Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Крис

Администратор
4,813
11
38
Конкретно сега цени не можам да ти напишам, но вакво нешто гарант ќе најдеш во Џамбо.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Има и во Рамстор во таа една продавница,нз како се вика,кај маркетот е блиску. И по цвекари иам видено вакви натписи,дрвени претежно,така да прошетај ке најдеш.Мислам дека се околу 250-400-500ден одприлика.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Фала и на двајцата. Ќе побарам секако кога ќе одам во Скопје, а се надевам за неколку дена ќе биди тоа
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Пишувавте дека сте на твитер, како ви се имињата да ве следам, и јас си направив профил.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Missy напиша:
Дали имате видено во Џамбо или низ некоја продавница во Рамстор и ГТЦ вакви слични натписи за на ѕид? Значи како слика дрвено или не е битно од како материјал, а не лепенки за на ѕид? За лепенки знам дека има во Џамбо
Сакам малку промени низ соба да направам па секако ќе идам деновиве во Скопје ако има некаде да си купам
Не е лошо и цена да напишете ако знаете по колку се
јас имам вакви http://www.laughter-revolution.com/ натписи пластични се со дупче , ги имам залепено на врата од шкавче на биро ,мајка ми ми ги има купено во Грчка
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
http://www.tvpaket.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=12213:2011-10-17-09-34-02&catid=70:2010-03-31-05-46-38&Itemid=110

ЛОЛ, колку се смешни овие.Сега замараат а ако им ги донесат дали 1000 души ќе дојдат.Што мислите зошто не продукциите не ги донесат?
Некој би им дал пари на 13 годишните тинејџерки да отидат на концерт на Teen Angels(?) ?
Ова е исто како и со Идолот, Кико и Виктор демек имаа многу обожавателки а колку рано излегоа, посебно Кико.Да, имаат многу обожавателки на Фејсбук, ама ни пола од тие не гласаа.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Не мислам дека се смешни и не мислам дека нема да има посетеност на тој концерт доколку се одржи кај нас, кога разговарав со Бобан од Авалон ми кажа дека проблемот е во тоа што групата не е популарна на Балканов, тешко е да се донесат само за една држава на овие простори.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=81559

Електричен спој во лобито на Александар Палас - вечерата во чест на емирот од Катар помина непречено

Мал инцидент вечерва се случи во лобито на хотелот Александар Палас каде што е сместен високиот гостин емирот на Катар, непосредно пред одржувањето на свечената вечера која во чест на емирот ја организираше претседателот Ѓорѓи Иванов.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=9FCE2ED715745441BBBF56EFAE048EC8

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Се запали Александар Палас - емирот во „магла"

Високиот гостин на Македонија, емирот од Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани вечерва доживеа непријатен инцидент во хотелот „Александар Палас", чиј покрив ненадејно почна да гори токму над апартманите на катарската делегација.
На веб сајтот кон кој води вториот линк имате тазе фотки поврзани со конкретниот настан.

За прв пат во историјата на независна Македонија ни дојде во посета богат и моќен лидер од арапскиот свет, човекот не дочека ни да легне да спие, а му вративме со ваков баксузлук.

Велат дека изгорела сијаличка.

Што сијаличка ќе беше ова ?

А Јанко "непартискиот и независниот новинар" Илковски, во неговата дневна емисија Јади Бурек на Наша ТВ, предложи емирот да го купи фудбалскиот клуб Вардар, не би требало да биде скапа инвестиција за емирот, иако не мора да значи дека би била и успешна и исплатлива инвестиција.

Е како ќе го купува човекот ФК Вардар, кога вака го третираме ?

Ах, македонски баксузлук. :off:
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Разгледував нешто на јутјуб и дојдов до фамозните мачкини тепачки на Алексис и Кристл од Династија. Патетични се, не знам како народов се палел на ова, плавушава повеќе крши околу отколку што ја тепа оваа... :haha: :haha: :haha:

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^


Бреееј, кај се погодија овие во публикава речиси сите од 40 години па нагоре.

Не за нешто друго, туку, публиката на концертите на Џоле најчесто е помлада не само од него, туку и од самите негови песни.

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Има овде некој Битолчанец (и немора да е Битолчанец) што бил на Манаки фестивалов т.е на некој од филмскиве прикажувања ,да пише нешто како си поминал ,за филмовите ...

никој не видов да го спомне фестивалов тука
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83

Заклучок ?

Мојот заклучок е:
Жените се подарежливи од мажите, настрана фактот дека во конкретниот експеримент учесници се деца, токму фактот дека станува збор за личности кои допрва ќе растат, допрва ќе се образоваат и допрва ќе се социјализираат дава поголема релевантност на ваквиот експеримент, отколку со возрасни учесници во истиот.

А вашиот заклучок ?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Луѓе гласајте што побрзо! се гласа до денеска вечер( петок 21 октомври 2011)
http://openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard
Спомен куќата на Тоше Проески на чекор да го освои првото место на натпреварот за најдобар архитектонски проект за 2011 година на светскиот фестивал во Барселона. Во конкуренција на повеќе од 700 проекти, спомен куќата на последниот ден од гласањето е на првото место. Најдобрите три влегуваат во најтесна конкуренција за кои на интернет страницата на организаторот на фестивалот ќе може да се гласа до 4. ноември, кога архитектите ќе ги образложат своите дела во пред жири комисија.

