2013 или во јули 2013, не помнам точно, но тоа што самите Хрвати или не го знаат или не сакаат да го знаат, е фактот дека со влегувањето во ЕУ, ќе бидат обврзани да го намалат домашното бродоградителство за неверојатни 30%, со други зборови кажано, наместо економски напредок, се обврзуваат на економско уназадување, сето тоа со цел Германија и Франција да настапат на хрватскиот пазар без никаква конкуренција од домашна, односно од хрватска страна.

Така да, ниту една конкретна политичка партија во Македонија не нуди вистински решенија за секојдневните проблеми на Македонците, тоа што едни нудат споменици и реклами, а други нудат некаква си лажна иднина, е чиста пропаганда и не вреди ни ебан динар.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Taki252 напиша:
Missy рече дека го подржуваш законот за работа по учинок на лекарите. Знам дека лекарите не се китки за мирисање и дека меѓу нив има доста мрзеливи, но просто не е логично еден лекар да работи по учинок. Тоа е како да работи по норма како работник во конфекција. Колку луѓе ќе треба да прегледа на ден и операции на изврши за таа норма да биде исполнета? Нема логика во тоа барање.
Значи го подржувам ама ќе мора и да се осмисли и да се избработи така да нема штета ни за докторите не за пациентите. Ова како мец со две острици испаѓа. Заради поголем учинок докторите би можеле често да праќаат на непотребни испитувања, па и операции. Ама од друга страна покрај примерите што ги пишав претходно еве уште неколку
За доктор да пиши трајно пенкало за инсулин ( не знам кој колку е запознат со оваа проблематика) моите, а и пријатели го имаат чекано секојдневно цела недела. Е сега за некој кој што имал залиха од претходно на инсулин не е многу опасно ама за некој што немал и зависи од тоа пенкало може и опасно по живот да е.
Друг пример за една докторка додека била на државно со пациентите како со животни се однесувала. Сега има приватна ординација/клиника што и да е истата таа им помагала дури и при облекување на пациентите, не само што давала одлична услуга како лекар... Ова ми го кажа близок роднина кој одел кај неа и во државно и во приватно

Законот е добар за некои вакви случаи
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Ајмо Coca-Cola :haha: :haha: :haha: :haha:

АМДИ БАЈРАМ НАПРАВИ ЦИРКУЗ ПРЕД СОБРАНИЕТО

Уште Амди Бајрам фалеше пред македонското Собрание каде што полицијата едвај успева да спречи физички контакт на двете спротиставени групи кои протестираат и фрлаат со камења и гранки од дрва едни кон други.
Пратеникот на Сојуз на Ромите, дојде пред собраните поддржувачи на опозицијата на кои им покажа „среден прст“ и упати навредливи зборови, а потоа отиде на другата страна, кај поддржувачите на власта и штрајкувачите против опозицијата кои во пречекаа со воодушевување и аплаузи.
Пред Собранието се уште е многу тензично. Разни предмети се фрлаат во воздух, петради, извици и повици за насилство, а се повеќе граѓани доаѓаат и се приклучуваат – едните на едната, другите на другата група.



Извор: Капитал
 
Top