Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Крис

Администратор
4,813
11
38
Ако... убаво. Земи и мастурбирај на форумов, мислам, не е проблем...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

За таков идиот ме сметаш ?

Нема врска со самозадоволување или слично, туку со фактот дека имав излив на адреналин после подолг временски период.

Уште не сум паднал толку ниско за да имам потреба од самозадоволување, фала му на Бога.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Се шалам бе мајмун :sarkazam: да те сметав за идиот одамна ќе те снемаше од тука...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83

Еве ја оригиналната снимка:

http://movieclips.com/v9zp-the-school-of-rock-movie-the-man/

Одлично филмче, School of Rock, одамна го имам на DVD, вреди да се гледа.

Но поентата ми беше, Џек Блек во оваа сцена го објаснува истото тоа што и јас го повторувам на форумов - денес се е комерцијализирано, ретки се оригиналните и вистинските таленти.
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Каде ни се изгуби Beauty, веќе со месеци нема оставено пост во форумот? Некако и се запусти форумот без неа.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Да да ств,и јас имам приметено дека ја нема...Да не се десило нешто со некој член па да не е налутена...
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #971
Не се знае, навистина е мистерија, колку што гледам ги нема нејзините постови и на Кајгана, значи и таму не е активна. Иако јас мислам дека “демне“ таа низ форумот, и не следи што правиме :haha:
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Денеска започна пописот.

Како ќе се потпишете: Македонец/ка, Ескимец/ка или нешто слично.
И мала информација сите кои имаат над 15 години, можат самостојно да се определат за својата националност. Јас ќе се пишам како Македонец, и покрај тоа што презимето ми е на -иќ.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Секоја и чест на Весна Јаневска бидејќи беше доволно храбра за да поднесе оставка од позицијата претседател на пописната комисија во 5 до 12, се со цел за да не биде дел од пописниот фалсификат кој се подготвува, треба храброст за нешто такво.

И јас ќе се попишам, како Македонец се разбира, не само бидејќи презимето ми завршува на -ски, туку и затоа што сум Македонец по националност.

И ги охрабрувам сите останати граѓани на Република Македонија масовно да се попишат, контактирајте ги вашите роднини и пријатели кои не се во Македонија во моментов, помогнете им да дојдат во Македонија и да се попишат, кога и онака пописните фалсификатори одлучија да дозволат попишување на сите граѓани на Република Македонија кои повеќе од година дена не се во Македонија, тогаш мораме масовно да ја искористиме таквата законска дупка за да ја изразиме нашата националност на овој попис кој однапред е подготвен за пописен фалсификат.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Пописов во Тетово касни ,а да прашам за оние кој се попишале на врата ли ќе доаѓаат попишувачи или има некој пунктови кај што треба да се оди за попис?

иначе деновиве слушам на радио реклама за пописов вика "ЌЕ СЕ ПОПИШАМ" мене тој па збор Попишам ме асоцира на Попишким - на српски што би дошло во превод мочање
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Мора да дојдат на врата, законска обврска им е да ги попишат сите граѓани и домаќинства во Република Македонија.

Во западна Македонија логично е да доцнат или воопшто да не извршат попишување на населението и домаќинствата, бидејќи западна Македонија однапред е одредена за пописен фалсификат.

Но како и да е, да ја расчистиме дилемата, нема никакви попишувачки пунктови, попишувачите мора да заѕвонат/затропаат на врата за да извршат попишување на населението, бидејќи тоа е нивна законска обврска.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Гори објектот на новиот театар!

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=80968

Пожарот избувна на кровната конструкција на новиот театар околу 12.40 часот.
Локализиран пожарот, се уште чади покривот на новиот театар

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=80972

Локализиран е пожарот што избувна на кровната конструкција на мултимедијалната сала попладнево околу 12.40 часот.
Велат дека пожарот е локализиран, но не и изгаснат.
Слушнав дека од страната на театарот која гледа кон Вардар сеуште се гледаат пламени јазици.

Бог нека им е на помош на работниците, само тоа ќе кажам, бидејќи судејќи по бројот на градежни работници кои ги изгубија животите оваа година, ќе им треба Божја помош не само при изградбата на староновиот скопски театар, туку и при изградбата на сите недвижнини во Македонија.

Е сега допрва ќе се изначекаме додека да биде завршена изградбата на староновиот скопски театар, се влечкаат со неговата изградба уште од кога истата започна во декември 2007, а сега со пожаров уште подолго ќе се изначекаме додека да заврши изградбата на театарот, судејќи според темпото со кое го градат изминативе неполни 4 години, ќе биде за пофалба ако изградбата на театарот заврши и истиот биде пуштен во употреба до крајот на 2012.

Уште еднаш ќе кажам:

Бог нека им е на помош на работниците.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Пописот не оди по планираното, мора да се пролонгира

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/popisot-ne-odi-po-planiranoto-mora-da-se-prolongira

Пописот ќе се пролонгира за најмалку 15 дена. Попишувачите кои работат на терен за Сител коментираат дека до сега не успеале да поминат ни 20% од домаќинствата кои според планот биле превидени да се попишат до денеска.
Повеќе од јасен е пописниот фалсификат кој веќе се спроведува на дело.

Но, пролонгирање на пописот за цели 2 недели уште повеќе ги зголемува шансите за масовно попишување на македонското население, па затоа уште еднаш ги повикувам и охрабрувам сите кои го следат форумов:

Контактирајте ги вашите познаници, пријатели и роднини во странство, помогнете им да дојдат во Македонија за да се попишат, веќе на дело се спроведува пописен фалсификат, имаме неполни 4 недели ако не за да го спречиме, тогаш барем за да го отежнеме спроведувањето на овој пописен фалсификат, пружена ни е шанса за да ја искористиме законската дупка со која се дозволува попишување и на граѓани на Република Македонија кои повеќе од 1 година не престојувале во Република Македонија, ве молам, да ја искористиме оваа законска дупка и ако не можеме да го спречиме, тогаш барем да го отежнеме спроведувањето на овој пописен фалсификат.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
За сите средношколци а можеби и за помали и поголеми.
Мала помош при барање на дела или слично раскажано, да не кажам сервирано готово.
Мојата професорка (Господ да ја благослови) направила блог, и се што е учено, или ќе се учи го има таму, па ако ви треба нешто слободно побарајте таму.

www.makedonskijazikiliteratura.blogspot.com
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Знам за овој блог. Ни го препорача нашата професорка по македонски, супер е. :)
 
Top