Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Цар Самуил треба да го преместат во Охрид, на крајот на краиштата, таму е неговата тврдина, Јустинијан Први можат најкомотно да го преместат на правниот факултет во Скопје кој го носи неговото име, а Гемиџиите нека ги преместат во Велес, на крајот на краиштата, од таму ги координирале своите акции и таму се наоѓа истоимениот мост.

Останатите споменици на плоштад Македонија нека останат, најголем мерак ми прават Гоце Делчев и Даме Груев од едната страна на Камениот мост и Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум Охридски од другата страна.

А црквата што беше планирано да се гради на плоштадот ја преместија, ќе се гради позади или до спомен куќата на мајка Тереза, но сепак планираат да градат административна зграда на плоштадот на истата локација на која што требаше да се гради црквата, а тоа е ептен глупаво, бидејќи тогаш Порта Македонија во целост ќе ја изгуби својата функција, нели функцијата беше да гледа кон плоштад Македонија и кон Воинот на коњ (Александар Велики), а вака погледот ќе биде блокиран и Порта Македонија во целост ќе ја изгуби својата функција, иако факт е тоа дека воопшто и не ни требаше, ама сега кога веќе ја изградија, барем нека има некаква функција, ќе имаме јасен поглед кон Парламентот и Градска болница, но нема да имаме никаков поглед кон плоштад Македонија и кон Воинот на коњ.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
ахах ,видеово е прејако,глумецов Никола Тодороски(можда сте го приметиле во народните приказни оние новите на Сител,Мтв)исто како тој Маријан кажува Stand up комедија во оваа епизода пука зезанции за здравата исхрана
http://www.youtube.com/watch?v=RABUcUi8 ... re=related
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
:zaljubena:

http://www.moodiranje.com/moodiranje/volim-ny-jer/

Го сакам Њујорк бидејќи...
преубав текст, секоја чест за девојката која го доловува со овие факти Њујорк како местото кое ми е #1 на листата за посетување!

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=82009

Двегодишно супер - девојче го спасило животот на мајка си

Малата Лиа која има само две години се нашла во страшна ситуација – нејзината мајка паднала во несвест, а девојчето смирено го зело мобилниот телефон за прв пат во своите раце и успеало да се јави на баба и. Да задоцнела 10 минути нејзината мајка ќе била мртва – објави ABC news.
Само не ми е јасно како не знаела дека е дијабетичар, кога и таа и мајка и се елегантно преполнети.

За волја на вистината, има луѓе кои се ненормално дебели, а сепак се здрави и немаат никакви проблеми со крвта, но сепак, како е можно госпоѓава да е мајка, а да не направила крвна слика, не само за нејзино добро, туку и за доброто на детето, можеби дијабетисот е наследен, можеби мајка и е дијабетичар и уште од раѓање го наследила дијабетисот од мајка си, ако е наследен, повеќе од важно е да го знае тоа уште пред породување, а и веднаш да проверат дали детето го наследила од мајка си.

Ако не е наследен, се надевам дека детето нема да стане иста како мајка и и баба и, од гледна точка на здравствена состојба пред се, и од гледна точка на физички изглед, се разбира.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=82069

Ќе се врати ли велешки Чернобил?

38- години велешка топилница е синоним за македонски Чернобил. Отровни метали се навлезени длабоко во почвата, но и во крвта на велешани, а последиците се и за генерациите што допрва доаѓаат. Но и покрај тоа има најави за нејзино повторно заживување. Дали оџаците на фабриката на смртта одново ќе зачадат, ќе одлучи Министерството за екологија.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=82068

„Тивкиот убиец“ на Велес може да работи – судот ја отфрли тужбата на екологистите

Тивкиот убиец на Велес смее да заживее. Судот ја отфрли тужбата на граѓаните, екологистите и локалната власт како неоснована. Не даде образложение зошто ги отфрла доказите од бројните истражувања за загадувањата со тешки метали, со кои со децении се алармира на опасноста која ги демне велешани и од воздух и од земја.
Велешката топилница МХК Злетово веќе има нов сопственик, свеж капитал и е подготвена за рестартирање, единственото нешто што и недостига, е еколошка дозвола од А категорија која треба да и биде издадена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Откако староновите сопственици на топилницата (бидејќи станува збор за истата фирма сопственик на топилницата од пред 10 години) ќе ја обезбедат потребната еколошка дозвола од А категорија, нема да постојат никакви легални мерки со кои ќе може да се спречи рестартирање на МХК Злетово.

Од велешката Зелена Коалиција вчера се заканија дека доколку се планира рестартирање на МХК Злетово, ќе преминат кон прогласување на фирмата сопственик на топилницата за фирма нон-грата, односно за фирма непожелна во Велес, но кога самиот нивен суд, велешкиот суд пресуди против нивното здравје, каков ефект би имало евентуалното прогласување на фирмата сопственик на топилницата за фирма нон-грата, односно за фирма непожелна во Велес ?

А со рестартирањето на велешката топилница МХК Злетово, продолжува тоа што е прикажано на наредните клипови.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Содржините на наредните видео клипови се вознемирувачки и наменети исклучиво за повозрасната публика.




