Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
На својот официјален Твитер профил, хакерската група Anonymous официјално негира дека планира да пушти во употреба нов веб сајт кој би требало да го замени Megaupload како Интернет сервис за споделување на датотеки.

http://twitter.com/anonops

@anonops
AnonOps

We have NO affiliation with this site, and by the looks of it, this is a SCAM - anonyupload.com

24 Jan via Twitter for BlackBerry®
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
Двојникот на Сека Алексиќ ја шокираше јавноста (видео)

Јован Тодосовски е 24-годишен студент, кој се пријавил во шоуто „Јас имам талент“ во Србија, и со својот настап го шокирал жирито и публиката. На „Фејсбук“ со свој коментар се јавила и Сека Алексиќ: „Јован Тодосовски е феноменален. Игра подобро од повеќето пејачки, па и од мене... Меша, се крши, се тресе, секоја чест. Секој мој потег го направи идентично. Немам зборови. Штетa што некои личности не го разбираат неговиот талент. Јоване, само напред!“
Кога Јован заиграл на песните на Сека, на аудицијата за шоуто „Јас имам талент“, публиката и жирито останале шокирани. Публиката била поделена, некои извикувале „уааа“, а имало и такви што го поддржувале. Жирито не сакало да го коментира првиот дел од неговиот настап, каде што тој ја имитирал Сека Алексиќ, но кажаа по некој збор за вториот дел од неговиот настап, каде што ги покажал своите танчарски способности. Па, погледнете го...
Превземено од fun.mnogoo.mk
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Како може некои овие да ги поттикнува да одат на вакви аудиции...греота
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
^
Што е ова "Све за љубав" на Пинк тв? :hehe:


a видете го ова

ќе пукнам од смеење :haha: не е токму оваа
Далечината не ни сметаше на нашето разменување.Никој друг од другите корисници не ставаше толку луди и откачени слики со некои полуди пози,туку само тој.
Tи си едно прекрасно душиче на целиот свет !
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Трендо се враќа, во свој стил се разбира, не на Он.нет, туку на Офф.нет:

http://www.off.net.mk/

Оф.нет, на кој друг би му текнало, ако не на Трендо ?

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
http://www.okno.mk/node/16516

Владата најави изградба на пет јавни куќи во барокен стил

Владата на Република Македонија на својот интернет – портал денеска објави дека планира да изгради пет јавни куќи чии фасади ќе бидат во барокен стил.

Оваа одлука беше донесена поради евидентно присутната агресивност меѓу преродбениците од машкиот пол, која што веќе почнува да ѝ штети на самата Преродба
:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
^
јас на радио Метрополис на вестите слушнав ќе се градело и сплавови на реката Вардар ,само не разбрав локацијата
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Пародија на избраната идна фасада на седиштето на Владата на Република Македонија. :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
Што се случи со Бургер Кинг во Македонија?

Познатата франшиза Бургер Кинг во септември лани го отвори својот прв ресторан во Македонија, лоциран во новата зграда на скопскиот аеродром. Притоа, Канер Дикичи од турската компанија „ТАБ Фудс“, која ја поседува лиценцата за Бургер Кинг, како и други познати франшизи, во август лани изјави дека до крајот на 2011-та година ќе се отворат уште три ресторани Бургер Кинг во Македонија.
Веќе изминува и првиот месец од 2012-та година, а од трите ресторани нема ни трага ни глас. Се шпекулираа познати локации, меѓу кои беше и улица Македонија, но засега нема ништо од тоа. Моментално нема никакви најави, како целиот проект да е пропаднат во земја.
Мекдоналдс во Македонија почна да прави масовни промоции и попусти во пресрет на доаѓањето на својата конкуренција, но таа сеуште не е пристигната.
Во меѓувреме, се гради нов трговски центар во Карпош, за кој веќе е најавено дека ќе се појават многу брендови и франшизи од сите области, меѓу кои се Старбакс, Карфур, Зара, Бершка… Така што не е лоша претпоставката дека можеби Бургер Кинг ќе сака едниот од трите најавени ресторани да го отвори токму тука, па затоа е одложен стартот. Но, останува да видиме што ќе се случи.
Превземено од primetime.mk
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Значи овие од Прајмтајм ми се епик фејл...


Сигурно ако не сте биле во кома во последниве 5 години, сте слушнале или сте ги виделе оние познати Rage Faces, и сте прочитале барем еден Ragecomic на интернет (Но ако е таков случајот да сте биле во кома во последниве 5 години, примете го моето сочуство!)

:off: :off: :off: :off: :off: :off: :off: :off:
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Chris напиша:
Значи овие од Прајмтајм ми се епик фејл...


Сигурно ако не сте биле во кома во последниве 5 години, сте слушнале или сте ги виделе оние познати Rage Faces, и сте прочитале барем еден Ragecomic на интернет (Но ако е таков случајот да сте биле во кома во последниве 5 години, примете го моето сочуство!)

:off: :off: :off: :off: :off: :off: :off: :off:
:haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
Ништо посебно не е, очекував нешто други а излезе како секој сајт што се појави во последната година.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Многу бедни сајтови трпи македонскиот виртуелен свет, жал ми е дури.
 
Top