Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Има некој од форумов што имал корона?

Кај мене од фамилија го имаа неколкумина но еве сега брат ми и жена му го имаат. Јас сум во домашна изолација со мојте па се молам да не добијам корона.

Ужас ова со короништево. Психички, здравствено, и економски не падна сите во државава и светот.
После еден месец откако пишав пак ова коронава. Сега татко ми е позитивен а е еден од оние кој највеќе се пази и месецов најмалку излегуваше. Ужас :mad:
 

Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
После еден месец откако пишав пак ова коронава. Сега татко ми е позитивен а е еден од оние кој највеќе се пази и месецов најмалку излегуваше. Ужас :mad:
Леле се надевам дека не е толку тешка ситуација. Дај боже брзо да помине и без некакви последици.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
После еден месец откако пишав пак ова коронава. Сега татко ми е позитивен а е еден од оние кој највеќе се пази и месецов најмалку излегуваше. Ужас :mad:
Со помин нека е. И кај мене татко ми беше, денес баш излегов од изолација. Он е уште шест дена. Среќа, подобар е сега и немаше тешки симптоми.
 

Beauty

Администратор
49,883
61,901
113
Нека е со лесно луѓе.
Какви симптоми имаат, какви се вашите искуства со тестирања и слично?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Нека е со лесно луѓе.
Какви симптоми имаат, какви се вашите искуства со тестирања и слично?
Симптоми температура, кашлица, омалаксаност, малку и болки во коски, можно е и грозница, додека кај некој се губи мирис и вкус.

Се тестираш и
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Прво кај матичниот па ќе ти даде упат за да се тестираш и утредента ќе ти јават дали си позитивен или негативен. Татко ми и правеше снимка на белите дробови.Среќа добро е само што има благи симптоми кој ги набројав. Немање мирис и вкус и проблеми со дишење нема.

Ако си позитивен ќе те испрашаат со кого си бил, адреса на живеење, членови од семеството колку сте да не се во иста соба со заболениот, што терапии да се примаат таблети, апчиња, витамини. Сеуште на татко ми не му кажаа до кога ќе седи во изолација.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
Најдобро би било по крај на изолација да оди на целосен преглед, за секој случај да се провери да не останале некакви последици.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Јас качив температура и грозница. Бев во болница и ми дадоа термин за да ми земат брис, да го направам тестот и се што е потребно.

Господ на помош нека е. Чувајте се луѓе.
 

anonimen

Добро-Познат Член
11,551
11,245
113

Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113

Beauty

Администратор
49,883
61,901
113
Марко, сонце, апдејтувај не како си, како ти е ситуација, какво ти е искуство со болеста, лекарствата, односот на лекарите итн.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Марко, сонце, апдејтувај не како си, како ти е ситуација, какво ти е искуство со болеста, лекарствата, односот на лекарите итн.
Искрено не паметам кога сум посетувал болница во мојов живот. Како прв пат да сум дошол и да не беше татко ми ја поима немав каде се треба да одам.

Во вторникот давав крв, резултарите горе доле добри.
Во четвртокот правев ренген снимка на бели дробови, плуќа и резултатите добри. Исто правев тест за ковид па во текот на денот чекам резултати. За Ковид тестот одвај некако успеав да се разберам бидејќи е хаос во болница од многу пациенти цело време, гужви и ретко кој доктор може добро се да ти објасни и да ти се посфети само на тебе.
Се чека пред врата на студеново време а дојден и се многу пациенти порано за да успеат да фатат ред. Докториве се само влези излези на секој да му објаснат да му прегледаат упати, мерење температура, сатурација..

Апчиња пијам сите тие витамини Ц, Д..Сумамед и други ко веќе не ги ни паметам по име. Куп пари за витамини и апчиња. Јас сум од вчера и денеска добро со одвреме на време малку кашлање и понекогаш носот се затнува.


Искрено на никој не би му посакал ова ама каква ни е ситуацијава страшно е што скоро сите нема да ги поштеди вирусов.
 
Top