Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Секоја чест за нашите кошаркари. 46566

Ама судиите :396275: :396275: :396275: и тоа што го немаше да се суди против нас
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Missy напиша:
Секоја чест за нашите кошаркари. 46566

Ама судиите :396275: :396275: :396275: и тоа што го немаше да се суди против нас
Можеби не освоивме медал, ама и тоа каков успех е да се дојде до 4 место. Сега нека се чуе и нека се знае за нас,: МАКЕДОНИЈА

46566 46566 46566 46566 46566 46566 46566

p.s. Најважно од се' ја победивме грчка
 

Losteech

Администратор
663
0
0
Тоа е, не не служеше среќата кога беше најпотребно. Русите 3. пат по ред не тепаат вака тесно. Се надевам и последен...
П.С. Не е најважно што ја "тепавме" Грција, најважно е што сме четврти во Европа. ;)
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Многу се разочарав на крајот, но сепак бе луѓе четврто место не е за потценување, секоја чест!
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Голема благодарност до македонските кошаркари што ни пружија полумесечно уживање какво што не сме доживеале!
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Ова е и повеќе од одличен успех на репрезентацијата ама секако ќе беше подобро и медал да имаме.
Сепак имаме и играч во најдобрата 5рка. Честитки и за него.

Ама се заразив со кошаркава инаку не гледам кошаркарски натпревари
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #927
^^

Same here. Но мене отсекогаш повеќе ми биле овие интересни натпревари со репрезентациите него со клубови. Истото ми е и за фудбал, никако немам нерви да гледам една цела 90 минутна фудбалска утакмица, но доколку има Првенство, радо би погледал, и поинтересно ми е. :mhhh:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Клупскиот фудбал во принцип ми е одвратен... Порано го следев, но прекинав. Сега следам само ЕП/СП и по некој интересен натпревар во ЛШ (и финалето секако).
Кошарката е најинтересен спорт за гледање, динамичен е и цело време се случува нешто, за разлика од фудбал, каде што може и залудно да потрошиш 90 минути без да падне никаков гол.
 

Losteech

Администратор
663
0
0
Се согласувам дека клупскиот фудбал станува досаден и репетитивен. Порано кога го немавме толку на дофат беше доста поинтересен, веројатно како и се' што е интересно на почетокот. :)

Секако, работите би се смениле ако некој наш клуб се пласира во ЛШ. Е тогаш би добивале ваква доза на еуфорија ако ништо барем најмалку 6 пати во 3 месеци. (едвај чекам тоа да се случи!!) :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Па, по кој знае кој пат јас повторувам едно исто како расипана плоча - денес се е комерцијализирано !!!

Дајте ми и на мене 1 милијарда евра, ќе ви ги купам и Роналдо и Моналдо и Кака и Мака и сите по ред, па ќе видите како ќе почнат да се редат трофеи, ќе ги сместам во клубови по ваш избор, на вас останува само да ми ги дадете тие 1 милијарда евра и да кажете кој играч во кој клуб сакате да го сместам, па ќе видите како ќе почнат да се редат трофеи.

Затоа од спорт пратам исклучиво натпревари на репрезентативно ниво или 1 против 1 игра, како што е тенис, снукер, билијард, голф и слично.

Не поднесувам клубски шампионати, клубовите денес се машини за правење и перење на пари, а не за зајакнување на улогата на спортот во секојдневниот живот на луѓето.

Денес, барем во секојдневниот живот на граѓаните на Република Македонија, клубовите играат улога исклучиво на инструмент наменет за заработувачка на пари од опклада, спортската игра речиси и да ја нема.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Одличен пречек на кошаркарите, заслужи ја вакво нешто ама до крај во циркус веќе се претвора

Инаку од спорт гледам тенис најчесто и одбојка, а во друштво можи и фудбал ама тоа е ретко
Исто и зимски спортови сакам како ски скокови, уметничко лизгање ( парови) и слично
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Бевме пред Народна банка да ги пречекаме кошаркарите, ама наместо да запрат тука, како што и беше предвидено, веднаш продолжија на плоштад и сите со трчање се упативме таму!
Организацијата потфрли малку, кај што времето беше изгор жешко, сите чекаме да се појават кошаркарите, а тие ми пуштаат „Танец“ и некоја си таму инструментална група.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Еве ја мојата голгота за да дојдам до нив.

Како по обичај се каќив во 9 (цела полна) кој едвај возеше. Добро, едвај дојдов до Југодрво и се симнав. Се качив во 5 за да појадам до градска за да се чекам со другар ми, ама во 5 ме симнаа незнам зашто (можеби оти имало гужва). Потоа се качив во 22 ама она не сврте и се симнав којзнае каде. Во меѓу време дојдоа 2 мои другарки, и со цел нивни памет се качивме во 24 (а им велев не) и не однесе во Кисела Вода. Добро. Чекавме 24 за назад, но на крај беше преполна и не застана (а иначе касневме за предчас). Со трчање стигнавме до Рамстор, и кога што да видиме, празна 24та, сите си се симнале, и си се качивме. До школо ни останаа уште 10 минути, и стигнавме на автобуска точно во 13:00. Со трчање преку учици (што се не ќе не' изгазеше) и пред школо ни викаат нема часови. Ми идеше да заплачам. Ајде и тоа помина. Се вративме на автобуска и се качивме во автобус и се симавме кај T-Mobile - T-Home и пешки до плоштад. Арно ама пола се растуривме и т.н. и т.н. За на крај да не видиме ништо. Од толкава нервоза и гужва ми идеше да земам све да бутам, оти умревме, од една страна едни ме буткаат, од друга други ме влечат од клас, а од треба па ми зборат. Некако све заврши и си тргавме накај Југодрво. Чекав државна 9 (оти во привата не ме пуштаат и покрај тоа што треба) и окапав околу пола саат. За на крај да дојдам дома и еве едвај да го напишам ова.

Иначе вака-така не беше лошо ова со пречекот.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Јас ги чекав близу до новонаречената Фонтана на победата :D таму застана автобусот и заиграа оро, прекрасни беа!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Барем вие сте осетиел некоја еуфорија во Скопје ние во другиве градови гледаме на телевизија ама не е тоа тоа ,друго е кога ќе видиш во живо
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Воопшто не ми смета што го гледав на телевизија дочекот. Инаку балканските медиуми веќе дадоа известување за големината на дочекот и има и позитивни ама и негативни коментари за тоа од страна на гледачите/читателите


Еве една слика од галеријата на зазабава

Веднаш со понуди за брак :)
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Луѓе кој е тај член iren_ephedia? Тука се глупира и објавува порнографски слики во повеќето теми, дај избришите тоа, блокирајте го!!!
 

Losteech

Администратор
663
0
0
Taki252 напиша:
Луѓе кој е тај член iren_ephedia? Тука се глупира и објавува порнографски слики во повеќето теми, дај избришите тоа, блокирајте го!!!
Спамер е, не е член. Се трудиме темите што побрзо да ги бришеме додека не се реши тој проблем (набрзо).
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Денес изнабришав дваесетина, неуморни се...

Го барам модот анти-спам за овој форум, малку тешко иде, но ќе биде.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Леле колку е добра рекламана со турската серија и кошаркарите, на АЕК е мислам...
 
Top