Бог нека им е на помош на велешани.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Мајки на Милчо Манчевски филмот го имате тука http://www.tracker-mk.org/details.php?id=10595

се чудам сеуште, уште го нема никаде да се купи кај нас филмов а излезен е на ДВД ,СРАМОТА!!
_____________________________________________________________________________________

Гпедајте го Бразилецов како пее на Македонски
http://www.youtube.com/watch?v=qgsJu8ZE ... ideo_title

сам си го напишал текстот на песната и сам си ја компонирал музиката ,колку само е добра песната денеска ја ислушав едно 20 пати ,во глава ми влезе мелодијата
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Абе дечки ми треба да ми помогнете за една локација. Да не знае некој/а каде точно е Основното Училиште: „Златен Сремац“. Знам дека се наоѓа во Кисела Вода, ама незнам точно.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
M@RKO напиша:
Мајки на Милчо Манчевски филмот го имате тука http://www.tracker-mk.org/details.php?id=10595

се чудам сеуште, уште го нема никаде да се купи кај нас филмов а излезен е на ДВД ,СРАМОТА!!
:off: А ние ова го дадовме како македонски кандидат за Оскар во 2010 ? :off:

Има Оскар за најдобар документарен филм, но не верувам дека на филмовите кои не се од англиско говорно подрачје им е дозволено да конкурираат за тој Оскар.

Настрана темата на филмот, на ова воопшто не му е местото во било какви квалификации за Оскар, освен за најдобар документарен филм, а како што веќе спомнав, тоа не е дозволено за филмовите кои не се од англиско говорно подрачје.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Не е потребно да дочекаш странец, кој живее на западната страна на Атлантикот, да почне да пее песни од твојата родна татковина, за да бидеш горд на себеси и на својот народ.

Но овој Бразилецов, кој е заинтересиран за учење на странски јазици, а го фатил интерес да пее македонски песни, навистина прави да се чувствуваш како светски човек.



 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Dexter26 напиша:
M@RKO напиша:
Мајки на Милчо Манчевски филмот го имате тука http://www.tracker-mk.org/details.php?id=10595

се чудам сеуште, уште го нема никаде да се купи кај нас филмов а излезен е на ДВД ,СРАМОТА!!
:off: А ние ова го дадовме како македонски кандидат за Оскар во 2010 ? :off:

Има Оскар за најдобар документарен филм, но не верувам дека на филмовите кои не се од англиско говорно подрачје им е дозволено да конкурираат за тој Оскар.

Настрана темата на филмот, на ова воопшто не му е местото во било какви квалификации за Оскар, освен за најдобар документарен филм, а како што веќе спомнав, тоа не е дозволено за филмовите кои не се од англиско говорно подрачје.
Можеби не си знаел но во таа категорија од неанглиско говорно подрачје не е битен жанрот на филмот, може да биде и документарец/драма, во овој случај филмот на Милчо е таков филм, не е чист документарец.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Не знаев, еве сега знам.

Но како што кажа ти, не е чист документарец, туку каша попара.

Не велам дека Милчо не го бива, на крајот на краиштата, јас воопшто не се ни занимавам со неговата професија, не велам дека филмот е лош, но дефинитивно ова воопшто не ни требало да се земе во предвид за номинација за Оскар.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Dexter26 напиша:
^

Не знаев, еве сега знам.

Но како што кажа ти, не е чист документарец, туку каша попара.

Не велам дека Милчо не го бива, на крајот на краиштата, јас воопшто не се ни занимавам со неговата професија, не велам дека филмот е лош, но дефинитивно ова воопшто не ни требало да се земе во предвид за номинација за Оскар.
Е па за жал тогаш немавме ништо друго да понудиме ми се чини. Одгодина ќе имаме доста голем избор за да направиме селекција што да се прати. :mhhh:
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Шо е финтава со песнава? Зошто сите ја ставаат на фејсбук?
Има нешто. Не е нешто посебна. Ај мали деца, ама ја поставуваат и луѓе од кои не сум очекувал да стават вакво нешто.
Има некој сарказам или што е?

http://www.youtube.com/watch?v=hcm55lU9knw
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Dexter26 напиша:
^

Не знаев, еве сега знам.

Но како што кажа ти, не е чист документарец, туку каша попара.

Не велам дека Милчо не го бива, на крајот на краиштата, јас воопшто не се ни занимавам со неговата професија, не велам дека филмот е лош, но дефинитивно ова воопшто не ни требало да се земе во предвид за номинација за Оскар.
Мене ми се допадна делот кај што беше повеќе како документарец ,исто ми се допадна и приказната со бабата ,али документарецот највеќе
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
expert напиша:
Шо е финтава со песнава? Зошто сите ја ставаат на фејсбук?
Има нешто. Не е нешто посебна. Ај мали деца, ама ја поставуваат и луѓе од кои не сум очекувал да стават вакво нешто.
Има некој сарказам или што е?

http://www.youtube.com/watch?v=hcm55lU9knw
Одлична е, иначе се ни сомневам дека 90% не ни разбират што кажува тој ама поради мелодијата и шмекот на португалскиот/бразилскиот јазик е заразна песнава.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Мене не ми се допадна, ама сите што ми се пријатели на ФБ ја поставија на ѕид, страшно...
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Bobi напиша:
Одлична е, иначе се ни сомневам дека 90% не ни разбират што кажува тој ама поради мелодијата и шмекот на португалскиот/бразилскиот јазик е заразна песнава.
Мене многу ми се допадна и покрај тоа што има практично „3 зборови“ и на сите кои им ја испратив да ја слушнат им се допадна.
Инаку на официјалното видео на песнава вчера секој втор коментар беше од Македонци, а денеска има македонско-грчка борба по коментарите
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Вечерва далинското ќе работи турбо ,незнам што да гледам попрво дали Мис на Светот на Сител или директен пренос на MTV европските музички награди ,сепак подобро е MTV европските музички награди иако сепак ќе има и репризи неделава.Вие што гледате вечерва баш ме интересира?
 
Top