Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Добро, а колку сакаш да чини нов Samsung Galaxy II или iPhone 4S? Па без разлика во каква економски развиена или економски нестабилна држава да се продава, секогаш цената ќе биде тука-некаде, може само понудите што ги нудат Македонски телеком или Хрватски телеком да се разликуваат, едни поповолни услуги за купување други понеповолни.

Јас лани го земав Samsung Galaxy S за 26.000 ден., првен планирав од Солун бидејќи го начекав на вистински новогодишен попуст, но ме предомислија да не зимам од друга држава, после ќе сум се заебал со дополнителни проблеми кога ќе ми го одкодират, што знам..
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Цените на мобилните апарати,се носат во споредба со стандардот на државата во која се произведуваат. Тука iPhone 4S само апарат да го купиш е 700$ а со план е 200$. Споредувајки со месечните заработувачки, таа цена е пола од најниската плата тука, и е доста дозволива. За разлика што кај нас во Македонија, ја ставаат истата цена, и очекуваат народот да има пари да купи. Нека дадат исти плати,па после нека ја стават истата цена.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
За сите обожаватели и слушатели на Бело Дугме, малку историја.

Во 1949 година Владо Дијак ја компонира песната Селма, а во 1974 година за прв пат истата ја изведува Жељко Бебек како основач и член на бендот Бело Дугме.

38 години подоцна, повторно Бебек ја пее песната, но овој пат ја запознава личноста на која Дијак всушност и ја посветил песната.


За вас останатите не знам, но јас за малку ќе заплакав.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Леле на ова плачеше мајка ми,ми викаше да го гледам. Како ја изненадија,браво.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
https://www.facebook.com/media/set/?set ... 179&type=1
https://www.facebook.com/media/set/?set ... 179&type=1
https://www.facebook.com/media/set/?set ... 179&type=1
https://www.facebook.com/media/set/?set ... 179&type=1
https://www.facebook.com/media/set/?set ... 179&type=1

Еве некои фотографии од сериите на Олвалдо Риос од ФБ профил... Не знам дали е вистински профилот ама сликите се одлични за потсетување
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Превземено од: estudent.mk

Утре и Македонија без ФЕЈСБУК!

И тоа ќе се доживее. Еден ден без фејсбук. За сите зависници и повремени корисници, утре нема да можете да ја користите вашата омилена социјална мрежа. Со ваков чекор Facebook, Google I Yаhoo ќе го искажат револтот против пиратеријата, протест организиран од Wikipedia.

Утре нема да може да се користи фејсбук. Протестот е организиран поради анти пиратскиот закон кој треба да се разгледува во американскиот Конгрес. Влијателните сајтови сметаат дека овој закон ќе влијае врз слободата на говорот во САД но и целиот свет па затоа ќе се обидат својот револт кон пиратеријата да го покажат на овој начин. Џими Вејлс кој е основач на Wikipedia реши да се исклучи страницата 24 часа откако оваа одлука ја поддржале околу 2000 администратори.

А што друго би правеле ако нема фејсбук? Ако ова прашање досега некој си го имаше поставено, утре ќе го доживее и одговорот. Ова ќе биде големо искуство за сите!

Like или Dislike за оваа одлука?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Предлагам и Интернет порталот и форумот на ТВ Пакет да го следат примерот на Гугл, Јаху, Фејсбук и Википедија бидејќи и за кај нас се подготвува нешто слично на срањето од предлог закон наречено Stop Online Piracy Act - SOPA, а тоа е контроверзниот закон за медиуми кој се подготвува од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

10000 евра за регистрација на Интернет домеин не ми делува како прифатлива цена за просечниот Македонец.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Сега па слушам само за Wikipedia ќе било :D :D :D
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

За англиската Википедија е потврдено, мислам дека само англиската Википедија ќе биде недостапна утре, среда, 18 јануари 2012, но не и останатите верзии на Википедија.

А дали Гугл, Фејсбук и Јаху ќе се придружат на протестот ќе дознаеме утре, претпоставувам дека ќе се придружат бидејќи протестот е најавуван уште од декември 2011 заеднички од страна на претходно спомнатите Интернет сервиси на кои SOPA ама воопшто не им е од корист.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
И Гугл отворено ќе изрази протест против SOPA, но не со исклучување на веб сајтот, туку со закачување на линк против SOPA на својата почетна веб страна.

http://news.cnet.com/8301-31001_3-57360223-261/google-will-protest-sopa-using-popular-home-page/

Google will protest SOPA using popular home page

The tech sector is pulling out the big guns now.

Google, the Web's top search company and one of technology's most influential powers in Washington, will post a link on the company's home page tomorrow to notify users of the company's opposition to controversial antipiracy bills being debated in Congress.
А ѓубрето од сопственик на медиуми Руперт Мурдок, отворено го поддржува предлог законот SOPA и плука по Гугл и останатите Интернет сервиси кои своите услуги ги нудат бесплатно, за разлика од Мурдок, кој наплаќа за прелистувањето на веб сајтовите на неговите медиуми, и се разбира, на дебело би профитирал ако SOPA воопшто биде усвоен и стане закон.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Креативен начин на кој креаторите на видео игрите, кои не ја поддржуваат пиратеријата, го изразуваат својот револт кон предлог законот против пиратеријата SOPA.

А објаснуваат и зошто иако не ја поддржуваат пиратеријата, сепак немаат ништо против пиратеријата.

 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Американците го укинаа еден од најголемите даунлоад сајтови на светот Megaupload.



Indictment Charges Megaupload Site With Piracy

McLEAN, Va. — Federal prosecutors in Virginia say they have shut down one of the world’s largest Internet file-sharing sites, Megaupload.com, and charged its founder and others with violating piracy laws.

An indictment accuses the company of costing copyright holders more than $500 million in lost revenue from pirated films and other content. The indictment was unsealed Thursday, one day after Web sites shut down in protest of two Congressional proposals intended to thwart the online piracy of copyrighted movies and TV programs.

Megaupload.com has claimed it is diligent in responding to complaints about pirated material.

The indictment says that at one point, Megaupload was the 13th most popular Web site in the world.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

А станува збор за Интернет сервис чиешто седиште беше во Хонг Конг, Кина, а не во САД.

И сепак американците успеаа да го укинат, иако не подлегнува на американската законска регулатива ?

Кој е следен - Rapidshare, Hotfile, Fileserve, Filesonic, ... ?

И сеуште некој мисли дека овој предлог закон SOPA кој чека на гласање во американскиот Конгрес нема да има никакво влијание врз нас ?

Е па, останува да му ја мислиме ако SOPA биде усвоен во американскиот Конгрес. :trlja race:

Бог нека ни е на помош. :semolam:
 
Top