Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83


Засега ова е само замисла за ГТЦ, но и анимацијата за проектот Скопје 2014 започна како замисла, па еве, веќе четврта година по ред се реализира.

Има ли некој друг предлог за неокласицистичка преродба на некој објект ?
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Е ќе се убијам, :haha: :haha: :haha: :haha: ова е смешно, но јас сериозно пред некој ден размислував дека на ГТЦ под итно му е потребна реконструкција, страшно изгледа.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Ама сигурно не му треба баш ваква реконструкција.

Имено, за седиштето на Владата на Република Македонија велеа дека е потребна нова фасада бидејќи течело од покривот кога врнело и не дихтувале прозорците.

На форумот на build.mk се заебаваат, велејќи дека најверојатно и на ГТЦ му треба нова фасада бидејќи најверојатно и таму не дихтувале прозорците. :haha:
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
На ГТЦ сигурно не му треба ваква реконструкција, но за Владата немам ништо против, идејното решение е одлично и едвај чекам тој објект да го видам со нов изглед, ова што го имаме моментално како Влада е дно.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Се согласувам, но лично мислам дека вториот и петтиот предлог беа подобри, вториот беше за задржување на сегашниот изглед, но со современи материјали, а петтиот беше за изглед како од традиционалната охридска архитектура.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Претерано антички изгледа ова -_- Воопшто не ми се допаѓа.

Ајде нека го отворат Скопје Сити Мол после ГТЦ нема ни да ни треба :D
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Можеби по содржини Скопје Сити Мол, или Александрија, сеедно, ќе биде побогат, но нема да биде поголем од ГТЦ, особено бидејќи за ГТЦ се планира доградување со уште еден кат.

ГТЦ Скопје е наградуван објект, оригинален и уникатен самиот по себеси, Рамстор и Веро се силна конкуренција, и Скопје Сити Мол ќе биде силна конкуренција, но ГТЦ Скопје ќе си остане оригинален и уникатен самиот по себеси и дефинитивно ќе остане една од најпосетуваните трговски локации во Скопје, и една од најпрофитабилните, се разбира.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
ГТЦ уникатен? Ма дај не ме засмејувај, тоа што е стар и прв не значи дека е уникатен.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Е како не е уникатен ?

Си видел некаде трговски центар од отворен тип, односно со отворени влезови и без надворешни ѕидови ?

Не го прави тоа уникатен, исто како што и Југото останува уникатно по тоа што од секогаш ја уживало титулата најлош автомобил на светот (или најгрд, не помнам точно) ?

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Уникатен е само по тоа што го форсираат, иако има солидна конкуренција како Рамстор и Веро, а наскоро таа конкуренција ќе стане уште посолидна и посилна со Скопје Сити Мол.

Еве, сега морам да се поправам себеси, освен ГТЦ Скопје, и ТЦ Беверли Хилс и ТЦ Автокоманда се трговски центри од отворен тип, а сигурно ги има и други такви трговски центри. :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
Сликава со ГТЦ е зезанција ,видете го од десно човекон покрај скалите како лик од Star Wars е со меч :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ако во 2012 се случи катаклизма, основачите на The Pirate Bay ќе ја дочекаат истата зад решетки.

http://on.net.mk/vesti/internet/zatvor-za-osnovachite-na-pirate-bay

Затвор за основачите на Pirate Bay

Шведскиот Врховен суд им ја одби жалбата на основачите на Pirate Bay, што значи Петер Сунде, Фредрик Неиј, Готфрид Свартхолм и Карл Лундстром ќе мора да одат во затвор.
И додека Шведска ги лишува од слобода основачите на The Pirate Bay, нивната креација The Pirate Bay не само што и понатаму постои и успешно функционира, туку и веќе ги ужива довербата и поддршката на еден од најпознатите писатели на денешницата, Паоло Коелјо, кој ги охрабрува неговите читатели да ги симнат неговите книги бесплатно преку Интернет, а доколку уживаат во истите, да купат и легални печатени копии од истите, за да така докажат дека лакомоста на авторите не води никаде.

Е ова навистина ме изненади, автор на книги, кој нема ништо против тоа неговите авторски права да бидат прекршувани од трети лица, додека западот планира цензурирање на Интернетот, секоја му чест на Паоло Коелјо.

http://kajgana.com/kako-paolo-koeljo-stana-onlajn-pirat

„Лакомоста на индустријата не води никаде“

Како Паоло Коелјо стана онлајн пират?

