^
Неписменоста потекнува од неинтересот кај професорите да бидат нешто повеќе од досадни професори.
Сигурно секој од вас може да наброи барем еден предмет од основно или средно кој го преспивал бидејќи професорот/професорката бил/а досаден/на во начинот на кој ги предавал/а предметите.
Да, проблемот е во македонските ученици, но уште поголем е проблемот во македонските професори, кога од едно училиште ќе излезат повеќе генерации полуматуранти или матуранти и сите тие генерации во низа од повеќе од 3 генерации по ред излегуваат со слаб успех, тогаш проблемот не е само во учениците, туку и во професорите.
Факт е тоа дека македонските ученици се во најголем дел мрзливци, но тоа не дошло самото од себе, не е можно цели класови да бидат мрзливци, а професорите да останат чисти како солзи.
Во Република Кореја (тоа е уставното име на Јужна Кореја), наставниците ја уживаат титулата која народот им ја дава - градители на нацијата.
Тоа е за тие луѓе нешто свето, нешто што не смеат да си дозволат да го извалкаат, поради што од петни жили го даваат максимумот од себеси за да ги научат сопствените ученици, бидејќи се свесни дека ги образоваат идните инжинери, архитекти, уметници, војници, бранители, претседатели, службеници, луѓе од кои можеби во иднина нивните некогашни професори ќе бараат услуга и/или помош.
Во 24 Вести, додека сеуште функционираа како независна телевизија, имаше една емисија, се викаше За животот, тоа беше дебатна емисија, во која дискутираа за општествени, здравствени и социјални проблеми и појави, а примаа и телефонски повици од гледачите.
На крајот од учебната година 2010/2011, дискутираа за образованието во Македонија, при што се јави една жена која спомна дека сега е во пензија и живее во Македонија, но го израснала и образовала синот во Австрија. Синот бил одличен ученик, но имал проблеми околу еден предмет, поради што мајката ја контактирала професорката и ја замолила да не го испрашува синот за таа конкретна лекција, но професорката и кажала дека нејзина работа е да ги образова сопствените ученици, дека од тоа го заработува лебот, како и дека ако му попушти на еден ученик, тогаш со тек на време ќе мора да им попушта и на други ученици, поради што и напоменала на мајката дека и е жал, но подобро е син и да дојде на дополнителна настава за да професорката убаво му ја објасни лекцијата или да добие единица поради незнаење, отколку да му попушти и да профолжи со наставата како ништо да не било, бидејќи успехот на нејзините ученици има влијание врз нејзината плата, врз нејзината работа, врз нејзиниот углед, односно врз нејзиниот живот.
А во Македонија на професорите им е важно да ги поминат тие 40 или 45 минути со тие и тие класови, за да го спроведат успешно дневниот распоред, без притоа воопшто да обрнат внимание дали учениците ќе ги разберат или не, важно им е да си го пополнат фондот на часови за да си ја заработат платата, за да си го наполнат стажот и за да си ја дочекаат пензијата.
Ќе повторам, дефинитивно македонските ученици се мрзливци и неактивни, поважна им е журката која ги чека вечерва во дискотека или во кафич или во парк, отколку утрешните испрашувања, на крајот на краиштата, еднаш си млад, еднаш ќе уживаш во вакви ретки можности за забавување, пијаничење, пушење, дрогирање, па дури и за сексуални односи, а кецовите може да се поправаат и во април, мај, јуни, па и со полагање на испити во август, се задоволуваат и со двојки, воопшто не ни посакуваат повисоки оценки, но за сето тоа не се заслужни само учениците, туку најзаслужни за сето тоа се нивните професори, но и родителите, кои и самите не знаат понекогаш што треба да направат за да бидат подобри родители освен облеката, храната и џепарлакот, секоја им чест на исклучоците кои сериозно го сфаќаат родителството и не дозволуваат нивните деца да влезат во дружина со погрешни луѓе и да тргнат по погрешен пат.
Заклучок:
Проблемот е во мрзливите ученици, но коренот на проблемот е во родителите и во професорите на учениците.