4 успешни мажи и жени навистина било за Бекстејџ.
http://tvpaket.com.mk/component/search/ ... temid=9999
http://www.youtube.com/watch?v=bYIM70eH ... ture=g-u-u
Се фалат како да направиле којзнае што, реалноста е дека служеа за пополнување време, цело време им го менуваа терминот во согласност со други програми кои повеќе ги вреднуваа.
Ќе ми беше мака ако вредеа нешто, ама ништо не постигнаа. Имаше неколку бранови во јавноста кои ги предизвика нивната омраза, на пример тоа со Калиопи и Ноне.
Потонати беа во нивниот медиокритет, и границите кои ги исцрта А1 Ексклузив.
Не знам која беше причината што не оставија некој поголем впечаток, можеби краткото време кое им го даваат секој ден, ама ни овие и ексклузив воопшто не се неопходни во програмата на телевизија. Не нудат никакви содржини, репортажите и промотивните интервјуа НЕ СЕ ЗАБАВНА СОДРЖИНА.
Знам дека не се првично наменети за оригинална забавна содржина, ама вести од светот на естрадата не се тема која заслужува некоја посебна пофалба која во случајов сами си ја изнудуваат.
Ќе беа успешни и ќе можеа да се пофалат како такви ако покренеа некоја иницијатива која завршила со успех, ако имаа некоја позитивна кампања. Ама не ми доаѓаат на памет некои позитивни сеќавања од бекстејџ. Единствено беа активни со одржување на некоја навивачка атмосфера за време на првенствата за кошарка и ракомет кои дискутабилно е колку беа позитивни.