Од неодамна, насловната страна на сервисот за споделување датотеки The Pirate Bay ја краси фотографија на славниот писател. Што е финтата?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
http://kajgana.com/koi-se-10-te-najgolemi-kompanii-poddrzhuvachi-na-sopa-i-pipa

Кои се 10-те најголеми компании поддржувачи на SOPA и PIPA?



Интернетот е дефинитивно една од најдобрите работи кои му се имаат случено на човештвото, давајќи му слобода да прави нешта. Но, со обиди за донесување на акти и закони како SOPA и PIPA, под превезот на интелектуалната сопственост, владите се обидуваат да ја одземат оваа слобода и да се стекнат со право да гасат цели сајтови без никакво предупредување и да праќаат луѓе во затвор поради споделување на фотографија или видео.

Иако 90% од големите американски компании се спротиставуваат на SOPA и PIPA велејќи дека тие би ја убиле онлајн слободата, сепак 10% од компаниите им даваат поддршка. Кои компании се најголемите поддржувачи?

10. Philip Morris International
Водечкиот американски производител на цигари кој е во сопственост на Altria Group.

9. Rolex Watch USA Inc
Rolex е производителот на најлуксузните часовници на светот.

8. Dolce & Gabbana USA, INC
SOPA ја поддржува и американската подружница на луксузната италијанска модна куќа

7. ADIDAS America
Уште еден производител на облека

6. U.S. Chamber of Commerce
Една од најголемите лоби групи во САД која „не е поврзана со американската влада“, а се состои од лобисти, адвокати и специјалисти за политики.

5. Ford Motor Company
Американската подружница на автомобилскиот производител за кој не треба претставување.

4. Sony
Sony Electronics, Sony Entertainment и Sony Pictures, заедно познати како Sony Inc.

3. Wal-Mart
Најголемиот ланец на американски дисконти. Mногумина се прашуваат каква врска има онлајн пиратеријата со бизнис со маркети?

2. World Wrestling Entertainment, Inc
Најголемата франшиза за боречки спортови во САД со милиони гледачи. Уште една компанија за која никој не знае зошто е толку загрижен а за пиратеријата.

1. Electronic Arts, Inc
Едниот од најголемите призводители на видео игри ги поддржува SOPA/PIPA, додека повеќето производители на видео игри не ја дадоа својата поддршка.
Од 10-те најголеми поддржувачи на предлог законите SOPA и PIPA чиешто гласање во американскиот Конгрес неодамна беше одложено на неопределен временски период, од оправдани причини бидејќи Американците излегоа на протести против истите тие сра_а од предложени закони, само 2 (ДВЕ) фирми се занимаваат со информатичка технологија, а тоа се Електроник Артс и Сони, наводно Сони неодамна ја повлекле нивната поддршка за SOPA и PIPA, но останативе фирми појма немаат што е тоа Интернет.

Е ако ова не е доволен доказ дека се планира Интернет цензура, а не борба против пиратеријата, тогаш не знам што е.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/744917/index.html

Што е „АСТА“? Информирајте се, наскоро ќе биде предоцна!

Што е всушност „АСТА“? Дознајте ги клучните детали од Анонимус: Европскиот парламент е последната пречка на „АСТА“ и Хактивистите најавија војна на тие кои ќе се обидат да го цензурираат интернетот.

„Информирајте се и делувајте, бидејќи наскоро ќе биде предоцна“, е порака од хактивистичката група Анонимус, која најави борба против АСТА (Anti-Counterfeiting Trade Agreement).

Малкумина всушност сфаќаат што е всушност „АСТА“ и каква опасност претставува тој договор. Тоа не е случајност; „АСТА“ е конципирана така да биде многу нејасна и договорена во тајност, со цел граѓаните да не сфатат како е осмислена и со цел за елиминација на основните човекови права.



„Вистинската цел на „АСТА е да го уништи интернетот каков што го знаеме и да ви ја одземат слободата“, порачуваат Анонимус. Имено, „АСТА“ може да се интерпретира на повеќе начини. Тие кои се обидуваат да го воспостават тој договор ќе ве убедуваат дека се работи за бениген договор чија примарна цел е да се заштити индустриското производство од пиратските производи.

