Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
^
Ама Дани тие телевизии користатат национална концесија. Да, во право си, можат слободно да подржат одредена политичка партија, да дадат критика кон одредени политики, да застапуваат одредена идеологија (која не треба да биде радикална или екстремна). Но извртување, спинување на информации, ширење говор на омраза, лов на вештерки... Тоа во ниедна земја-членка на ЕУ го нема. И наместо секојдневно да објавувате гледаност за тоа која серија е најгледана, колку другите серии се негледани за кој добар дел од форумот верувам дека не ги интересира, не би било лошо некогаш да објавите колку се гледани вестите, дали воопшто се гледани, на која телевизија, дали се гледаат Топ Тема, Оливера и слични дебатни емисии.

А тоа дека ако би се променила владеачката структура и дека се' би останало исто дури и полошо, па владеачката структура моментално живее за вакви мислења, таа изминативе година-две упорно се обидува да се прикаже дека таа е помало зло од другата опција. И претходните влади на СДСМ и ДПМНЕ правеле срања, но знаеле која е границата на нормалност. Еве пример претходната структира токму поради аферата Бачило ги загуби изборите (а тоа беше пред 10 fuckin' години) Сум кажал и претходно на некој форум еве и овде ќе кажам опозицијата е во страшно доцнење. За протести требаше да мисли уште од првите срања кои ги направи владеачката структура уште пред 8-9 години. Требаше да дојдеме до ова дереџе за и самата опозиција да се освести. Што се однесува за политиките кои ги промовира другата страна, јас пример еве не гледам никаква сличност со овие од владеачката партија. Прашањето дали нивниот предлог за воведување на прогресивен данок би ја намалила сиромаштијата може да биде предмет на дискусија. Од моја гледна точка тој предлог е добар, но не смее да се иде во крајност. Еве околу националната програма за развој на образование 2005-2015 која ја разгледувавме минатата година во една невладина. Таа програма донесена пред 11 години важела за една од најдобрите во југоисточна Европа оценета според ЕК, додека власта со нејзините таканаречени проекти како од инает да одела контра таа програма. Но да се вратам на главното, луѓето од опозицијата за овие политики коишто моментално се залагаат мора да бидат тешки пациенти за да одат контра своите цели, затоа што и самите знаат дека така нема никогаш да започнеме со претпристапните преговори со ЕУ. Ако не дај Боже тоа се случи повторно би излегол на протест како што тоа го направив изминатава недела во Скопје и вчера во Куманово.

А околу тоа што би ја чекало идната владеачка структура, е тоа да, ретко кој би сакал да се најде во нивна кожа, дури и да го имаат најстручниот кадар. Несомнено е дека ќе мора да се намалат платите и пензиите, дека државата ќе мора да превземе тешки и болни мерки за штедење. Од тоа пример највеќе би биле погодени моите родители, татко ми 25 години работи во државна администрација, мајка ми во регионална организација финансирана од повеќе општини. Еве во Србија тоа се случи но таму исто како и кај нас спроведуваат еден тежок популизам, сепак имај во предвид дека таму јавниот долг беше неспоредливо помал од нашиот. Но, ни на крај памет не ми текнало да гласам за овие ненормални луѓе на чело со Мијалков и Груевски. Со самиот факт дека Мијалков важи за еден од најопасните и најмоќните луѓе во регионот доволно говори за нас. Но сепак неопходно е да дојде до конечно отрезнување, па и под цена во такви услови, еве и во Грција се бунеа, но изминативе месеци изгледа конечно се свестија и соочија со реалноста. Единствено ме плаши тогаш во ВМРО да не дојдат уште поненормални луѓе кои ќе ја свртат партијата радикално десно, но ајде тоа е најлошото сценарио.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Христос Воскресна! За многу години Велигден,православни христијани!
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Навистина Воскресна!

Честит Велигден на сите православни, етиописки и сите останати христијани кои денес го слават Воскресението Христово!
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Навистина Воскресна!
За многу години, среќни празнични денови на сите!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,105
113
Ајде со малку закаснување нека ни е среќен празникот.

Христос воскресе !
 

Hook'O

Добро-Познат Член
1,431
61
48
Знае некој понуди од ВИП за интернет за мобилен на ограничен период? Месец дена или помалку? Ме интересираат цените и како се активира.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
На новиот сајт тешко можеш да се снајдеш за тоа. Пред некој ден барав за припејд, ништо не најдов.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,105
113
Некој игра ли Pokemon Go ? Гледам доста била заразна игра и луди биле луѓево низ цел свет за таа игра на мобилен.
Мене ми е некако дебилна играва. Да го шеташ цел град да трчаш за само да фаќаш виртуелни животинчиња и тоа све летово на топлово. Те гледаат оние постари луѓе како мрднат бидејчи везе си немаат што ти правиш со мобилниот.

