Марко, сонце, апдејтувај не како си, како ти е ситуација, какво ти е искуство со болеста, лекарствата, односот на лекарите итн.
Искрено не паметам кога сум посетувал болница во мојов живот. Како прв пат да сум дошол и да не беше татко ми ја поима немав каде се треба да одам.
Во вторникот давав крв, резултарите горе доле добри.
Во четвртокот правев ренген снимка на бели дробови, плуќа и резултатите добри. Исто правев тест за ковид па во текот на денот чекам резултати. За Ковид тестот одвај некако успеав да се разберам бидејќи е хаос во болница од многу пациенти цело време, гужви и ретко кој доктор може добро се да ти објасни и да ти се посфети само на тебе.
Се чека пред врата на студеново време а дојден и се многу пациенти порано за да успеат да фатат ред. Докториве се само влези излези на секој да му објаснат да му прегледаат упати, мерење температура, сатурација..
Апчиња пијам сите тие витамини Ц, Д..Сумамед и други ко веќе не ги ни паметам по име. Куп пари за витамини и апчиња. Јас сум од вчера и денеска добро со одвреме на време малку кашлање и понекогаш носот се затнува.
Искрено на никој не би му посакал ова ама каква ни е ситуацијава страшно е што скоро сите нема да ги поштеди вирусов.