Вака сега, на тој сајт и јас бев админ и не може да се ставаат видеа само на едно место затоа што на сајтот имаш секакви филмови, серии кои не можат на иста страна да се уплоадираат ... почнавме од јутјуб каде сега не може никаква серија да се уплоадира, од јутјуб преминавме на ВКОНТАКТЕ руската но и таму не блокираа (видеата не ги бришаат но на СО ПРЕВОД не можеа да се гледаат), со помош на еден плагин успеавме да пуштаме на сајтот да се гледаат видеата од ВК но и тоа за кратко затоа што плагинот повеќе не постои, од ВК преминавме на друга руска која сеуште работи за некои видеа но и таму не е сигурно... и замислете на сајтот има илјадници видеа кои требаше едно по едно да се менуваат кодовите а ние бевме 3/4 кои сепак имавме и ние други обврски ... сега незнам моментално колку поставуваат на сајтот ама гледам ставаат и на страни како OPENLOAD, STREAMIN, кои се за неколку дена и треба се менување...SomebodyUnique напиша:Ја користам странава понекогаш за од на ТВ да гледам и не ми отвараше некои серии ама сега отвара. Ќе ви сугерирав за да поставувате видеа да се гледаат само преку еден плеер.najubav напиша:Јас сум еден од членовите што поставува на тој сајт. Кажи што треба?
Друже ако сакаш може да стават некое батонче за кога ќе кликнеш дома пица да ти носат.... ај те молам не заебавај сите тие детали терај си ги на Wikipedia или IMDb ... СО ПРЕВОД требаше да биде страна само за турски серии ама благодарение на мене почнавме и други серии, филмови, анимирани, концерти да уплоадираме така да биди благодарен и тоа што го има...пс јас лого на видеата не ставав ама знам дека другите ставаа така да уживиM@RKO напиша:Исто така треба да се направи на тој сај мал апдејт на дизајнот и на повеќето функции. Да секоја серија, емисија, анимирани серии и филмови обавезно да имаат кратка содржина детали од која година е, кој се актерите, синхронизаторите, каде е емитувана серијата, анимираната серија и најважното форматот и квалитетот на видеото какво е снимено, колку е големината во МБ/ ГБ и во времетраење дека не секој има добар интернет па битно ќе му е колку ќе потроши гледајќи го видеото. Долоку имате живци за тоа, во секое видео би било добро да го ставате логото во некоја анимирана форма залепено на самото видео за да некој и да посака да го симне видеото па да го прикачи некаде на друг сајт за видео или торент сајт остане рекламата залепена на самото видео да сепак некако примами луѓе да дојдат на soprevod.com сајтот. Исто така треба да се ограничи бројот на видеа за гледање без регистрација а ако се регистрира некој да му се отовор целосната листа на видео материјал па можеби така ќе имате увид кој и колку го посетува и ги гледа видеата. Вака како што е сега за што служи таа регистрација на сајтов ?
Јас сум член а мислам дека има и уште некој од форумов.aleksCASKA напиша:Има ли некој од членовите што се на форумов да е дел од тракермк?
Имам проблеми со најавувањето и не знам како да ги решам.
Ја го работам, уште го барам вистинскиот концепт кој ќе привлече доволно внимание и публика. Стриминг 24 часовен не е во план и не е исплатливо, но во план е креирање на видео-он деманд сервис и лајв стриминг на специјални настани (како што имаше преноси од пресовите на партиите и ДИК за време на избориве). Фала ти на пофалбите, секој треба да сфати дека визуелниот изглед не зависи од финансиите туку од желбата и заложбите околу тоа прашање, вистински пример е и НТВ.мк, а имај во предвид дека уште не е комплетиран дизајнот. Следи ја нтв.мк на http://facebook.com/ntvmk.M@RKO напиша:Знае некој кој го работи оној сајт ntv.mk ? Знам дека едно време тука на форумов имаше тема за тој сајт.
Сакам да ги пофалам изгледа одлично и визуелно а и самата замисла на сајтот. Денес постои на јутјуб пренос во живо т.е лајв стримување а постојат и доста бесплатни програми со кој може да се вршат тие стримувања. Ова би било одличен потег да се направи 24 часовна интернет телевизија со оглед на тоа дека интернетот во денешно време е доста популарна опција за гледање телевизија.