Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Штотуку дознав дека врвните луѓе од Megaupload биле уапсени во Нов Зеланд.

Значи:

1. Затвораат веб сајт од Хонг Конг;
2. Ги апсат сопствениците на веб сајтот во Нов Зеланд.

Си го пикаат носот во 2 различни држави, во едната затвораат тамошен веб сајт и спречуваат фирма во нејзиното работење, а во другата апсат луѓе кои, претпоставувам, не се државјани на САД.

Од хакерската група Anonymous велат дека успешно ги хакирале веб сајтовите на ФБИ и ред други американски организации и институции во знак на протест поради затворањето на Megaupload.

http://www.mercurynews.com/nation-world/ci_19777444?source=rss

Anonymous takes down government, recording industry websites in retaliation for bust

Anonymous says it is in the process of staging its "largest attack ever" -- more than 5,000 loosely associated hackers taking down websites belonging to government and recording industry organizations in response to Thursday's shutdown of the file-sharing site Megaupload.com.

The Department of Justice unsealed an indictment against Megaupload.com on Thursday, arresting its founder -- Kim Dotcom, formerly known as Kim Schmitz -- in New Zealand and charging him and at least five other company executives with violating privacy laws.

In response, the hacker collective known as Anonymous announced a collaborative attack against government and recording industry websites, successfully taking down the site of the Department of Justice -- which coordinated the case against Megaupload -- and the Recording Industry Association of America. As of 4 p.m. Pacific time, Justice.gov and RIAA.com were failing to load, along with other stated targets such as UniversalMusic.com and the Utah Chiefs of Police Association homepage.
Но, дали ова ќе има некакво влијание во американскиот Конгрес и дали ќе го спречи усвојувањето на SOPA и PIPA ?

Еее, дури сега дознаваме колкави бази на податоци ги снема преку ноќ.

Филмови, серии, музика, видео клипови, слики и програми што сме ги симнувале преку Megaupload сега се недостапни за симнување од истиот веб сајт.

Овој форум конкретно остана без епизодите на сериите: Величествениот (Muhtesem Yuzyil), Зора (Alborada), Касандра (Kassandra), Млади бунтовници, 1-ва сезона (Rebelde Way, Temporada 1), Твојата господарка (Soy tu duena), Опиени од љубов (Destilando Amor) и Љубовта е вечна (Manana es para siempre) чиишто линкови за симнување од Megaupload се објавени во секцијата Download од овој форум, како и ред други серии за кои меѓусебно сме размениле линкови за симнување од Megaupload на форумов.
 

Thiago Bedoya Aguero

Нов Член
430
0
0
Втората сезона на Млади Бунтовници не ја симнав, но ја имаа поставено на претходниот форум :S Ако ја има некој дали би можел да ја стави на торент или нешто друго можеби? Ова е само предлог.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
недај боже и Rapidshare да го исклучат ,ќе останеме со едно од подобрите сајтови за download
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
M@RKO напиша:
недај боже и Rapidshare да го исклучат ,ќе останеме со едно од подобрите сајтови за download
RapidShare е со седиште во Швајцарија, а во Швајцарија пиратеријата со закон е дозволена и легална, така да, RapidShare може само да го блокираат останатите држави како САД и сите останати држави во кои пиратеријата е криминално дело, но не можат да го затворат.

А и да го блокираат, сепак има решенија за пристапување до веб сајтот преку DNS регистарот, кој е еден вид матична книга на веб сајтови, во таа матична книга може само да се бришат веќе постоечки веб сајтови и да се додаваат нови веб сајтови, а бидејќи RapidShare работи во целост легално во Швајцарија и добро стои финансиски, мали се шансите да биде затворен и избришан од DNS регистарот, а се додека сајтот постои во DNS регистарот, ќе има пристап до истиот од било која држава, без разлика дали ќе биде блокиран во таа држава или не, само ќе треба да се пристапи до веб сајтот на потежок начин, со неколку финти кои не се многу филозофски.

Така да, барем додека RapidShare работи легално и добро стои финансиски, не мораме да стравуваме од негово затворање.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Или Megaupload воопшто не бил избришан од DNS регистарот, или веќе се работи на нов веб сајт на Megaupload, или ова е чиста измама и глупост:

http://109.236.83.66/

Преку оваа IP адреса директно може да се пристапи кон веб сајт кој наводно е идниот веб сајт на Megaupload, велам наводно бидејќи ништо од ова не е официјално потврдено.

Можеби нема да ви го отвори веб сајтот бидејќи очигледно сеуште се работи на средување на серверите.

Инаку, по тоа што го дознав, ФБИ успеале да го затворат Megaupload затоа што иако фирмата е со седиште во Хонг Конг, Кина, сепак истата имала сервери и во сојузната држава Вирџинија во САД, па така успеале легално за го затворат веб сајтот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека е обезбеден бесплатен железнички превоз и билети за 1000 македонски граѓани кои што во текот на утрешниот ден ќе може да присуствуваат на ракометниот натпревар Македонија-Полска, што во рамки на Европското првенство во ракомет се одржува во Белград, Република Србија.

Изборот на лицата ќе се направи вечерва преку лотарија што со почеток во 23 часот ќе се одржи во живо на првата програма на Македонската телевизија.

Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на АД Макстил.

Со ова веруваме дека ќе се даде дополнителна поддршка и стимул на утрешниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација.

http://www.ovaemakedonija.mk/index.html


-------------------------------------------------------------------------
Песна за Megaupload

плус еден ремикс DUBSTEP
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Blagojche напиша:
Има ли можност да се врати мегааплоад?
Најверојатно не, како што вели Bobi, иако еден од адвокатите на сопственикот на веб сајтот и на неговите блиски соработници кои беа уапсени кога беше затворен веб сајтот минатата недела, спомна дека вработените планираат да го рестартираат веб сајтот.

