Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Настапот на Мадона на синоќешното 46то по ред Superbowl.

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
Oдличен настап на Мадона ,ептен добро изгледа
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Досадно....Од месечината се гледа дека е lip-sync ама барем требало поубаво да изглуми...
И оваа новата песна, глава да те заболи после едно слушање..На рамниште на Аврил Лавињ и други wanna be пејачки.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
BTJunkie своеволно одлучи да се самоубие после 6 ипол години постоење.

Па нормално, со SOPA, PIPA, ACTA и TPP кои чекаат да станат закони и ратификувани и усвоени меѓународни договори, затворањето на Megaupload, како и од поодамна затворените TorrentSpy и Mininova, Интернет сервисите за споделување на датотеки како FileServe, FileSonic и други кои преминаа кон затворена Cloud платформа, ваквиот потег на BTJunkie е во целост разбирлив, особено ако се додаде и фактот дека содржинските мафијаши кои себеси се нарекуваат "заштитници на авторските права" во ноември 2011 го пријавија BTJunkie како веб сајт кој сериозно и наштетува на забавната индустрија.

Засега само The Pirate Bay има извадено жива глава бидејќи се префрли на шведски Интернет домеин, но ако ACTA стане реалност, ќе мора повторно да се сели на друг странски Интернет домеин, по можност руски или кинески бидејќи Русија и Кина засега не се заинтересирани за ACTA и за TPP.

Само Бог знае како и дали воопшто ќе ги преживееме наредниве 11 месеци од оваа 2012 година, која повеќе од очигледно судена е да биде апокалиптична за Интернетот и за слободниот говор.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
Само не дај боже и Zamunda Бугариве да се збогуваат од интернетов ,ќе нема од каде да земаме филмови со добра брзина на download
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Бугарија веќе го има потпишано ACTA, останува уште да го ратификува, а за тоа треба истиот да биде изгласан во бугарскиот парламент.

Ако ACTA биде изгласан во бугарскиот парламент и ратификуван од страна на Бугарија, Zamunda и бугарските Интернет сервиси за споделување на датотеки први ќе се најдат на отстрел.

Контактирајте ги вашите познаници, пријатели и роднини во Бугарија и охрабрете ги да излезат на протести против ACTA, бидејќи веќе видовме на дело што им се случи на Megaupload, BTJunkie и ред други торент тракери и Интернет сервиси за споделување на датотеки.

Ова ѓубре од меѓународен договор наречено Anti-Counterfeit Trade Agreement или ACTA мора да стане дел од минатото, или во спротивно, слободно можеме да се збогуваме со приватноста која ја уживаме на Интернет и со неограничените извори на филмови, серии, музика, слики, софтвер и ред други дигитални содржини кои ги симнуваме од Интернет, а играат своја улога во нашиот секојдневен живот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,109
113
Dexter26 напиша:
^

Бугарија веќе го има потпишано ACTA, останува уште да го ратификува, а за тоа треба истиот да биде изгласан во бугарскиот парламент.
Oд каде ти е оваа информација?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Од повеќе веб сајтови, вклучувајќи го и овој:

http://www.novinite.com/view_news.php?id=136282

Bulgarian ISPs Rise against ACTA



Protesters rally during a demonstration against the ratifying of the Anti-Counterfeiting Trade Agreement (ACTA), in Warsaw, Poland, 27 January 2012. EPA/BGNES

The ACTA agreement will breach users' rights and change the course of internet evolution, argued a branch union of Bulgarian ISPs Wednesday.

"ACTA aims at obliterating anonymity and entirely transform the structure of the global network," said the Bulgarian Union of Independent Internet Providers.

In addition, Bulgarian ISPs argue that the agreement will breach privacy of users and will go as far as reverse the presumption of innocence.

Last Thursday, Bulgaria became one of 21 EU member states who joined countries such as the USA, Japan, Canada, Australia, South Korea and Switzerland as signatories to the Anti-Counterfeiting Trade Agreement.

The intergovernmental treaty stipulates that downloading content such as music and movies from sites not sanctioned by rights owners, such as torrent trackers, is similar to product counterfeiting.

ACTA further will have such actions be subjected to criminal, and not civil proceedings, as has been up to now.

The document has been drafted and signed under much secrecy, which has added to the ire of users worldwide.

"With the introduction of ACTA, ISPs will be obliged to survey their users' traffic and to give to the authorities information about who does what," said Bulgarian Union of Independent Internet Providers representative Strahil Dobrev.

"At the present moment, only the police, by means of a court decision, can make us do that. This will be totally changed if ACTA is implemented," clarified Dobrev.

ISPs argued that this could lead not only to breach of privacy rights, but also for random but significant punishments for users for downloading content as harmless as pictures.
Има една грешка:

На повеќе веб сајтови пишува дека и Мексико и Швајцарија го имаат потпишано ACTA, што не е точно, барем засега.

Мексико и Швајцарија преговараат за пристапување кон ACTA, а на нас останува да се надеваме дека нема да го потпишат и дека ќе го баталат.

Но за Бугарија знам дека го има потпишано, од сите држави членки на ЕУ, само Германија, Холандија, Естонија, Словачка и Кипар го немаат потпишано ACTA, а сите останати држави членки на ЕУ го имаат потпишано ACTA, вклучувајќи ја и Бугарија.

Еве и слика од насловната страна на Zamunda во знак на протест против ACTA од пред некој ден:

http://i2.imageban.ru/out/2012/01/31/3de32917438bbf584cb8b4898fc7df76.png

Намерно ја закачив како линк, бидејќи преголема е сликата за на форумов, нема смисла залудно да зафаќа простор, пораката дека ACTA е опасен за Интернет корисниците мора да стигне до јавноста, тоа е важно.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Понекогаш се сеќавам на се и сешто од минатото.

Овој пат се сетив на една песна на Адријана Алачки - Македонска полиција.

Целосен циркус се и песната и изведбата, но пораката која ја испраќаат, за жал, е сериозно вистинита и веродостојна.

Жал ми е бидејќи не се сетив на песнава после 5 јуни 2011, кога човечки живот згасна, тогаш требаше да се пее песнава.

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Имаше и спот од песнава, покрај Охридско Езеро ако добро помнам, помнам дека даваа како џандари бркаат еден пијаница и го тепаат со пендреци.

Ама оваа жена, Ана Бекута (родена Нада Полич), воопшто не е будала.



Немојте погрешно да ме разберете, јас не сум толку многу по народната музика, фолкот, а најмалку па по турбо фолкот, но ете, се сетив на овие песни, па одлучив да ги споделам спомените со останатите членови на форумот на ТВ Пакет, а претпоставувам дека има барем уште 1 (ЕДЕН) член на форумов кој ги дели овие спомени со мене.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Абе се сеќавам и јас на оваа песна, но Ана Бекута? Не беше таа Србинка? Ме збуни тотално...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Да, Србинка која прекрасно отпеала македонска песна.

Исто како што и Хелена Благне е Словенка која прекрасно ја отпеала Кога те нема на првото издание на Макфест во 1985 година и победила на истото издание со истата песна.

Мило ми е кога странци пејат македонски песни, тоа ми зборува дека сме нација со врвни вредности, можеби не освојуваме Оскари, Греми, Евровизија и што ли уште друго не, но сепак поседуваме вредности кои не само нашинците, туку и странците ги штитат и ги шират низ светот.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Искрено каква таква имавме некаква фолк естрада,а сега со сите овие квази пејачки и уште поквази песни,мислам дека ни за по дома не се е камо ли за на естрадава да се појавуваат...Со лопата да ги ринеш колку проникнаа...
 
Top