Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
Среќна на сите, се' најдобро во новата година!
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
http://off.net.mk/lokalno/razno/novogodishna-chestitka

Новогодишна честитка

31 Декември 2016 - 19:47

Денес е првиот ден, почеток.
Ви посакувам да не ве боли тоа што ве болело, а да ве сака тоа што не ве сакало.

Посакувам децата да ви бидат подобри од вас, повеќе вие од нив да се фалите отколку тие од вас.

Ви посакувам добро да ве служат нозете, на нив да минете поголем дел од новата година, да имате повеќе работа отколку време.

Ви посакувам да бидете попотребни на други отколку тие вам.

Да посакувате и можете повеќе отколку што треба, а она што ќе прелие да го поделите со оние кои не можат како вас.

Не земајте многу повеќе отколку што давате.

Мислите на оние на кои ќе мораат да им го земат она што вам ќе ви го дадат.

Ви посакувам да добиете стан ако го немате и да умеете да се радувате ако го имате.

Она што го имате да не биде помало од она што го немате.

На крај, ви посакувам оваа година да има повеќе среќа со вас отколку претходната.

Душко Радовиќ
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Врне ли снег многу во Скопје ? Како е во другиве градови ? Овде во Тетово ги обели тротоарите и крововите од зградите и куќите.

Сеуште врне снег не престанува. Нема, нема и кога доаѓа снегот доаѓа јако. Ич не го сакам во градови затоа што ако натрупа јако после неколку дена се раскашува и почнува калови, али добредојден е за да го исчисти загадениот воздух.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Христос се роди.Честит и благословен Божиќ.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Не е нити телевизија со национална фрекфенција, кабелска нити сателитска зтоа тука ќе прашам
Кој го работи ова чудо ?
http://mkpredavatel.com/prvatv-mkd/

Гледам даваат филм со македонски превод.
 
Transporter

Активен Член
521
222
43
Некој шо сака НТВ.мк да биде хаха Доста јалов обид очигледно :)

Веќе ми пишаа како емитувам на фејсбук и мкпредавател, па дури има предлог за соработка, ама кој е точно не знам, додуша користиме ист стрим хаха :) Осхудација
 
Стефан

Нов Член
1,302
0
0
M@RKO напиша:
Не е нити телевизија со национална фрекфенција, кабелска нити сателитска зтоа тука ќе прашам
Кој го работи ова чудо ?
http://mkpredavatel.com/prvatv-mkd/

Гледам даваат филм со македонски превод.
Марко, каналот е релативно нов и иако се нуди кај мене, немам многу информации.
Претходната НТВ, односно НационалнаТВ ми беше пишала после изборите, некаде во месец Декември да ја остранам, бидејќи не нудеше повеќе стрим, но откако извршив преглед, видов дека на нивниот стрим, оди некој нов канал, па го превземав логото и извршив соодветна замена.

Transporter напиша:
Некој шо сака НТВ.мк да биде хаха Доста јалов обид очигледно :)

Веќе ми пишаа како емитувам на фејсбук и мкпредавател, па дури има предлог за соработка, ама кој е точно не знам, додуша користиме ист стрим хаха :) Осхудација
Види, тебе стримови ти хакираат, мене facebook профили, знаеш како е, убаво си рече, осхудација е, скапо е свој профил / стрим да се направи. :ehh:
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Добра идеа е ова со интернет телевизијава ама колку ќе опстои е знак прашалник затоа што кој и да го работи или работат ако не им е главната работна позиција ова за плата во животот туку им е нешто како хоби занимација во слободно време нема да опстои.
 
Стефан

Нов Член
1,302
0
0
M@RKO напиша:
Добра идеа е ова со интернет телевизијава ама колку ќе опстои е знак прашалник затоа што кој и да го работи или работат ако не им е главната работна позиција ова за плата во животот туку им е нешто како хоби занимација во слободно време нема да опстои.
Па ни мене сајтот мој не ми е работна позиција, па еве веќе шест и пол години го одржувам, а го почнав од хоби ...
Нека трае и со среќа нека му е / им е.
Еве веќе којзнае колку време има и други две интернет телевизии (Х1 и Бокс) па си тераат, овој Прва туку што почна...
 
