http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=81350
Терапевт или проститутка: Спие со своите пациенти за да им ги реши проблемите !
Кога Падма Дева се состанува со своите пациенти во Лондон тоа не го прави во канцеларија туку во хотелска соба. Состанокот трае два часа во кои таа и клиентот се соблекуваат, се масираат, а често пати имаат и секс. Клиентот плаќа и закажува нов состанок. Можеби ќе помислите дека Падма е проститутка но ќе згрешите – пишува Дејли меил.
Оооф леле, каде оди светов.
Не се сомневам дека е ефикасен и ефективен метод за психотерапевтска терапија, но мора ли да се оди до тие екстреми ?
Во Македонија не е баш исплатлива оваа професија, еднаш пратев курс по програмирање со еден батка чиј што татко е психијатар, какви пари собира татко му од својата професија само затоа што работи во државна здравствена установа, а сепак има многу малку, речиси ич пациенти, тоа е чудо невидено.
Вели дека татко му не би заработил ебан динар ако отвори приватна ординација, а вака, во државна здравствена установа, си има постојан прилив на финансиски средства, а речиси ич работа, бидејќи ретко кој оди на психијатар.
А од друга страна, во САД психијатрите се меѓу петте најплатени работници, во ист кош со политичарите, правниците (адвокати, судии итн.), банкарите и бизнисмените (профитери од типот на Доналд Трамп, Бил Гејтс итн.).
Тоа е така од наједноставна причина бидејќи американците веруваат дека секогаш постои некој друг кој ќе им ги реши нивните проблеми, наместо тие самите да си ги решат.
Еве, благодарејќи на економскава криза, психијатрите во САД си имаат полни раце работа со тазе отпуштени и невработени лица, а кај нас во Македонија, отпуштањата и невработеноста се секојдневие на кое сме навикнати, па затоа македонските психијатри немаат некоја забележителна заработувачка од економскава криза.