Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Darth Vader напиша:
Постарите кои не знаат англиски не знаат ни за Нетфликс, така да преводот никаква улога нема тука.
Значи сега ќе се исплати купување на PlayStation 3.

Видео игри, филмови од DVD или BluRay дискови, музика од CD или DVD или BluRay дискови или од USB меморија, а од сега и Нетфликс.

А бидејќи PlayStation 3 може да се поврзе и со обичен телевизор преку SCART кабел и со LCD или плазма телевизор исто така преку SCART кабел или преку HDMI кабел, инвестицијата ќе биде и тоа како само исплатлива.

Но несомнено и Македонски Телеком експресно ќе го направи достапен Нетфликс за корисниците на MaxTV како што веќе го направи достапен и PickBox, со дополнителна претплата, се разбира.

Хехе, тек допрва што не` чека - маркетиншка пропаганда од мобилните телекомуникациски оператори за телефони и/или таблет компјутери со однапред инсталиран Нетфликс, а можеби и неколку месеци бесплатен промотивен период за тие кои ќе потпишат нов обврзувачки договор на 1 или 2 години.

Ако Нетфликс стане секојдневие во Македонија, можеби конечно ќе дочекаме Македонски Телеком да ги намали цените на месечните претплати за корисниците на MaxTV, дај Боже.

Честит Божиќ !!!

Христос се роди !!!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
За Нетфликс отворив тема во делот за компјутери. Мислам дека добро ќе е таму да си се разговорите за тоа.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Поврзав интернет на телевизорот и сега ме интересира дали можам да гледам преку интернет некои балкански канали: Пинк, Прва, Хајат... Декстер?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Може само треба да најдеш некаде добри стримови линкови и програма за гледање (Кodi или не знам кој други ги има) се инсталира на смарт телевизорот и таму некако се става листата со канали.

Немам смарт телевизор и не знам точно како оди тоа затоа Декстер или некој кој знае нека ти објасни точно како се мести и што се треба за да се гледа тв преку интерет на смарт телевизор.

Иначе тешко дека ќе најдеш линкови од балканскиве канали, а тие што имаат линкови не ги даваат на други.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
SomebodyUnique напиша:
Поврзав интернет на телевизорот и сега ме интересира дали можам да гледам преку интернет некои балкански канали: Пинк, Прва, Хајат... Декстер?
За тоа најдобро е да се консултираш на форумот на Кајгана, имаат цела тема за Интернет телевизија.

http://forum.kajgana.com/threads/Интернет-радио-и-телевизија-стримови-прашања-генерална-дискусија.41855/

Во спомен на покојниот Алан Рикман, кој почина вчера, четврток, 14 јануари 2016, искрен трејлер на првиот американски филм во кој Рикман има глумено и преку кој се прослави како главниот негативец Ханс Грубер, Умри машки.

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:

 

hakuna_matata

Активен Член
840
77
28
Здраво,
Сакам да започнам да работам монодрама со една актерка, авторот на делото кое сакам да го работиме е умрен во 2006, па ме интересира дали треба да плаќам авторски права на авторот или семејството и како се одвива таа работа со авторски права.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Па, веројатно да, треба да платеш одредена сума затоа што ти треба одобрение за добивање на тие авторски права, доколку таа монодрама се изведува јавно (тв, театар) а ако ти е за испит и слично не би требало. Но зависи и од семејството, можеби нема да ти бараат надомесотк. Среќно!
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Година дена по смртта на 9 годишната Тамара Димовска, родителите на децата кои боледуваат од сколиоза и понатаму се оставени на милост и немилост на околностите, а единствен спас за своите деца наоѓаат во приватните донации.

Очигледно самопрогласениот менаџер кој ја загрева министерската фотеља во министерството за здравство, сеуште е презафатен со штедење пари, додека болните умираат поради недостиг на терапија, лекови, или уште полошо, поради неточна дијагноза.

http://www.24vesti.com.mk/dva-novi-sluchai-kako-malata-tamara

Два нови случаи како малата Тамара

09.02.2016 | 16:44

Ханета Салиу има 11 години и боледува од сколиоза. Ја има истата дијагноза како и малата Тамара која пред една година почина чекајќи ја помошта од институциите. За животот на Ханета смртно е исплашен нејзиниот татко. Тој стравува дека ажурноста на институциите ќе потфрлат и нема да ги добие средствата за третата операција на своето чедо. Од Фондот не неколкупати бил одбиен со образложение дека станувало збор за вродена мана.



