Стефан напиша:
Па треба ли талибанците да се престројат по дома, да се вратат од печалба.
Ах што не ги срамнивме во проклетата 2001, него ги слушавме глупите ЕУ, НАТО, САД.
Само Господ Бог нека ни е на помош со ваквите талибанци
Не се нервирај заради тоа Стефан.
Ако ти е некаква утеха, јас секојдневно следам радио и телевизиски емисии преку Интернет од САД и западна и централна Европа, и верувај ми, на истите тие луѓе од западот кои ни ги приредија конфликтот во 2001 и Охридскиот Рамковен Договор, им се враќа како бумеранг за се што ни направија.
Американците не знаат како да се замислат со Обама кој јавно ја поддржа изградбата на исламски центар во близина на локацијата каде што беа кулите близначки во Њујорк, западот не е баш заинтересиран да зборува за масакрот во воената база Форт Худ во САД, изведен од страна на извесен американски мајор Нидал Малик Хасан, кого до денешен ден го кријат, а американската и светската јавност не се многу информирани за масакрот, освен за фактот дека беа убиени 13 лица, а 30 беа повредени, а меѓу повредените е и напаѓачот.
Биди 100% сигурен, тоа што СиЕнЕн, БиБиСи и други сервиси го претставуваат западот како совршено општество е чисто само маска за реалноста што се случува таму, тие трпат и полоши работи од нас, а сето тоа им доаѓа како бумеранг за се што ни направија на нас.
Се надевам дека тоа ќе ти пружи барем некаков мир, јас не уживам во туѓите страдања, жалам за жртвите, но не жалам и за државите кои ги трпат тие штети, бидејќи станува збор за истите тие држави кои на мене, на мојот народ и на мојата татковина ни нанеле штети.
M@RKO напиша:
да ќе го одложат за во пролет,пошо сега ако биде пописот на Албанциве ќе им пропадне рамковниот договор пошо они на тој договор се бунеа као биле повеќе население ...
Рамковниот договор нема да пропадне доколку се докаже дека албанците се помалку од 20% од целокупното население во Македонија.
Рамковниот договор важи на локално ниво, односно, доколку во одредена општина над 20% од населението не се Македонци по националност, тогаш во таа општина втор службен јазик ќе биде јазикот на кој говорат тие над 20% жители кои не се Македонци по националност.
Но доколку се докаже дека албанците ги има помалку од 20% во Македонија, политичката моќ на нивните партии ќе се намали, а тоа нив ги плаши.
Но едно е сигурно:
Без разлика дали албанците се или не се 20% од целокупното население во Македонија, Рамковниот договор нема да се укине, едноставно тој ќе го изгуби својот легитимитет, но нема да се укине.
И Уставот на Република Македонија не го ужива својот легитимитет насекаде, самиот факт дека при почеток на градежни работи, власта поканува свештени лица да дадат благослов, е во целост спротивно на Уставот, според кој, Република Македонија е секуларна држава, односно државата е во целост одделена од сите верски заедници кои постојат на нејзината територија, без разлика дали се легални или нелегални, односно без разлика дали се легитимни или нелегитимни.
Но и покрај тоа, сепак Уставот на Република Македонија и понатаму постои, иако не секаде истиот се почитува.
Истото важи и за Рамковниот договор, истиот може да биде укинат или во Парламентот, што е речиси невозможно, бидејќи нашинците со најголемо задоволство тераат бизнис со албанските политичари, или преку референдум, односно народот треба да се организира на референдум да гласа за укинување на Охридскиот Рамковен Договор.
Само преку овие два метода Рамковниот договор може да биде укинат, со легитимен попис со кој ќе се докаже дека албанците се помалку од 20% од целокупното население во Македонија, Рамковниот договор ќе биде ослабен, ќе ги изгуби своето влијание и својата моќ во Македонија, но нема да биде укинат.
Охридскиот Рамковен Договор може да биде укинат само во Парламентот или на референдум.