Гледам ја нема на google play за Android кога пребарував преку мобилниот но вака на компјутер или лаптоп ја наоѓа ако ја побарам преку google.com
https://play.google.com/store/apps/deta ... ongo&hl=en

Но може да се симне и како apk за Андроид неофицијално од google play store па после сами да ја инсталирате
https://apkpure.com/pok%C3%A9mon-go/com ... .pokemongo

Сега би било интересно некоја од нашиве телевизии Сител, Канал 5, Телма или Алфа да ја репризира Покемон ако воопшто ја има некаде зачувана А1 па да ја откупат.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Јас ја инсталирав, а знам и доста други луѓе што ја имат.
Прилично е заразна искрено. Чисто за забава. Вклучен си на играта со интернет секако и ти детектира дали имаш покемони во близина и ги ловиш, некои потешко некои полесно. И така одиш се погоре во играта. Баш денес ја ставив па ќе видеме како ќе оди, дека не сум ја научил баш.
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
И јас исто ама брате мили како ја троши батеријата таа игра. :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,105
113
Етичките хакери предупредуваат: Додека ловите на Pokemon Go, Niantic ви собира милиони лични податоци.
http://vesti.mk/read/news/9757508/34554 ... i-podatoci

Но сепак мое мислење е дека денес од се што на интернет има регистрација и логирање може или пак ти земаат лични податоци и со нив самиоте компании може да си заработуваат. Ако заработуваат они што уствари имаат корист од тоа освен пари ? Мене ли нешто со ова сакаат да ми наштетат? Како ќе ми наштетат ? Не разбирам воопшто.
 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Да не барам по нет, ќе сака некој кратко да објасни што е финтава со ова бркање на Покемони? :haha:
Гледам и некој настан во Скопје има за тоа, ама не знам што е работата.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,105
113
После од кога ќе собереш неколку покемни мислам дека можеш да правиш борба со покемоните. Kaко се прави тоа и дали борбата е помеѓу твојот покемон и покемонот на некој друг пријател што ја игра играва не знам затоа што ја немам играно. Ова имам нешто видено видео ама пак ништо не разбирам и јас.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
najubav напиша:
Јас сум еден од членовите што поставува на тој сајт. Кажи што треба?
Ја користам странава понекогаш за од на ТВ да гледам и не ми отвараше некои серии ама сега отвара. Ќе ви сугерирав за да поставувате видеа да се гледаат само преку еден плеер.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Мене на некои видеа ми пишуваше дека треба да се најавам за да гледам :neznam:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,105
113
najubav напиша:
SomebodyUnique напиша:
Има некој вмешан од тука во ажурирањето на soprevod.com?[/quot

Јас сум еден од членовите што поставува на тој сајт. Кажи што треба?
Mислам дека треба некој да почне да ги снима анимираните сихронизирани филмови кој Телма ги прикажува. Јас искрено да имам време како порано би ги снимал со задоволство и би ви помогнал околу тоа бидејќи обожавател сум на анимирани и цртани филмови иако веќе имам 26 години но детето во мене сеуште живее :)

Исто така треба да се направи на тој сај мал апдејт на дизајнот и на повеќето функции. Да секоја серија, емисија, анимирани серии и филмови обавезно да имаат кратка содржина детали од која година е, кој се актерите, синхронизаторите, каде е емитувана серијата, анимираната серија и најважното форматот и квалитетот на видеото какво е снимено, колку е големината во МБ/ ГБ и во времетраење дека не секој има добар интернет па битно ќе му е колку ќе потроши гледајќи го видеото. Долоку имате живци за тоа, во секое видео би било добро да го ставате логото во некоја анимирана форма залепено на самото видео за да некој и да посака да го симне видеото па да го прикачи некаде на друг сајт за видео или торент сајт остане рекламата залепена на самото видео да сепак некако примами луѓе да дојдат на soprevod.com сајтот. Исто така треба да се ограничи бројот на видеа за гледање без регистрација а ако се регистрира некој да му се отовор целосната листа на видео материјал па можеби така ќе имате увид кој и колку го посетува и ги гледа видеата. Вака како што е сега за што служи таа регистрација на сајтов ?
 
Top