Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Крис

Администратор
4,813
11
38
Карпош 4, одма на Партизанска. Колку само ми е најубав овој ден, зар не се вљубувате во мирисот од јадењата кои ги подготвуваат дома, посебно е некако. :ehh:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Дали на некој од вас му е познат овој човек ?



А сега ?



Густаво Рохо, за прв пат во животот го имам видено во играниот филм Александар Велики (Alexander the Great) од 1956 година со Ричард Бартон и Клер Блум, каде што го глуми Клит.

Типот е роден во 1923 година во Монтевидео, Уругвај, и на 88 години одлично се држи, како што можеме да забележиме од неговите улоги во Triunfo del amor, Manana es para siempre, Al diablo con los guapos и ред други, секоја му чест.

Негова ќерка е Ана Патрисија Рохо, која ја помниме како Естефанија во Напуштен ангел (Cuidado con el angel), како и од други теленовели.

Од се срце ви препорачувам да го гледате филмот Александар Велики, целиот филм го има на YouTube со македонски превод.


Неговиот лик, Клит, пријателот кој Александар Велики го убил во пијана состојба, одлично го има одиграно.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Христос се роди... Честит Божиќ

И честито име Chris и на другите кои слават денеска
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Скандал: Пијана, Драгана Чуприна, кршела и тепала во Тетово!

ТВ водителката и фотомодел Драгана Чуприна по се изгледа ќе го понесе епитетот македонска Линдзи Лохан. На Бадник, таа со своето друштво се забавувала во сепаре во едно тетовско кафуле. И се ќе беше во ред доколку Драгана не дивеела во алкохолизирана состојба, кршела наоколу, а се нафрлала и физички да се пресмета со момчињата и девојките што и “пречеле”.

Тетовчани се вчудоневидени од однесувањето на убавата водителка, особено што ова се случило за време на големи верски празници, кога барем, според правилата, се мирува и се придава важност на духовното во себе.

Извор: Безпардон.мк
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,107
113
Драги Шпага во шема со Енди Мекдауел?

Верувале или не, нашиот актер натуршчик Драги Шпага (40) остварил средба со светски познатата актерка Енди Мекдауел (52), познатата по филмовите Секс, лаги и видеокасети, Грејсток, легендата за Тарзан, Лоши девојки и многу други.

Шпага извесен период работеше, снимаше и се релаксираше на една егзотична светска дестинација, каде тврди дека дошла и Енди. На фотографиите е фотографирана после плажа и без шминка. А вечерта кога Енди била во „елемент“ сакал да и пристапи, но таа била со момче, па нашиот херој не сакал да биде многу нападен.

Дали Шпага навистина се запозна со светската актерка и дали падна некој договор со Енди деновиве, целата екслузивна приказна ќе ја читате на БезПардон.Мк, раскажана лично од момчето кое освојува и преку далечни меридијани, некогашниот шампион во македонското реално ТВ шоу и порно актер кој без комплекси прв кај нас сними филм забранет за луѓе под 18 години.

Извор : БезПардон.Мк
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Дома со фамилијата, немавме гости, фамилијарна атмосфера, а последниве 3 години традиција ни стана да се коцкаме за Божиќ, 2010 и 2011 јас победив, оваа година сестра ми победи.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Фала ти Миси, инаку ова за Чуприна воопшто не ме изненади, таа е дивјак и онака.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Ana-Marija напиша:
Cestit Bozik na site sto go slavevme denes. Kako go pominavte ovoj ubav den??
Дома со гости и после пак по гости по имендени и слично...

Честито име Bobi...
Денеска ти е колку што се сеќавам?!
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Вчера ми беше. Фала сепак. Многумина не знаат дека ми е име, можеби мислат само на оние кои се викат Божидар или слично :hehe:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Ова да не е секаде различно? Во Прилеп на 7ми - прв ден Божиќ чекаат Христијан/Христина и сите нивни варијации
8ми втор ден Божиќ - Бошко, Божидар и уште некое имаше ама заборавив кои
9ти трет ден Божиќ - Стефан/Стефанија и нивни варијации
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Missy напиша:
Ова да не е секаде различно? Во Прилеп на 7ми - прв ден Божиќ чекаат Христијан/Христина и сите нивни варијации
8ми втор ден Божиќ - Бошко, Божидар и уште некое имаше ама заборавив кои
9ти трет ден Божиќ - Стефан/Стефанија и нивни варијации
Аиииии утре именден ми било бе. Сосема заборавив, Missy фала на потсетувањето, ќе се чудев зашто ми честитаат моите.
 
Top