Една опција е некој друг да го откупи веб сајтот и да го рестартира, така беше со The Pirate Bay, сопствениците на веб сајтот беа уапсени, осудени и затворени, но The Pirate Bay и понатаму постои и функционира бидејќи беше купен од друг сопственик, кој сега треба да му ја мисли за да не му се случи истото што им се случи и на неговите претходници, претходните сопственици на The Pirate Bay.
 

Losteech

Администратор
663
0
0
Megaupload пред некој ден пак се појави, а се чини дека во моментов се работи на тоа да проработи набрзо повторно.

http://109.236.83.66/

Она што загрижува е фактот што Американците се чини дека имаат моќ да ги затворат сите оние кои барем мал дел од својата компанија ја имаат сместено на нивно тло, а за која постојат сомнежи дека репродуцира пиратериски материјали. Сега, се поставува прашањето, ако го можат тоа, дали набрзо ќе можат да ги затворат и сите тие што го користеле тој сајт, и дали тоа значи дека 25% од корисниците на Интернет кои го користеле Megaupload ќе завршат зад решетки?!

Подетално: http://9gag.com/gag/2042573
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
А за колку време можно е да се рестартира ? ? ?
Дали некој може да ми најде линк ода кде што можам да ја симнувам LA fuerza del destino? Останав на цедило... стасав до 50 епизода и сеа не можам да ја догледам... На пинк нема да ја гледам пошто то време сум на школо... Пробав преку Пандо ама не може... отстранети се... на секој месец се обновува... не ми се чека...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Losteech напиша:
Megaupload пред некој ден пак се појави, а се чини дека во моментов се работи на тоа да проработи набрзо повторно.

http://109.236.83.66/

Она што загрижува е фактот што Американците се чини дека имаат моќ да ги затворат сите оние кои барем мал дел од својата компанија ја имаат сместено на нивно тло, а за која постојат сомнежи дека репродуцира пиратериски материјали. Сега, се поставува прашањето, ако го можат тоа, дали набрзо ќе можат да ги затворат и сите тие што го користеле тој сајт, и дали тоа значи дека 25% од корисниците на Интернет кои го користеле Megaupload ќе завршат зад решетки?!

Подетално: http://9gag.com/gag/2042573
Намерно не го објавив видео клипот на Мајк Моцарт од Џиперс Медиа по повод затворањето на Megaupload, бидејќи речиси и да нема нешто поново во тој видео клип во споредба со тоа што веќе го има во првите 2 видео клипа за SOPA и PIPA.

А и не верувам дека IP адресата на која наводно ќе се наоѓа рестартираниот веб сајт на Megaupload е веродостојна, ако е веродостојна, тогаш значи сите Интернет корисници од целиот свет ќе се поврзуваат на еден ист сервер, односно на таа IP адреса, а тоа едноставно нема смисла, Megaupload беше еден од најбрзите Интернет сервиси за споделување на датотеки, а со само 1 (ЕДЕН) сервер за целиот свет, ќе биде еден од најбавните веб сајтови во целиот свет.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
:off: :off:

MegaUpload
Closed.

FileServe
Deleting multiple files. Closed affiliate program.

FileJungle
(Owned by FileServe) Deleting multiple files. Testing out blocking some USA IP addresses.

UploadStation
(Owned by FileServe) Deleting multiple files. Testing out blocking some USA IP addresses.

FileSonic
Sharing disabled. Closed affiliate program. Deleting files and accounts.

VideoBB
Closed affiliate program.

Uploaded.to
Banned USA IP addresses.

FilePost
Started suspending accounts with infringing material (doing what Hotfile did)

VideoZer
Closed affiliate program.

4shared
Deleting multiple files.

Wupload
Many accounts disabled.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Само RapidShare како да е имун засега на сето ова, бидејќи седиштето му е во Швајцарија и бидејќи во Швајцарија пиратеријата е легална.

Наводно хакерската група Anonymous ќе пуштела во употреба нов Интернет сервис за споделување на датотеки кој би требало да го замени затворениот Megaupload, но тоа засега се само шпекулации.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
SOPA, PIPA, ACTA, Megaupload, Fileserve, Filesonic, ..., а сега и Трендо си оди од Он.нет:

http://on.net.mk/risajkl-bin/sad-adio

А САД, АДИО



Хеј,

По долго и тешко размислување, дојде време да се разделам со моето 12 годишно милениче наречено он.нет.мк.

Дигам сидро од овде. Ништо драматично. Едноставно, мислам дека во вакво корпоративно гнездо, работењето на ваков сајт ќе стане прилично незабавно.

А не беше тоа финтата.
Но на крајот вели дека ќе се читаме наскоро, на некое пораат и понаше место, што значи дека си оди од Он.нет, но не и од Интернет заедницата.

Што уште не чека во катаклизмичната 2012 година ?
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Blagojche напиша:
А за колку време можно е да се рестартира ? ? ?
Дали некој може да ми најде линк ода кде што можам да ја симнувам LA fuerza del destino? Останав на цедило... стасав до 50 епизода и сеа не можам да ја догледам... На пинк нема да ја гледам пошто то време сум на школо... Пробав преку Пандо ама не може... отстранети се... на секој месец се обновува... не ми се чека...
Колкав голем проблем имаш еј, не би сакала да сум на твое место... :off:
 
Top