Но, малку поинаквата интерпретација таа од која се плашат од Анонимус, ја претвора „АСТА“ во интернетски „Killswitc“ - прекинувач за гаснење, т.е. цензура на World Wide Web. „Најголемата лага која некогаш е изговорена е дека секоја земја која ќе го ратификува договорот „АСТА“ ќе може сама да бира како ќе ги интерпретира одредбите од договорот“, порачуваат Анонимус.

Од тоа стравува и Дејвид Маер, автор на ЗДНет, кој веќе подолго време го следи развојот на „АСТА“. Како прво, Маер истакнува дека „АСТА“ се уште никаде нема законска тежина. Да дојдат до тоа, државите кои го потпишале тој договор мора пред се да го ратификуваат во своите парламенти. За подрачјето на ЕУ тоа ќе го направи Европскиот парламент.

Целта на „АСТА“: Да се прекине „широкопојасната дистрибуција“

Маер предупредува дека „АСТА“ предвидува затворски казни и парични казни за сите кои ќе се впуштат во пиратска дејност, како и за тие кои им помагаат во тоа. Посебно е проблематичен чл. 27 од овој договор, во кој стои дека ќе се санкционира секоја широкопојасна дистрибуција („widespread distribution“) на производи заштитени со авторски права.

„Широкопојасната дистрибуција е основна карактеристика на интернетот“, предупредува Маер. Во пракса, тоа може да се протолкува на следниот начин: ако сте поставиле песна која не ви припаѓа на ЈуТјуб, значи сте го прекршиле законот. Ако сте поставиле слика која не ви припаѓа на Фејсбук, сте го прекршиле законот. Апсурдот не застанува само на тоа: со ратификацијата на „АСТА“ казнено дело станува дури и дистрибуција на легална технологија која може да се користи со цел за пиратерија.

За слободата на интернетот важен е и чл. 8. на „АСТА“, кој на државата и дава овластување за спроведување на цензура, т.е. и наметнува должност за елиминирање на интернетски страници кои ги кршат авторските права. Сопствениците на таквите страници воедно ќе мора да платат оштета на тие на кои го прекршиле copyright. Меѓутоа, „АСТА“ не ја дефинира висината на оштетата, туку остава на надлежна правосудна институција да процени колкава е штетата што е направена.



Зошто документите се тајни?

„Како и сите други меѓународни договори, „АСТА“ мора да се толкува во согласност со Виенската конвенција од 1969 година. Членот 32 од Виенската конвенција вели дека ако било кој дел од некој договор е двосмислен, мора да се толкува во согласност со документацијата која била користена при изготвување на истиот. Документацијата која била користена при составување на „АСТА“ е тајна и никогаш не била достапна на јавноста“, велат Анонимус.

Од Анонимус тврдат дека ниту еден модерен договор никогаш не бил таинствен. Дел од документите кои биле користени при составување на „АСТА“, „ги набавила“ екипата на Викиликс, тврдат од Анонимус. „Содржината на тие документи ја смрзнуваат крвта во вените“, тврдат од Анонимус.

Европскиот парламент е последна пречка за „АСТА“

Последната пречка на патот на “АСТА“, тврди Анонимус е Европскиот парламент кој за ратификацијата на “АСТА“ ќе расправа во јуни оваа година. „Ако Европскиот парламент го ратификува „АСТА“, ќе биде крај на светот каков што го познаваме. Вашите слободи полека ќе исчезнуваат. Вашиот интернет постепено ќе се претвора во контролиран, цензуриран канал преку кој ќе ви биде достапна само содржина продуцирана од страна на неколку компании“, тврдат Анонимус.

„АСТА“ е декларација на војна против секој човек, жена и дете на планетата. Ако сте политичар и го браните „АСТА“, виновни сте за предавство на највисоко ниво и така ќе ве третираме. Ќе го победиме договорот „АСТА“. Нема да не замолчите. Ќе излеземе на улиците. Ќе ги заземеме своите влади. Ние сме Анонимус. Ние сме легија. Ние не простуваме. Ние не забораваме. Очекувајте не“.

vijesti.hr
 
Top