Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Ја накитивме на Свети Никола по традиција и имам вештачка елка
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Ја гледаше ли некој денеска на вести таа што се дереше кај Шутка, роднина на некој од тие што ги затворија заради Пајажината... :haha: :haha: :haha: жените околу неа ја гледаат дека ништо не и е, онака чудно, а оваа вришти ли вришти... :haha: :haha: :haha:


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... d-pajazina
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Оооф леле :off: , ќе си помисли човек дека можеби им влезе памет во глава изминативе 12 месеци после поважните лекции кои им беа одржани:

1. Сопственикот и раководството на А1 Телевизија се во притвор и кривично се гонат за организиран криминал;

2. Народот на дело им покажа и докажа дека не им верува, од 3 причини:

- театарот што А1 го одржа на 25 ноември 2011 заврши со фијаско,
- "И јас сум А1" уживаше огромна виртуелна поддршка, но речиси никаква реална поддршка;
- Сафет Свињевац и Ленче Фармерката останаа несудени министри, народот не им изрази огромна поддршка на вонредните парламентарни избори на 5 јуни 2011;

3. А1 Телевизија е во стечај и најверојатно ќе биде ликвидирана, тешко дека ќе се појави витезот со длабоки џебови кој ќе ја раздолжи, спаси и рестартира.

И после сето ова, и понатаму својот револт го изразуваат со свирчиња ?

Од снимката се гледа дека автомобилот тргнува напред, а оваа женава од десно почнува да урла.

Под претпоставка дека навистина автомобилот и го прегазил стапалото, следува најлогично прашање:

Дали е свесна дека си го ризикува животот, со кој памет ја става ногата пред тркало на автомобил, да не е мазохист, или и се брза да го напушти овој свет ?

Не не, на овие тешко дека ќе им дојде памет во глава, жал ми е за сите невини кои страдаат поради сето ова, но некој намерно си тера по свое како да не сака работите да тргнат кон подобро.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ја шета зетот бабата.
Бабата паѓа среде улица, демек повредила нога.
Доаѓа кола, но зетот ја спасува бабата.
Наредниот ден, пред влез, зетот го чека подарок тазе ново Фиќо, со порака:

Браво зете
Од баба

Вториот зет ја шета бабата.
Повторно бабата паѓа среде улица.
Повторно доаѓа кола, и вториот зет ја спасува бабата.
Наредниот ден, и вториот зет пред влез го чека подарок тазе ново Фиќо со порака:

Браво зете
Од баба

Третиот зет ја шета бабата.
Повторно бабата паѓа среде улица.
Повторно доаѓа кола, но третиов зет ич не му е гајле за бабата, ја остава колата да ја удри.
Наредниот ден, третиот зет пред влез го чека подарок тазе ново Ауди А4, со порака:

Браво зете
Од дедо

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Конечно по 3 дена ми дојде интернетот. 43436 На пола град им се поквариле рутерите од Макс тв заради што немаше струја во вторник утрото.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Калиопи вечерва направила сообраќајка
Во сообраќајна несреќа вечерва повреден е поранешниот сопруг на поп пејачката Калиопи Букле, а сообраќајката се случила додека Калиопи управувала со возилото. Сообраќајката се случила вечерва во Скопје на крстосницата меѓу Рузвелтова и улицата Иван Милутиновиќ.
Неофицијално дознаваме дека Калиопи со своето возило марка Пежо се судрила со автомобил Хјундаи со скопски регистерски таблички. Таа управувајќи со возилото удрила во тротоарот и во бандера, при што покрај поранешниот сопруг на Калиопи повреден е уште еден патник.
Неофицијално, Калиопи со своето пежо се судрила со автомобил хјундаи со скопска регистрација.
Пејачката не е повредена и е во добра здравствена состојба.
Извор: Плусинфо
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Глупости, Зафирчев не бил во колата, одма трачеви се пуштат.

Иначе, Сител сега најавија демек Калиопи ги избркала од настанот на несреќата. :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,105
113
Сител одма дигна паника,па покажуваат остатоци од колата
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
M@RKO напиша:
Сител одма дигна паника,па покажуваат остатоци од колата
Ќе се сложам со еден коментар на Фејсбук што го прочитав: Не сме ниту Холивуд, ниту ЦСИ. Па дури и клекнал покажува остатоци од автомобилот.

Патетични сте Сител, опрајте се веќе еднаш :off:
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Човече, Сител се непоправливи идиоти, бараат причини зошто Калиопи требало да ги пушти да снимаат, јавна личност бла, јавна била колата. Сигурно не ги оставиле да снимаат за да не се крева паника.
Не сакам да гледам сител повеќе.
Ја чукнала колата, голема работа.
Не знам што им пречи Калиопи толку, што прво го искористуваа Тоше за да ја омаловажуваат, а сега и за ова прават фама оти не ги пуштила да снимаат.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Bobi напиша:
Ќе се сложам со еден коментар на Фејсбук што го прочитав: Не сме ниту Холивуд, ниту ЦСИ. Па дури и клекнал покажува остатоци од автомобилот.

Патетични сте Сител, опрајте се веќе еднаш :off:
Тоа никогаш нема да се случи.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,105
113
Среќна нова година на сите ,се што сакате тоа да ви се исполни ,љубов,здравје,среќа па и пари да ви се множат :)
 
Top