Transporter

Активен Член
521
222
43
Донекаде се согласувам со Марко дека е тешко да опстои ако нема добар прилив, но ако не се проба нема да знае. Јас со НТВ.мк се пробав и видов дека тешко оди и затоа терам меѓуформат. Нека му е со среќа, ќе видиме шо ќе биде на крајот. Вака фина програма нуди, колку шо видов, му фали распоред едино и евентуално премотување.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Стефан напиша:
Па ни мене сајтот мој не ми е работна позиција, па еве веќе шест и пол години го одржувам, а го почнав од хоби ...
Нека трае и со среќа нека му е / им е.
Еве веќе којзнае колку време има и други две интернет телевизии (Х1 и Бокс) па си тераат, овој Прва туку што почна...
Друго е сајт, друго е телевизија. Телевизија си бара секојдневно да се посветиш на тоа. Сај одвреме навреме или еднаш месечно ако не ти е за вести ќе го средуваш.

Плус реткост е да работиш нешто и да ти успее кога си сам посветен на тоа, си бара тим поготово за работање со медиуми било да е телевизија, списание, портал, весник па макар и е сето тоа на интернет од хоби почнато со мала гледаност/читаност/посетеност.
 
Се сложувам овде во целост. :)
Јас со моите ограничени временски можности, го немам многу чепнато во последно време мојот сајт. Но претпоставувам еден ден некој од информативните сајтови да не објавни нешто, отиде возот што се вели ...
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Ај што го зел името од српската Прва телевизија туку и шпици направил некоја своја со сличен слоган и го залепил истиот женски глас од српската Прва на кој се слуша МОЈА ПРВА а он во слоганот плус додал МОЈА ЕДИНСТВЕНА.

Барем ако нешто прави нека го направи свое а не да краде работи од друга телевизија.

Плус за се тоа што емитува треба да плати а не верувам дека има пари за сета таа програма од филмив и серии макар и била од 43-та. Да има пари тоа не би го направил ефтино со лоша слика, со стрим на кој пишува друго име.
 
Реков, не коментирам дали превзема или не, но сепак со среќа не му е или нека им е.
Кога можат националниве телевизии да крадат од други телевизии, вакви детски канали на интернет се нула во споредба со вистински национални канали.
А за плаќање или не, ма не ме зезај, до вчера имаше две, ова е трет интернет канал што работат на ист принцип. А и гарант тоа што го нуди е симнато од замунда или некој таков сајт и само додаден и превод што се наоѓа на нет. Реков, ако не го прави некој играјќи се телевизија, тогаш тоа сите дома сами ќе си го направат.
А во однос на стримот, извршија промена и сега си имаат свој, претпоставувам или читаат што пишуваме (што е малку можно) или пак од НТВ поранешната поработиле на случајот некако.
 
Transporter

Активен Член
521
222
43
Мислам дека непотребно се прошири темава, односно се злоупотреби со популаризација на нешто што е очигледно приватен обид за нешто. НТВ.мк не реагирала ништо освен да се избрише стримот што почнаа да го користат од т.н Прва, а порано беше „Мој“ (бидејќи стримовите се привремени трајл од 30 дена и се обновуваат секои 30 со потврда на мејл) Не е важно како и да е, кој шо сака нека си праи. Нема потреба да се одвојува толку време и простор на овој форум за нечиви проекти лични. На крајот од денот секој поединечно бира што да гледа. Апелирам до модераторите да интервенираат на непотребното промовирање (спам). ДА продолжиме на други теми, на пример што очекувате да донесат нашиве телевизии у следниот период или што мислите за глобалното затоплување (на пример). Дајте нешто интересно, не муабети за некој тотално небитен лик шо изиграва некаква небитна телевизија.
 
Top