Ханета на операција во Анкара треба да замине за две недели и дотогаш во својот дом во скопско Нерези секојдневно прави третмани како подготовка за операцијата. Според турските лекари девојчето мора да го направи хирушкиот зафат годинава бидејќи постои ризик засекогаш да остане неподвижна. Во Турција Ханета досега имала две операции. Едната на колкот, а другата на оштетен нерв, сега турските лекари треба да ги оперираат ‘рбетните пршлени.

Со истиот проблем - искривување на ‘рбетот се соочува и малата Ивана Прочкова од Богданци. Операцијата на 9-годишната Ивана чини 50 000 евра и треба да се направи во Неустад Германија. Семејството на малата Ивана бидејќи не е во состојба само да ги собере потребните средства отвори број за донации.

Од Фондот за здравство одговорија дека и за двата случаи нема добиено конзилијарно мислење и затоа се закажани прегледи во петок на Универзитетската клиника на ортопедија каде лекарите ќе го дадат својот наод и стручно мислење. И во двата случаи од Фондот соопштуват дека родителите немаат поднесено барање за лекување во странство и доколку ги поднесат потребните документи Фондот максимално брзо ќе одговори доколку лекувањата се конзилијарно потврдени со соодветните клиники и во согласнот со законските прописи.

http://www.dailymotion.com/video/x3r6lyx_kiki-novi-slucai-kako-tamara-09-02_news

Христина Новевска
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Дали ова и кај нас ќе се случи ? Со оглед дека го имаме и ние HBO Comedy сигурен сум дека ќе има негова замена со HBO 2 и кај нас, но за HBO 3 највеќе ме интересира дали ќе го добиеме и ние .


http://www.hbo.rs/article/hbo-predstavl ... bo-2_52859

Иако пишува на HBO сајтот дека и Cinemax се преведени целосно сепак ги немаме тие канали.


Видов дека и HBO GO кога ќе влезете на регистрацијата има два оператора VIP.ONE и Македонски Телеком но дали е официјално пуштено и може да се регистрираме не знам

hbogo.mk
 

Hook'O

Добро-Познат Член
1,431
61
48
^
Потврдија дека и третиот канал ќе го има кај нас. Само не знам дали ќе зголемат цената на пакетот, или ќе го поделат на два пакета.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Мислам дека нема да делат во пакети само заради еден плус канал. Да беа во прашање сето ова со се Cinemax и сето тоа во HD па ајде да го делат.

Имам видено во Србија на MTS Telekom Srbija ги делат на повеќе пакети

HBO - стандарт двата HBO канали плус видеотеката OD како кај нас на Макс тв Македонски Телеком
HBO + - HBO каналите со се видеотеката OD и GO плус Cinemax 1,2
Cinemax - двата канали
HBO + HD - целосен пакет услуги од HBO во HD

Сепак не се од иста фирма српскиов и нашиот телеком за да споредуваме но се мислам вака ќе направат и кај нас кога ќе ги добиеме Cinemax, GO плус сето тоа и во HD.
 

hakuna_matata

Активен Член
840
77
28
Знае ли некој колку се хонорарите на радио, пример од емисија ли ги плаќаат или на друг начин оди плаќањето ?
 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Re: Kassandra, RCTV|1992

Ќе оди ова на сајт.
Инаку тогаш знам се чудевме како изгледа Кораима со кратка коса, изгледа сите ја очекувавме со долга како Касандра.

Ако порано се излегуваше на собир за ова, денес се оди заради политички гадости само.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Ќе може да ми кажете дали постои некаква можност да ги најдам мјузиклите на Бродвеј? Торент, линк?
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Re: Kassandra, RCTV|1992

Beauty напиша:
Ако порано се излегуваше на собир за ова, денес се оди заради политички гадости само.
Без никаква навреда, но благодарение на такви размислувања, незаинтересираност и пасивност присутни сите овие 20 години се наоѓаме во ситуација каква што сме денес. Фала богу па сеуште има грам надеж за демократска свест кај граѓаните.