Проектот за Спомен куќата на Тоше е на прво место на светскиот фестивал за архитектура во Барселона. За неа до сега гласале 6.947 луѓе, затоа што токму на таков начин преку гласање на ОpenBuilding - интернет страницата која го организира натпреварот, се врши изборот на најдобрите.

Во конкуренција од 704 дела, Спомен куќата за време на гласањето варирала од петтото до второто место за најдобра градба во светот. Денеска од трето, стигна на прво место пред „Атмосферата” во Калкута Индија и „Музејот на споменот и толеранцијата”, дело изградено во Мексико Сити.

Пријавувањето на делата било во јули, гласањето започнало во август. Завршува денеска. Првите три кои ја добија симпатијата на луѓето, но и нивните гласови, продолжуваат понатаму. За нив може да се гласа до 4 ноември. Тогаш архитектите ќе имаат 10 минутна презентација на својот проект пред жири комисија. Која од нив ќе победи и ќе го однесе приматот за најдобра градба во светот ќе одлучат и бодовите од жирито и бодовите од гласовите.

Покрај што на интернет страницата се прикажани сликите на сите 704 архитектонски решенија, за секое од нив има по неколку реченици. За Спомен куќата за Тоше пишува дека е изградена во Крушево на Гумење како спомен за пејачот Тоше Проески кој загина пред 4 години. Тагата на луѓето за смртта на поп пејачот со ангелски глас во регионот била голема, колку и за смртта на Елвис Присли и Џон Ленон, пишува на сајтот.

Во јули своите архитектонски дела ги пријавиле 1.000 автори, но само 704 се избориле за борба за првото место. Меѓу нив се градби во Москва, Џакарта, Тајван, Истанбул Сан Франциско. За помалку од еден месец ќе се знае дали наградата за најдобро архитектонско решение во светот ќе стигне во Македонија.
Превземено од Канал 5
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
И јас гласав веќе. Иако има навистина иновативни проекти, сепак ќе гласам во чест на нашиот Тоше, а и спомен куќата внатре е сјајна, неверојатно модерно и футуристички изработено. :rock:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/nova-investicija-vredna-10-milioni-evra-vo-opshtina-petrovec

Нова инвестиција вредна 10 милиони евра во општина Петровец

Нова инветсиција вредна 10 милиони евра. Во општина Петровец италјански инветситори градат луксузен трговски центар. Според очекувањата, тој ќе биде готов за една година и во него ќе се вработат стотина луѓе. За италјанците ова е втора инветсиција во земјава, а веќе почнуваат и трета, најголема досега, во Каталаново.
Ај со среќа нека ни е.

Само не знам кој ќе троши пари во тој луксузен трговски центар, трговски и деловни центри низ градов изникнуваат како печурки, а со над 30% невработен народ, навистина не знам кој ќе тера бизнис и ќе купува во тие трговски и деловни центри.

Инаку, од неодамна се појавија и фотки од идните 30 до 40 катни облакодери кои ќе се градат во Аеродром, а се очекува да бидат готови заклучно со 2017 година.

http://www.plusinfo.mk/vest/19609/500-milioni-evra-kje-se-vivnat-vo-oblakoderite-vo-Aerodrom

500 милиони евра ќе се вивнат во облакодерите во Аеродром

Станбениот комплекс од четири облакодери, трговски центар, спортски терени и други деловни и комерцијални објекти, што во населбата Аеродром треба да се изгради до 2017 година, турскиот холдинг „Чевахир“ ќе го чини 500 милиони евра.

Кулите ќе бидат високи 126 метри, а ќе имаат по 42 ката и по 1.350 апартмани. Стaнбениот комплекс ќе содржи и 7.000 паркинг места, од кои 3.200 ќе бидат за потребите на висококатниците.
Според информации од официјалната страница на холдингот, на површина од 35.000 квадратни метри, освен висококатниците кои ќе бидат највисоки згради во регионов, проектот предвидува изгрaдба на внатрешни и надворешни базени, здравствен центар, турска бања, па дури и црква и џамија.

Од општина Аеродром негираат дека ќе се граделе црква и џамија во зданието со облакодерите, но на кого да му се верува - на општината која го продала земјиштето, односно која повеќе не е сопственик на земјиштето, или на турскиот инвеститор кој го купил земјиштето, односно кој е сегашен сопственик на земјиштето и ќе гради на истото што сака, откако претходно ќе ги обезбеди потребните дозволи за тоа ?

Можеби црквата и џамијата е подарок од емирот од Катар кој ни беше во посета на почетокот на неделава, мнозинството арапи и муслимани од Африка и од Блискиот Исток доаѓаат на Балканот преку Турција, ние го почастивме катарскиот шеик со македонска носија, униформа од почесната македонска гарда, прошетка низ познати скопски знаменитости и кебапи, а тој за возврат ќе не части со црква и џамија. :off:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
стварно и јас се прашувам кој ќе троши пари во тој луксузен трговски центар,луѓево едвај се крпат за да платат сметки за телефони ,струја.... јас би им препорачал наместо да фрлаат пари на тој луксузен трговски центар нека ги дадат парите за реновирање на Гратскиот трговски центар -Скопје баш на тој трговски му треба реновирање и обнова
 
Top