^
Синусите имаат врска со сетилото за мирис, а јазикот има врска со сетилото за вкус, а без овие 2 сетила, луѓето не можат да проценат дали нешто им се допаѓа или не.
Кога сме кај газираните пијалоци, и јас не сум некој голем љубител на истите, многу ретко пијам Швепс, не помнам кога досега од почетокот на 2013 година па наваму сум пиел Швепс, но дефинитивно многу повеќе преферирам Кокта отколку било кој пијалок кој во своето име го содржи изразот Кола, иако Скопска Пивара од пред некој ден доби второ по ред признание после 5 години од страна на Кока Кола за производство на најдобрата Кока Кола во светот, сепак не сум некој голем обожавател на тие пијалоци.
Не сум некој голем обожавател ниту на Кокта, но дефинитивно ја сметам за понормален газиран пијалок во споредба со таканаречените "лесни" варијанти на Кока Кола, на Пепси и на не знам кои други Коли. Во последно време до толку ми е дојдено преку глава од Кола пијалоците, што доколку отидам некаде на гости, или ми дојдат гости, ако за пиење има некаков Кола пијалок, ќе додадам шеќер за да се дегазира пијалокот бидејќи не можам да го поднесам.
Пивото си е посебна приказна, првите рецепти за пиво се појавиле 9500 години пред новата ера, односно пред повеќе од 11500 години, не е така лесно за комерцијализација и за уништување на формулата за производство на пиво со цел остварување на што е можно поголем профит, како што тоа го прават кај газираните пијалоци како што се Кола пијалоците, за кои не ни знаеме што содржат, производителите на Кола пијалоците тврдат дека нивните пијалоци се здрави за консумирање, а не кажуваат што содржат бидејќи тоа е нивна индустриска тајна, е ајде на ова најди му НЗС.
А пивото се добива претежно од јачмен и од хмељ, нема индустриски тајни, освен ако пивото е произведено од генетички модифициран јачмен и/или од генетички модифициран хмељ, нешто такво може да се чува како индустриска тајна, но истовремено е и штетно по здравјето на потрошувачите, поради што мора да биде објавено во декларацијата на самиот производ, за доброто на потрошувачите.