А и овие два настана немаат апсолутна никаква врска. И денес луѓето секаде низ светот со задоволство излегуваат да се видат и сликаат со познати личност.
 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Re: Kassandra, RCTV|1992

Се согласувам со кажаното, иако лично мислам дека излегување на протести со цел уништување на веќе направени згради и поставени споменици е вандално и се добива сосема друга димензија. Како што и рече Крис, да не ќе се симне министерката за да ги исчисти? Не, по наш џеб ќе се удри.

На страна, може некаде во Chat да се зборува за тоа, ама таа пасивност и затупеност произлегува и од турските серии и Гранд што се гледаат, кога веќе и се бараат виновници. Не знам дали е само мое мислење, но откако почнаа турски серии, народот мислам дека нагло отупе. Со Касандра и сериите што одеа по неа, се знаеше - или сакаш и гледаш за забава, или не гледаш. Со другиве губат време и не се свесни што се случува околу нив.
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Re: Kassandra, RCTV|1992

Beauty напиша:
Се согласувам со кажаното, иако лично мислам дека излегување на протести со цел уништување на веќе направени згради и поставени споменици е вандално и се добива сосема друга димензија. Како што и рече Крис, да не ќе се симне министерката за да ги исчисти? Не, по наш џеб ќе се удри.
Е сега, тука има неколку делови коишто провладините пропагандни машинерии сакаат да ги прикажат.

Прво, тие објекти се изградени со наши пари пред 5-6 години, без никаква референдумска согласност, а при тоа потрошени се милиони и милиони евра, да не зборувам пак колку милиони се исперени преку незаконските тендери за овој проект. А тоа што Ј.П. Чистота и Зеленило ќе треба да го исчисти е сосема неспорно. Претпријатие кое отсекогаш се финансирало со средства од локалната самоуправа, секако од наши пари нормално, тоа така било и ќе остане.
Второ, на тој "државен имот" не се испишани никакви навредливи пораки, не се шири говор на омраза туку се дава симболична порака, што ни најмалку не претставува вандализам. Всушност, имаме среќа што нашиот народ е така мирен, па не дојде до поголеми инциденти. Истото ова да се случеше во Германија, Грција или Италија (за Англија пак да не зборувам) мислите се овака мирно ќе пројдеше.
Трето тоа што сме дошле до овој степен некој што седи горе во вилата на Водно (да, тој човек кој го направи овој хаос и неред) требаше веднаш да сносеше одговорност и да поднесеше итна оставка, како и сите други функционери вклучени во оваа афера.
И четврто дури и да дојдеше до вистинско уништување на државен имот, дали тоа е пострашно од животот на сите Тамари, Мартиновци, сите родилки кои го загубија животот, животите на нашите полицајци кои за бившиот премиер и бившата министерка не значеа ни малку минатата година на 9-ти мај? Дали тоа е поголема штета од сите зголемени даночни оптоварувања на граѓаните, од сите задолжувања изминативе години, долг кој што во иднина ќе падне на наш товар и на товар на нашите деца?

А за сапуниците, реалните шоуа и други програми, тоа си е друго, но точно и тоа има голем удел посебно кај нас. Основната функција на медуимите кои користат национална концесија е да информираат точно, објективно, непристрасно, но и критички секако. Забавниот програм си е нивен избор, тука нема дискусија.

Нека се префрлат мислењата во Chat, но нека не се бришат.
 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Основна функција за таков вид на информирање е на државната телевизија, од каде тоа и дека приватните треба така да информираат? Приватни медиуми се, газдите може да прават што сакаат.

Дури и да се промени постоечката владина структура, не верувам дека може да дојдат подобри времиња. Ниедна друга политичка партија која претендира за такво нешто не нуди буквално ништо, освен желба да се смени власта. Останува само желбата на граѓаните за подобар живот. Не знам што не се најде некој паметен со програма што подразбира како ќе се подобри тоа од сите аспекти, економски, социјален, културен?
 
Top