Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Јас не морам да се потсетувам, кај мене секогаш пред Нова Година поминуваат од МПЦ да ми продадат православни календари, па така секогаш знам кој празник, односно кој именден на кој ден се паѓа. :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,746
6,108
113
Стефан напиша:
Аиииии утре именден ми било бе. Сосема заборавив, Missy фала на потсетувањето, ќе се чудев зашто ми честитаат моите.
и на татко ми му е именден :D
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Само ли мене денес нешто не ме дружи фејсбуков??? Од такт ме вади цел ден 434534
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ние им ги гледаме сериите и ги слушаме Талија и Лусеро, а за возврат тие ја слушаат Цеца:


:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
А кои се дечките што ја слушаат Цеца уствари? Инаку, Боби, фејспалмот ти е јуник! :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Е да, кои се, но колку ги имало за да му текне на некој да пушти нешто српско ?

Овие останативе гости не ми делуваат како Срби. :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Веќе 3 дена по ред го гледам ова и тоалетот го посетувам се почесто, ќе дехидрирам од смеа.

El arbol de Gabriel е венецуелска теленовела на телевизиската куќа Веневисион со Хорхе Рејес и Даниела Баскопе која се снима и емитува во Венецуела од септември 2011, а меѓу негативците е и Роксана Диаз, на нас позната како актерката која ги глумеше главните женски улоги во Се за љубовта (Aunque me cueste la vida, 1998, RCTV) и Моја најмила (Carissima, 2000/2001, RCTV).

Роке Валеро глуми транвестит и ме смее до солзи, морате да го видите од 24:10 до 27:00.


:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:

А македонските телевизии мораат да го донесат ова на македонските мали екрани, бидејќи ова е вистинско телевизиско ремек дело.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Ајде да ве видам, денеска Петок13 е, што мислите, баксузно и слично е, или баш како обичен ден ?
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Не знам, мене ме асоцира дека вечерва добивам прекрасна пита и можност да добијам среќна паричка.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Мене ме потсетува дека на денешен ден, четврток, 13 јануари 2011, успешно ја одбранив дипломската работа на факултет, и дека можеби, ама само можеби, ќе се вработам до крајот на јануари 2012, што значи повеќе од година дена дремење по дома невработен после дипломирање.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Бреееј, Александар Велики шверцувал мобилки во негово време ??? :haha:

Се шегувам.

Кој има време и пари за да отиде во еднонеделна или двонеделна посета на Кина, може да си купи најнов мобилен телефон од било кој познат светски бренд по цена од 10 до 100 евра, а истиот тој телефон во Македонија најсигурно го продаваат по цена од 350 евра или повисока.

По тоа што ми го имаат кажано шпедитерите, поентата е во тоа дека Кинезите испорачуваат исклучиво кон тие кои најмногу им нарачуваат, а ние Македонците, 2 милиони народ кој не излегува на море, не спаѓаме меѓу тие кои најмногу нарачуваат.

Кој е подготвен да нарача цел контејнер со 1 милион мобилни телефони, истиот контејнер ќе му пристигне за недела дена, а кој е подготвен да нарача цел контејнер со 100 илјади телефони или со 10 илјади телефони или помалку, има да се изначека неколку месеци, бидејќи Кинезите секогаш првите испораки ги вршат кон тие кои нарачуваат најмногу.

Затоа цените на мобилните телефони се отров високи кај нас, затоа што со 2 милиони народ кој не излегува на море, нема огромна побарувачка и тешко е да се направи некоја дебела бизнис зделка.

Кој би нарачал контејнер со, да речеме половина милион мобилни телефони, а секој телефон да го чини 80 евра ?

Треба однапред да ги има 40 милиони евра само за да плати за нарачката, а да не правиме муабет па за дополнителни трошоци, транспорт, царина и сите останати процесури, за да на крајот го продава секој телефон по цена од 120 до 150 евра или повеќе, за да дојде до некоја заработувачка.
 
Top